Евро 2024: Словенија избори осминафинале, Србија не ја помина групата


Без голови завршија двата последни натпревара од Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2024 одиграни вечерва. Резултати: Данска – Србија 0:0 Англија – Словенија 0:0. Овие резултати најмногу им одговараа на Словенија и на Данска кои успеаја да изборат учество во плејофот, додека за Србија заврши Европското првенство. Табела: Англија 5 бодови, Данска 3, Словенија 3, […]

Дојава за бомба испратена до сите судови во Словачка


Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова. Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката. Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 уилишта низ таа држава.

ЕВРО2024: Србија во последниот напад извлече бод против Словенија


Репрезентациите на Србија и Словенија одиграа попладнево нерешено 1-1 во Минхен во натпревар од второто коло во групата Д на ЕВРО2024. Словенците беа на чекор до победа откако со голот на Камичник во 69 минута поведоа со 1-0 и беа во предност до завршните секунди од натпреварот кога Јовиќ по нафрлената топка од корнер со […]

Снег падна во Словенија – направија и снешко


Студениот бран кој преку Алпскиот регион се спушти и до северните предели на Балканот, попладнево предизвика на највисоките планини во Словенија да има врнежи од снег. Нова снежна покривка се формираше на Кредарица. На 2.515 метри надморска височина на Кредарица има и метеоролошка станица и планинарски дом. Како што можете да видите, таму веќе се […]

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи


Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА. На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање. Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во […]

Словенечкиот парламент денеска, без гласање, ќе расправа за признавање на Палестина


Парламентот на Словенија денеска на итна седница ќе расправа за владиниот предлог за признавање на државата Палестина, но нема да гласа за него, како што беше претходно планирано, поради повикот на Словенечката демократска партија (СДС) да се одржи консултативен референдум за ова прашање.  Словенечката влада во четвртокот испрати предлог до парламентот за признавање на државата […]

Опозицијата во Словенија го спречи Собранието да гласа за признавање на државата Палестина


Конзервативната опозиција во Словенија поднесе предлог за спречување на утрешното гласање на словенечкото Собрание за официјално признавање на државата Палестина. Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша побара „консултативен референдум“ за тоа прашање, па гласањето закажано за утре, вторник, се одложува за најмалку еден месец. Парламентот сега треба да гласа за предлогот на […]

Словенија ќе ја признае палестинската држава до средината на јуни


Словенечката влада денеска започна постапка за признавање на државата Палестина како облик на притисок за прекин на конфликтот во Газа, објави денеска словенечкиот премиер, Роберт Голоб, цитиран од британски медиуми. -Ужасите што ги гледаме секој ден во Газа се неподносливи и мора да престанат. Го повикувам Израел веднаш да ги прекине нападите врз Газа и […]

Словенија утре официјално го започнува процесот за признавање на Палестина како независна држава


Владата на Република Словенија во четврток треба да покрене процедури за признавање на Палестина како независна држава, соопштија од кабинетот на премиерот на Словенија. „Словенечката јавност веќе беше информирана за оваа намера кога премиерот Роберт Голоб и неговите колеги премиери на Шпанија, Ирска и Малта потпишаа изјава за признавањето на Палестина во Брисел на маргините […]

Проекции на ММФ: Словенија ќе ја престигне Италија по куповна моќ до 2029 година


Според последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 2029 година – со оглед на очекуваната разлика во стапките на економски раст – во однос на БДП по глава на жител во однос на куповната моќ, Словенија ќе ја престигне Италија и ќе се приближи многу повеќе до Обединетото Кралство и Франција. Според овој показател […]

Словенија: Покрај изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, можно е да се одржат и три референдуми


Надлежните комисии на Државниот збор (Парламентот) на Словенија треба да одлучат дали на денот на изборите за Европскиот парламент во Словенија, 9 јуни, ќе се одржат истовремено три референдуми. Но, не постои единство во владејачката коалиција за ваквиот предлог. Претставниците на Движењето за слобода се „за“, Левицата е рамнодушна, а Социјалдемократите (СД), Словенечката демократска партија […]

Словенија е лидер во регионот на поранешна Југославија со просечна нето плата од 1.477 евра


Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија […]

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници


 Министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и Италија – Боштјан Поклукар, Давор Божиновиќ и Матео Пјантедоси на состанокот во Брдо кај Крањ, го поддржаа воведувањето трипартитни мешани патроли долж нивните заеднички шенгенски граници, објавија словенечките медиуми. Тие ќе истражат дали ова би можело да биде алтернатива на граничните контроли кои се во моментов. -Западнобалканската […]

Словенечките судии штрајкуваат веќе една недела – платите не им се сменети од 2012 година


Словенечките судии започнаа двонеделен предупредувачки штрајк на 10 јануари бидејќи не се почитуваше одлуката на Уставниот суд, кој утврди дека платите на судиите се прениски и му наложи на законодавецот да ја исправи. Имено, во јуни минатата година, словенечкиот Уставен суд утврди дека платите на судиите се прениски, што ги нарушува уставните принципи за независност […]

Италија ја продолжи граничната контрола кон Словенија за уште пет месеци поради ризик од продор на терористи


Контролата на североисточната граница на Италија долж границата со Словенија ќе биде продолжена за уште пет месеци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, пренесува италијанската агенција АНСА. Мерката ќе стапи во сила на 19 јануари, објасни тој во пораката испратена до властите на ЕУ и министрите за внатрешни работи на земјите-членки. Одлуката „е […]

Семејството и двајцата водичи спасени од пештерата во Словенија


Спасени се петте лица кои од саботата попладне беа заробени во словенечката пештера. Медицинскиот персонал ја проверува нивната здравствена состојба. Извлекувањето на заглавените во пештерата го извршиле припадници на Службата за спасување во пештерите и единицата за техничко нуркање како дел од Единицата за брза интервенција, јавува 24ur.com. Словенечкиот премиер им оддаде почит на спасувачите […]

Голема спасувачка акција во Словенија: Пет лица заробени во пештера на 2.400 метри


Пет лица, двајца туристички водичи и тројца посетители останаа заробени во Крижна јама во областа Церкница во Словенија поради обилните врнежи во попладневните часови. Службата за заштита и спасување добила повик нешто по 17 часот. На местото на настанот се испратени повеќе спасувачки единици, а според управата интервенирале спасувачи на пештери и нуркачи од спелеолошките […]

Загрижувачки раст на боледувањата во Словенија


Словенија бележи раст на работниците кои користат боледување. Минатата година во Словенија имало рекордни 56.128 вработени на боледување, што е за 84,8 отсто повеќе од 2014 година. Болничкиот систем во Словенија нема временско ограничување и затоа не може да се споредува со другите европски земји. Таков систем во Европа има само Бугарија. -Ситуацијата е загрижувачка […]

Словенија од денеска е членка на Советот за безбедност на ОН


  Словенија денеска официјално го почна мандатот како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој трае до 31 декември 2025 година, а работата на прашањата за светскиот мир и безбедност практично ќе почне утре, бидејќи Палатата на народите денеска не работи поради 1 јануари. Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на почетокот […]

Словенечките работодавци бараат работна сила во Македонија


И покрај неизвесноста на пазарот на труд во Словенија и заладувањето на германската економија, оваа година сепак беше поволна за барателите на работа. Со исклучок на енергетски интензивните компании, кои праќаат работници на чекање, сè уште има побарувачка за персонал во другите индустрии. Работодавците ги бараат во странство, сè почесто во Северна Македонија, пренесува бизнис […]