Облачно со дожд, на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

УХМР најавува снег и во Скопската Котлина


 Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на […]

(Видео) Затрупани туристи во пакистанско зимувалиште, загинаа 21 лице


  Најмалку 21 лице загина во близина на пакистанско планинско зимувалиште откако обилни снежни наноси денеска затрупаа илјадници туристи на патиштата. „Починаа најмалку 21 лице меѓу кои и жени и деца“, објави спасувачката канцеларија од планинското зимувалиште „Мури“ во сабота. Дестици илјади туристи биле на одмор во овој туристички центарм кој е еден од најпосетуваните […]

Обилен снег во Токио, откажани над 100 летови


Јапонија– Снег го прекри Токио денеска по што беа откажани над 100 авионски летови, а метеоролошката агенција го издаде првото предупредување за обилен снег во градот во изминатите четири години. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека до 10 сантиметри снег може да паднат во период од 12 часа. JMA издаде предупредување за обилен снег за областа […]

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж  


САД– На сенаторот Тим Кејн кој живее во Ричмонд, му требале 27 часови да стигне на работа во Конгресот во Вашингтон, откако ноќеска заглави во повеќекилометарска колона на автопат во Вирџинија, предизвикана од судир на камиони, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Сенаторот – демократ растојанието од Ричмонд до Вашингтон обично го поминувал за два […]

Најмногу снег утрово на Попова Шапка, најстудено во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово


Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 25 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – пет сантиметри. Најстудено утрово било во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово со измерени минус три степени Целзиусови и во Штип и Струмица со измерени минус два степени. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени […]

(Видео) До 40 см снег во делови од Америка


  Зимската бура која во понеделникот со силни снежни врнежи и силен ветар зафати делови од источниот брег на САД, донесе и до 40 ссм снег. Поради тоа сојузните служби и училиштата сопреа со работа, а дојде и до одлагање на летови и исклучување струја за голем број домаќинства. Нацуоналната метеоролошка служба најави 12 до […]

Најстудено во Тетово, Берово и Петровец, Скопско, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово во 7:00 часот најниски температури од -3 степени се измерени во скопски Петровец, Тетово и во Берово. Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, -1 во Штип и Попова Шапка, 0 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Крива Паланка, Лазарополе, 1 Претор, Куманово, 2 Виница, Маврови Анови, Крушево, 3 Охрид, 5 Гевгелија, Дојран, Дебар. Како […]

Снежната бура го „зароби“ Бајден во авионот


  Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска беше завеан 30 минути во авионот во Вашингтон, поради снежната бура која го зафати главниот град. Бајден се врати во Вашингтон со претседателскиот авион, а излезе од него дури откако персоналот со маки дотурка скали до авионот, поради наврнатиот снег, пишува Индепендент. Камионот ги туркаше скалите со помош […]

Омикрон и снегот го одложија продолжението на учебната година во САД


Во многу училишта ширум САД е одложен почетокот на наставата, додека образовните институции се обидуваат да спроведат тестирање за учениците, и во краен случај се подготвуваат да се вратат на онлајн часови. Исто така, снежното невреме придонесе за одложување на почетокот на вториот дел од учебната година во Вашингтон и околината, јави вечерва Гласот на Америка. Сето ова се случува во време кога во целата […]

Вашингтон парализиран од снег


Вашингтон го погоди силно невреме при што снежна бура го парализираше главниот град на САД. Според официјалните податоци, наврнале само 17 сантиметри снег, но тоа го отежнува сообраќајот. Температурите се движат од минус седум до два Целзиусови степени. Ова е прва снежна бура во градот во 2022 година. Силната снежна бура, која вчера почна во Америка и остави […]

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица 


Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење […]

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено утрово во Битола и Берово


Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – девет сантиметри. Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус два степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус […]

Силно невреме и снег во Калифорнија, затворен дел од аеродромот во Лос Анџелес


САД – За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена. Затворени се 112 километри од меѓународниот автопат 80 од Колфакс, Калифорнија, до областа на езерото Тахо на границата со Невада. […]

Поради голем снег се откажуваат летови во Јапонија


Повеќе од 100 домашни патнички летови во Јапонија се откажани поради обилни врнежи од снег, соопштија две јапонски авио-компанија. Компанијата АНА Холдингс откажа 77 летови со што се погодени 5.100 патници, рече Јутака Китахара, оперативен директор на компанијата. „Со оглед на временските прилики на североистокот на Јапонија кои и понатаму се неповолни, можни се дополнителни […]

Обилниот снег ги врати посетителите на Голак


Обилниот снег кој изминатата недела непрекинато паѓаше на планината Голак, викендов ги измами посетителите да се искачат на делчевската планинска убавица и со своите најмали да уживаат во снежната белина која отсуствуваше во градот. Според дел од граѓаните, добро е што поради проодноста на патот Делчево – Голак им било овозможено да уживаат во снегот. […]

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, […]

Сè уште тешко проодни патиштата до повеќе села во кичевско


Изминува и петтиот ден откако снежно невреме го зафати регионот на Кичево и кичевијата а сè уште не се целосно проодни патиштата до селата во Рабетинска Река, дел Беличка река и Копачијата. Покрај проблемот со патиштата, жителите на село Малкоец сè уште немаат електрично напојување, додека останатите села кои пред 3-4 дена ги имаа истите проблеми добија електрична струја. […]

Сè уште има забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар


Од 6.30 часот на патниот правец Маврово – Дебар кај с.Косоврасти сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција […]

Десетина села во Кичевско сè уште без електрично напојување


Снегот кој во саботата наврна во земјава им создаде многу неприлики на селаните од повеќето рурални средини во Кичевско, бидејќи дел од селата имаат тешко проодни патишта, а десетина села останаа без електрично напојување три и повеќе дена. И покрај интензивната акција што ја спроведе ЕВН, сепак поради тешко пристапниот терен и непроодните патишта сè […]