Косово доби свое „косово“


Косовскиот премиер Албин Курти дефинитивно го изгуби кредибилитетот кај меѓународната заедница и кај соседите. Ова што се случува во српските општини изминатите два дена, каде што Курти со борни коли, со пукање и со солзавец се обидува да се пресмета со цивилното српско население, не се разликува ни милиметар од тоа што се обиде да […]

Кои се руските манири на Бугарија што ги препозна Ковачевски?


Бугарските политичари тргнаа во нова серија провокации, откако премиерот Димитар Ковачевски на меѓународна сцена, на самитот на Советот на Европа, им порача дека кон Македонија се однесуваат како Русија кон Украина, посочувајќи дека земја која во континуитет и со години добива пресуди од Стразбур за непочитување на правата на македонското малцинство нема кредибилитет да нѐ […]

Се случува ли „орбанизација“ на Македонија?


Премиерот на земјата што најбргу влезе во ЕУ и која експресно стана дел од Шенген и евро зоната, Андреј Пленковиќ, проба вчера дел од тоа искуство да го пренесе во Македонија, во смисла – ова што ви го кажувам е реалноста, а не теориите за членството во Европската унија. И, многу се намачи да ја […]

Ден на жалост за Македонија


Судиите и обвинителите слават: Со трибини и со обраќања го одбележуваат Денот на правосудството во државата. Реалноста е дека нема потажен ден во Македонија од овој денес и дека Вардар не може да ги испере веќе од одговорноста овие заштитени структури, заради кои во голема мерка го допревме дното како европска држава. Ако се тргнат […]

Стразбур ги приземји Сваровски функционерите


Не летаат балони само над Америка. Еден таков леташе дури пет години и над Македонија, но денес Стразбур го распрска на парчиња. И покрај обидите одлуката на Судот за човекови права за аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да се престави како процедурална и техничка, со најава дека обвинетите пак ќе се жалат, приказната дека […]

До кога ќе наседнуваме на евтините бугарски сценарија?


Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов. По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската […]

Исклучете го интернетот


Лажните дојави за подметнати бомби утрово достигнаа хистерично ниво. Кој и да е тој што ги испраќа, страда од тешка патологија која, ако продолжи да ја практицира на ова ниво и со ваков квантитет, сигурно ќе нѐ доведе до напрегнатост која натаму може да прерасне во целосна  рамнодушност. Она што е поважно е дека никој […]

Во ДУИ не знаат за извинување


На кадрите на ДУИ сѐ им се може. „Бомба“ не ги мрда од функциите, што и да направат, никогаш не се извинуваат за грешките, а оставката за нив е непозната појава ако им ја бара некој чие име не е Али Ахмети. Потврда за тоа е последниот недоличен и навредлив испад на директорот на Топланата […]

ЈСП пука по сите рабови


ЈСП пука по сите рабови. Она што изгледаше како колапс поради немање пари, сега се претвора во политичко-партиска пресметка врз повеќе основи. Хаосот што со години владееше на скопските улици со квази протести за сѐ и сешто, а што  потоа се пресели во Собранието, очигледно сега „метастазира“ на други нивоа, или како што објави самата […]

До кога ќе нѐ труе со омраза Ангел Димитров?


Ангел(от) со јастребски крила повторно напаѓа. Осилен од можноста ГЕРБ да се врати на власта, претседателот на бугарскиот дел од Историската комисија , Ангел Димитров, тргна во политичка офанзива. Неговиот проблем е што сега има механизам кој точно кажува како да се пријавува говор на омраза и што неговите настапи стануваат не само тема за […]

Му се случува ли „Панорама“ на Мицкоски?


Расколот во ВМРО-ДПМНЕ  продолжува и, по сѐ изгледа, ќе трае подолг период. Иако и на многумина од тие што се инволвирани не им е јасно што се случува навистина, по политичкиот говор на Данела Арсовска во Советот на Град Скопје, во кој обвини дека лидерот на партијата Христијан Мицкоски никогаш нема да излезе од „тендер […]

Политичката артилерија замолкна


Политичката артилерија замолкна. Дилемата дали требаше да се прифати францускиот предлог или не –  се распрсна како сапуница, само еден ден откако во Брисел се пресекоа славеничките торти на Македонија и Албанија. Веќе е смешно да се тврди дека ќе нема македонски јазик во ЕУ, кога нашиот премиер сѐ што кажа во Европскиот совет беше […]

Фон дер Лајен дочекана со аплаузи, тропања и извици за предавници


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше дочекана бурно во македонското Собрание додека ги уверуваше пратениците дека македонскиот јазик е наш јазик и дека одлуката што треба да ја направиме е одлучувачка за нашата иднина. „Конечно сме на прагот на одлучувачки чекор во евроинтеграцијата. Покажавте витален капацитет да го промените вашето општество, воспоставивте […]

Крај на една ера


Македонија е на чекор до одлука која ќе стави крај на една ера, што траеше од прогласувањето на независноста досега. Дилемата не е дали ќе речеме „да“ на предлогот на француското претседателство, туку дали ќе отвориме ново поглавје во нашата иднина како држава. Со почнувањето на преговорите за членство со ЕУ, како и да завршат […]

Макрон е дел од проблемот, а не од решението


  Откако ги доведоа до точка на неподносливост преговорите со Македонија и го натераа нашиот државен врв да крене раце, раскараните бугарски политичари сега „преговараат“ со Европската унија, во обид да обезбедат нивните недоквакани барања да станат дел од преговарачката рамка. Во тој контекст се и најавите дека претседателот Румен Радев и премиерот Кирил Петков […]

Со што ѝ се заканува Путин на Македонија?


МНР вчера му врачи протестна нота на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин. Освен што Москва ја прогласи Македонија за непријателска држава бидејќи не ја поддржува нивната „специјална операција“ за убивање Украинци, амбасадорот јавно предупреди дека сите што ќе покажат изливи на русофобија ќе бидат внимателно евидентирани и за нив ќе следи правна постапка. Од кого и […]

Османи си даде автогол


Од Македонија не бидува сериозна држава. По речиси дваесетчасовна присутност во медиумите, подготвеност да одговара пред пратениците кога ќе го повикаат, силни напори да го реши спорот со Бугарија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, си даде автогол и сам си ја урна позицијата во јавноста. Веќе два дена скандалозното именување на ТВ презентерката со […]

„Независен“ во Украина: Почна одбројувањето, сите се подготвуваат за евакуација или за војна


  (Од нашиот известувач)  КИЕВ – Состојбата околу Украина од вчера почнува драматично да ескалира, со најава утрово дека е прашање на часови кога САД ќе го повикаат својот дипломатски персонал во амбасадата да ја напушти земјата. Најавите за можна руска инвазија „во кој било ден“ сега стигнаа до „кое било време“. Неколку земји, меѓу […]

Победа што се претвори во пораз


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше вчера редок искрен момент- оцени дека треба да размисли дали вреди и натаму да се занимава со политика. Откако ја сведе целата своја опозициска улога во постојан обид за уривање на власта, Мицкоски се стави самиот во ситуација, место да бара оставка на актуелниот премиер, да го отвори прашањето […]

Тешко на ЕУ со вакви земји-членки


Како Бојко Борисов, па и Красимир Каракачанов, звучеше вчера претседателот Румен Радев, кој го искористи самитот во Брдо за да си го поправа рејтингот во Бугарија пред трката за нов претседателски мандат. Несвојствено за еден шеф на држава, и тоа од Европската унија, половина час редеше услови што треба да ги исполни Македонија како да […]