Голема бура ја погоди Словенија: Пристигнуваат драматични снимки од поплавени куќи и патишта


Делови од Словенија се поплавени поради ненадејни и обилни врнежи од дожд кои не престануваат од утринските часови. Југозападниот дел од Приморје Словенија, долж границата со Хрватска, е погоден од бура – вода се излева по улиците, куќите се поплавени, а сообраќајот е прекинат на одредени места. Врнежите траеја цела утро, а реките Драгоња и […]

Словенија воведува ембарго за оружје кон Израел


Словенија стана првата европска земја што целосно го забрани увозот, извозот и транзитот на воено оружје и опрема од или преку словенечка територија до Израел и обратно. Премиерот Роберт Голоб претходно во неколку наврати најави дека Словенија ќе преземе независни мерки доколку Европската унија не успее да се согласи за конкретни чекори кон израелската политика […]

Чешкиот „Блек Хок“ и словенечкиот конвој ќе дејствуваат на пожарот на планината Готен од беровска страна


Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна. Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото […]

Хеликоптер од Чешка и пожарникари од Словенија пристигнуваат во Македонија за пожарите


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија. Помошта, како што информираше Ангелов, вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот. „Понудата од […]

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство


Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум. Законот им дава право на пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина. Ова право ќе може да се примени и во случаи […]

Поскок касна жена (80) во Словенија, почина пред да стигне до болница


Синоќа, змија касна 80-годишна жена во раката во регионот Горењска во Словенија. По 20 минути, таа ја изгуби свеста, и покрај итната медицинска помош, нејзината состојба се влоши и таа почина пред да стигне до болница. „За време на прошетка, раката ѝ отече, а по 20 минути одење, ја изгуби свеста. Ја пронајдоа во несвест. […]

За Марибор тргна и вториот авион, кој носи уште двајца пациенти од пожарот во Кочани


Денеска беа пренесени уште двајца повредени од трагедијата во Кочани на лекување во Марибор, соопшти Амбасадата на Словенија. „Со тоа Словенија ја исполнува својата заложба за помош и солидарност со погодените. Македонија побара помош преку механизмот на Унијата за цивилна заштита“, е објавено од страна на Амбасадата на Словенија.

Словенија се задолжи за милијарда евра, каматата 3,5 отсто


Словенија денеска на меѓународните пазари на капитал издаде 30-годишна обврзница во вредност од една милијарда евра со купонска камата од 3,5 отсто. Таа беше првата земја што годинава издаде обврзница со ваква рочност, искористувајќи ја силната побарувачка на инвеститорите за долгорочни финансиски инструменти, соопшти Министерството за финансии. Ова е прва словенечка емисија на нова 30-годишна […]

Словенија со највисока инфлација во последните седум месеци


Инфлацијата во Словенија во декември достигна 1,9 отсто на годишно ниво, што е највисока стапка од мај, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во ноември инфлацијата изнесуваше 1,7 отсто. Цените на комуналните услуги се зголемени за 1,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 2,6 отсто. […]

Стапката на невработеност во Словенија е највисока во последните речиси четири години


Стапката на невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија. Стапката на невработеност на МОТ се искачи на 5,2 од 4,9 проценти во октомври. Стапката беше највисока […]

Словенија забрани величење на четниците и усташите


Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот. -Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во […]

Голоб ги отфрли обвинувањата од кривичната пријава дека се мешал во работата на словенечката полиција


Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска ги отфрли обвинувањата за мешање во работата на полицијата, откако беше објавено дека против него е поднесена кривична пријава. Тој рече дека верува во владеење на правото, па на обвинувањата кои целосно ги отфрла ќе одговори преку правниот процес, пренесува словенечката новинска агенција СТА. – Не станува збор за мешање […]

Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија?


  Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според  квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во […]

Словенија издаде самурајски обврзници, се задолжи 50 милијарди јени


Словенија денеска ги издаде првите обврзници во јени (т.н. самурајски обврзници) во вредност од 50 милијарди јени, што е приближно 311 милиони евра. Според податоците на Министерството за финансии, Словенија воспостави силно признание на јапонскиот пазар со многу успешната прва понуда на три и петгодишни обврзници. Тригодишните обврзници се со годишна каматна стапка од 0,75 […]

Благодарници за пожарникарите од Германија и Словенија кои помогнаа во гасењето на пожарите


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и  амбасадорката на Германија Петра Дрекслер синоќа го испратиле тимот од Германија за двата противпожарни авиона „ер трактор” – пилотите и другиот воздухопловен персонал, кои помогнаа во справувањето со пожарите од поголеми размери во државава. -Ангелов притоа искажа голема благодарност за помошта – и до […]

Словенија ја изненади Норвешка и влезе во полуфиналето на ракометниот турнир на ОИ


Ракометната репрезентација на Словенија сензационално ја исфрли Норвешка и се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри. Конечниот резултат беше 33:28, а таа водеше во поголемиот дел од натпреварот. Најефикасен кај Словенија беше Алекс Влах со осум гола, а одличен беше и Блаж Јанц со единаесет погодоци. Словенија во полуфиналето ќе игра против првиот фаворит на […]

Двајца руски шпиони осудени во Словенија најверојатно ќе бидат дел од размена на затвореници


Судот во Љубљана осуди двајца руски шпиони, Артем и Ана Дулцев, на една и пол година затвор за шпионажа. Тие беа уапсени на крајот на 2022 година, а во нивната казна е вклучено и времето поминато во притвор. Бидејќи затворската казна е еднаква на времето што го поминале зад решетки, Артем и Ана беа ослободени, […]

Словенија прва во Европската унија издаде дигитална обврзница


Во четвртокот Словенија ја издаде првата обврзница заснована на технологија за дистрибуирана книга (DLT). Тоа е прво издание од ваков вид во земја членка на ЕУ и едно од ретките слични во светот досега, соопшти Министерството за финансии. Словенија ги издаде овие дигитални обврзници во вредност од 30 милиони евра, кои доспеваат за четири месеци. […]

(Фото) Свлечиште во Словенија затрупа куќи


 Во областа Кокра во општината Предвор во Словенија вчеравечер невреме предизвика големо лизгање на земјиштето кое затрупа неколку куќи. Градоначалникот Рок Роблек проценува дека денеска во рехабилитацијата ќе учествуваат повеќе од 100 припадници на различни служби и волонтери. Забраната за движење и прелет на беспилотни летала е на сила до понатамошно известување. „Четири куќи се […]

(Фото/видео) Страшен град ја опустоши Словенија, невремето се надви и над Хрватска: „Сѐ е уништено“


Силно невреме ја зафати соседна Словенија нешто пред 14 часот. Град падна во делови од земјата и предизвика големи штети во некои области. „Во Бич ги уништи сите посеви“, објави словенечкиот метеоролошки локалитет Неурје. Невремето се надви и над делови од Хрватска, поради што во Загорје се вклучени градогенератори. Промената на времето најпрвин дојде на […]