„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин


  Словенечкиот премиер Роберт Голоб планира да биде изграден гасовод до Унгарија за алжирски гас со цел да и помогне на соседната земја да ја намали зависноста од рускиот гас, обави „Фајненшл тајмс“. Новиот гасовод треба да профункционира за две до три години, а подоцна може да се прошири во зависност од побарувачката, пишува весникот, […]

Петмина „вечни“ градоначалници во Словенија го добија осмиот мандат


  На вчерашните локални избори во Словенија, граѓаните повторно гласаа за петтемина градоначалници, кои се на функција од 1994 година, всушност тие добија осми мандат. Меѓу нив е градоначалникот на Церкље на Горењска, кој освои повеќе од 70 отсто од гласовите, а градоначалниците на Рогашка Слатина, Рогатац и Горњи Петровац во првиот круг освоија 64 […]

Словенија ќе добива гас од Алжир, потпишан е тригодишен договор


  Трговецот на големо со гас Геоплин денеска во Алжир потпиша договор за снабдување со природен гас со локалната државна енергетска компанија Сонатрах. Договорот е потпишан на три години и предвидува испорака на 300 милиони кубни метри гас или околу една третина од годишните потреби на Словенија. Испораката ќе започне на 1 јануари 2023 година. […]

Словенците утре избираат претседател во вториот круг од изборите


Словенците утре, во вториот круг од претседателските избори, ќе избираат меѓу конзервативецот Анже Логар, поранешен шеф на дипломатијата, и независната центристичка адвокатка и бранителка на човековите права Наташа Пирц Мусар.   Логар, член на десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, доби најмногу гласови во првиот круг од изборите, 33,96 отсто, но анкетите покажуваат […]

Претседателски избори во Словенија


  Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка […]

Утре прв круг од претседателските избори во Словенија


Словенечките граѓани утре гласаат во првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа. На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за […]

Еден од кандидатите за претседател на Словенија ја повлече кандидатурата поради закани


Музичарот Грегор Безеншек, кој се кандидираше на словенечките претседателски избори, денеска ја повлече својата кандидатура. Безеншек во септември прв поднесе кандидатура за изборите закажани за 23 октомври. Тој на прес-конференција појасни дека поради тоа, изминатиов период бил изложен на „исклучителни притисоци, непријателски пораки и закани“, јави словенечката новинска агенција СТА. Без да каже детали, Безеншек […]

Во Словенија почнува кампањата за претседателските избори


Еден месец пред претседателските избори во Словенија, закажани за 23 октомври, денеска официјално почнува изборната кампања. Претседателските кандидати ќе можат да им се обратат на гласачите до 21 октомври на полноќ, кога ќе настапи предизборен молк, а денеска истекува и рокот за поднесување пријави за гласање во странство. Се очекува претседателските кандидати во својата кампања најмногу да се потпираат на […]

Тупанчески: Словенија преку своите искуства и идеи ќе го помогне евроинтегративниот процес на нашата држава


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска во Љубљана се сретна со министерката за правда на Словенија Доминика Шварц Пипан. На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се дискутирало за почетокот на скринингот, преговарачкиот процес, реформите кои треба да се реализираат, Поглавјето 23 кое се однесува на правосудството и фундаменталните права. Словенија, како земја членка […]

Снегот стигна на Балканот, во Словенија три степени


На планините во северозападна Словенија падна првиот снег. На врвот Кредарица, недалеку од Триглав, каде температурата е три степени Целзиусови, веќе паднаа 18 см снег. Снег паѓа и на Канин, каде во седум часот паднаа три сантиметри снег. Првите снегулки веќе се помешаа со дождот на Крвавец, Вршиќ и во Уршља Гора. Снежните врнежи на […]

Сензација на Евробаскет: Словенците во аут, Дончиќ исклучен во клучен момент


  Полска е во полуфиналето на Евробаскетот. Полјаците ја направија најголемата сензација на Евробаскетот и по неверојатна игра го исфрлија актуелниот европски првак Словенија (90:87) предводени од Лука Дончиќ. Полска во финалето ќе игра против Франција, која претходно во продолжението беше подобра од Италија. Во првите две третини Полска целосно го декласираше првиот фаворит на […]

Словенија именуваше специјален пратеник за Западен Балкан


Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека Словенија го именува Анжеј Франгеш за специјален пратеник за Западен Балкан. За именувањето на нашиот пратеник за регионот на Западен Балкан го информирав заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, наведе Фајон. Франгеш е вработен во словенечкото Министерство за надворешни работи од 2003 година. 

Добивката на словенечките банки е намалена за 15,4 отсто во првата половина од годината


  Банките во Словенија во првата половина од годинава оствариле 212,5 милиони евра добивка пред оданочување. Тоа е за 15,4 отсто помалку од една година порано, а падот на добивката е резултат на повисоките оперативни расходи и создавањето нето-резервации, наведува Банката на Словенија во редовното месечно објавување за работењето на банките. Во првото полугодие од […]

Словенечкиот БДП скокна за 8,2 отсто во вториот квартал


  Обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 отсто на годишна основа. За ова придонесе домашната и странската побарувачка. Според податоците на Централното биро за статистика (Сурс), на растот на домашната потрошувачка во тој период најповолно влијаела потрошувачката на домаќинствата, додека на странската размената на услуги. […]

Словенија: Бројот на слободни работни места е најголем од 2008 година


Во Словенија во вториот квартал од годината има речиси 25.900 слободни работни места – највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува тие податоци во 2008 година. Најголем дел од слободните работни места се во угостителството. Отворените работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал […]

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници


 Во Словенија досега се потврдени вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје. Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и Босна и Херцеговина. Уште една третина се заразила во Словенија, додека за останатиот дел од пациентите сè уште не е познато каде се заразиле. Мајмунските сипаници […]

Драма во Словенија: Оган опколил пожарникари, ги спасил „канадер“


  На социјалните мрежи вирално стана видео од првата огнена линија во областа Крас во Словенија, каде беснеат многу пожари. Екипа пожарникари била опкружена со оган, па не било можно да се повлечат, но биле спасени од авион „канадер“кој истурил вода на теренот. Клемен Горуп, пожарникар од ПГД Хрватини и автор на видеото, за Н1 […]

Пожарот во Словенија продолжува да беснее, на италијанската страна има жртва


  Словенија – На словенечкиот Крас, крај границата со Италија, продолжува да беснее шумскиот пожар што досега зафати над 2.000 хектари, а синоќа на италијанската страна ја зеде и првата жртва. Педесет и шестгодишната Елени ло Дука го загуби животот откако врз неа падна опожарено дрво, при вршење увид. Според некои проценки, станува збор за најголем […]

Повторно активен пожарот во Словенија


Пожарот што го зафати словенечкиот регион Крас, што се наоѓа на границата со Италија, досега зафати повеќе од 2.000 хектари и тоа е најголем пожар во Словенија. Пожарот пред два дена се прошири од Италија, а синоќа беше ставен под контрола, за денеска повторно да се активира. Na intervenciji požar na Kremenjaku je po naših podatkih do sedaj aktiviranih […]

(Видео) Голем пожар во Словенија, започнала евакуацијата на населението


Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој во средата на подрачјето на Крас се пренел од Италија и во тек е евакуација на населението од неколку села, а на терен дошле и министерот за одбрана Маран Шарец и командантот на цивилната заштита Среќко Шестан, јавуваат словенечките медиуми. Пожарот од италијанска страна […]