Следува влажен и студен бран со снег и голомразица


Под влијание на влажен и студен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се прошират и во останатите делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а […]

Во Маврови Анови измерени минус 12 степени, на Попова Шапка има 32 сантиметри снег


Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени,  како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9.  Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата,  -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип […]

Од четврток постудено и снег


До четврток попладне времето ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе […]

Снег со слаб интензитет во Крушево, Железнец и на Пресека


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Железнец и на планинскиот превој Пресека, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема […]

Од петок влажен бран со врнежи од снег


Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок. Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во […]

Најстудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13


Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1. Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово […]

Над 80 милиони жители на САД погодени од ледена бура и обилни снежни врнежи


Силна зимска бура почна да „сече“ низ делови од југоисточниот дел на САД во неделата, проследена со замрзнат дожд, мраз и снег во градовите и државите кои вообичаено не се соочуваат со такви студени временски предизвици. Зимските временски предупредувања се протегаат низ источниот дел на САД – на 1.400 милји од Мисисипи до Мејн, област […]

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка


Најстудено утрово е во Берово со -11 степени, во Маврови Анови се измерени -10, во Крива Паланка – 8, во Битола, Штип и Попова Шапка -7, во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево – 6, во Охрид – 5, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Претор  – 4 и -3 во Куманово. Нула степени се измерени во […]

Од вторник повторно снег, викендов сончево и студено


Времето утре ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. По Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Во недела времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во […]

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка


Највисока снежна покривка од 68 сантиметри утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со 17 сантиметри Маврови Анови, 14 Ѓуриште, 13 Крушево, 9 Пожаране, 6 Демир Капија, 2 Битола, Прилеп. На Шапка е измерена и најниската темепратура од -16 степени. -12 Маврови Анови, -11 Крушево, -8 Прилеп, Виница, Дебар, -7 Крива Паланка, -6 Охрид, Претор, […]

Врнежи од снег на Плетвар и Буково, помалку на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци


Врнежи од снег утринава има на планинските превои Плетвар и Буково, а со помал интензитет и на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци. Врнежи од снег има и во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово и Крушево. Авто мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Плетвар се уште важи забраната за сообраќај за тешки […]

Најстудено во Маврови Анови, Крушево со најмногу снег


Со -5  степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со  -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три […]

(Галерија) Зимата ги покажа забите


  Некои го посакуваа за новогодишната ноќ, или барем за Божик, но снегот сепак доаѓа на време, додека трае зимскиот распуст за да може да му се израдуваат најмладите. Врнежите во текот на вчерашниот ден во Скопје не беа доволни да се формира снежна покривка, па оние најзагреаните за снежни лудории поитаа кон Водно, или […]

Облачно со повремени врнежи од снег


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален […]

Се чистат од снег булеварите низ Скопје


Екипи од зимската служба на Град Скопје се на терен и активно работат со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението. Тие додаваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, додека другите […]

Забрана за тешки товарни возила на автопатот Миладиновци – Штип – превртено е возило


Поради превртено возило, денеска од 16 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради […]

ЈП „Паркови и зеленило“ апелира: Не паркирајте под дрвја поради снежните врнежи


Од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје апелираат до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвјата со цел да се избегнат несакани последици од нивно паѓање, поради снежните врнежи кои го зафатија градот. -Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да се обратите до Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195 или […]

Снег во западните и северните делови, како и на повисоките места


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. […]

Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево


На патниот правец Гостивар – планински превој Стража -Кичево поради интензивни врнежи од снег во 9.45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ. Поради интензивни врнежи од снег од 9.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Забрана за сообраќај за камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар


Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Како што информира АМСМ,  забраната за сообраќај е воведена во 9:30 часот.