Словенија ќе донесе итен закон поради цените на струјата и гасот, ќе го намали и ДДВ


 Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска најави дека неговата влада ќе донесе низа мерки за ублажување на заканувачката енергетска криза и поскапувањето на енергенсите и очекува ваквиот владин интервентен закон да биде прифатен од парламентот по забрзана постапка. Една од мерките е и намалување на ДДВ за сите енергетски производи. Не само за струја и природен […]

И Словенија побара од потрошувачите да бидат штедливи со природниот гас


Од потрошувачите во Словенија е побарано како мерка на претпазливост, да внимаваат на потрошувачката на природниот гас. Словенечката Агенција за енергетика објави ниво на рано предупредување како дел од кризниот план за информирање на јавноста за можни прекини во снабдувањето во иднина, во случај на намалено снабдување со гас од Русија, јави словенечката новинска агенција […]

Словенија го воведе првото ниво на предупредување поради намаленото снабдување со гас


Словенечката Регулаторна агенција за енергетика денеска го објави првото од четирите нивоа на рано предупредување за можни потешкотии во снабдувањето со природен гас, а Владата реагираше со низа препораки за можна заштеда на енергија преку рационално регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер, кој утре ќе го придружува […]

Во дел од Словенија поради суша нема миење дворови, ни туширање на плажа


Поради долготрајна суша и како последна мерка пред уште построга редукција на водата во општини на словенечкиот брег забрането е залевање на јавното зеленило, а не може ни да се истуширате на плажите. Состојбата со резервите вода е критично Градоначалниците на четири крајбрежни општини, од кои најголема е Копер, објавија дека во моментот состојбата со […]

Словенија бара од Париз да најде „магична формула“ да го тргне бугарското вето


  Работата е премногу сериозна за да може и натаму да се одолговлекува ветото на Софија поврзано со нивните тврдења дека Скопје не ги признава и не обезбедува соодветни права за Бугарите во земјата и разни други историски и културни спорови. Словенија и нејзината нова министерка за надворешни работи, Тања Фајон, бара ЕУ конечно да […]

Словенија: Литар бензин од полноќ 1,775, дизелот 1,848 евра


Бензините по долг период на замрзнати цени во вторникот на полноќ поскапуваат во Словенија, па новите цени на словенечките бензински пумпи ќе бидат 1,775 евра за бензин од 95 октани, а дизел горивото 1,848 евра за литар. Во понеделник попладне беа објавени нови цени на основните моторни горива на словенечките бензински пумпи. Ова е значително […]

Во Словенија недостиг на гориво на бензинските пумпи


На многу места во Словенија денеска граѓаните не можеа да полнат гориво на бензинските пумпи, а проблеми има и со сите добавувачи. Исчезнување на гориво е пријавено на бензинските пумпи „ОВМ“, „Петрол“ и „МОЛ“, јавуваат словенечките медиуми, пренесе Срна. Штаерска, Помурје, Прекмурје, Горња Савињска долина, Илирска Бистрица, Велење, Јесенице, Камник, Нова Горица, Горишка брда се […]

Словенија денеска со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан


Словенечката влада поднесува предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан во контекст на кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова утрово го потврди новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Таа изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, […]

Предлог на словенечката Лекарска комора: На боледување до три дена без посета на лекар


За да се одобри кратко отсуство од работа поради здравствени причини, на вработените во Словенија не им требаше лекар во најтешките фази на пандемијата и оптоварувањето на здравствениот систем, а лекарите предлагаат повторно да се воведе tаа мерка. Лекарската комора на Словенија во предлогот до Владата наведува дека можноста за оправдано отсуство од работа до […]

Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво


Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“. – Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се […]

Словенечката опозиција предложи задолжително тестирање на дрога за јавните службеници


 Словенечките пратеници, министри, државни секретари, премиерот и претседателот наскоро би можеле редовно да бидат тестирани за наркотици, доколку се усвои законот предложен од Демократската партија, најголемата опозициска партија во Парламентот. Демократската партија изјави дека „во интерес на јавноста е да се знае дали словенечките политичари земаат недозволени дроги“. Законот е потребен, како што рекоа предлагачите, за да се подобри транспарентноста и поради одговорноста […]

Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска


Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА. Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот. Како што покажуваат податоците на словенечкото […]

Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари


Студениот фронт со силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, […]

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници


Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега. На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната […]

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за избор на новата влада предводена од Роберт Голоб


Словенечкиот парламент денеска ќе одржи седница на која ќе се гласа за новата влада на Роберт Голоб. Се очекува новоизбраната влада денеска да ја одржи првата седница, а мандатарот Голоб да ја преземе премиерската функцијата што досега ја вршеше Јанез Јанша. За избор на новата влада е потребна поддршка на мнозинство од присутните пратеници, кои […]

Словенија: Заврши ерата на Јанша, Роберт Голоб е избран за премиер


  Еден месец по изборите собранието на Словенија денеска го избра Роберт Голоб за премиер на државата. За него гласа 54 пратеници, а 30 беа против во 90-членото собрание. Сега Голоб треба да ја формира владата и да ја претстави пред пратениците. Со тоа заврши третото владеење на Јанез Јанша (овој пат од две години), […]

Словенечкиот парламент денеска ќе гласа за мандатарот на идната влада Роберт Голоб


 Словенечкиот парламент денеска ќе гласа по предлогот за назначување на Роберт Голоб за мандатар на новата влада, што е прв чекор кон формирањето на извршната власт во земјата по изборите одржани на 24 април. Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на […]

Голоб: Словенечкиот Парламент веќе во среда би можел да гласа за нов премиер


 Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска ќе почне разговори со пратеничките групи за кандидатите за мандатар за состав на новата влада. Најверојатно, кандидат ќе биде лидерот на Движењето слобода, Роберт Голоб, а собранието би можело да гласа за новиот премиер во среда. Доколку при разговорите со пратеничките групи се потврди доволна поддршка за Голоб, Пахор и формално ќе го […]

Најмалку шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија


Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот. Се очекува денеска полицијата да излезе со […]

Смртниот биланс од експлозијата во фабрика во Словенија се зголеми на пет лица


Во денешната експлозија и пожар во фабриката „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, најверојатно загинале сите пет лица, кои се сметаа за исчезнати, а шестмина се повредени, соопшти менаџментот на компанијата. Директорот на компанијата Сречко Штефаниќ изјави дека шансите за преживување на петмината исчезнати се „речиси непостоечки“ поради јачината на експлозијата, пренесува словенечката агенција СТА. Од […]