Савески веќе разочара


Новиот државен јавен обвинител не е ни две недели на функцијата, а неговото име не се симнува од медиумите. Две недели откако даде заклетва со ветување за независно обвинителство, веќе изгледа пристрасен и разочарува. Две недели откако не разбрал колку предмети има со дадени овластувања и на кого, а веќе знаеше да ги укине тие […]

Македонија е престолнина на стиропор во распаѓање


ЕУ е добродојдена сензација додека трае, изјави вчера хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, на прес конференцијата со нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Поголем „подарок“ не можеше да ѝ даде, со пораката што сугерира дека се во право тие во Македонија, а многу се, што сметаат дека не вреди да се прават отстапки за членство во Унијата и […]

Кого сега ќе спасува власта?


Премиерот Христијан Мицкоски се прошета деновиве на самит во Брисел и оттаму, место информација што прави за да се одблокира членството на Македонија, нѐ удостои повторно со голи фрази и празна реторика. Клучната порака беше дека Македонија одамна заслужува да биде интегрирана во Европската унија, што е на линија на квази кампањата дека стоиме на […]

Истече рокот на лажните ветувања


Владата и вечерва ќе ја спушти „завесата“ за да скрие од нас што се случува зад сцената. Во важен момент во земјата доаѓа шефот на германската дипломатија, а средбите се затворени и за нив ќе има само соопштенија во кои повторно од власта ќе ни ја сервираат својата реторика за евроинтеграцијата на Македонија. Целта е […]

Македонија како „изгубен Германец“ во Брисел


Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по којзнае кој пат отиде во Европската унија и по којзнае кој пат ја доби истата порака – додека Македонија не ги испорача презементите обврски (да ги стави Бугарите во Уставот), не може да очекува продолжување на преговорите со ЕУ. За волја на вистината и Муцунски по којзнае кој […]

Рационалноста ѝ рекла збогум на Македонија


Македонија живее во лош филм кој – никако да заврши. Ако ја парафразирам култната реченица во филмот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“ – „Секој ден во секој поглед сѐ повеќе напредувам“, нашата би гласела – секој ден во секој поглед Македонија назадува. Оваа епска хистерија околу загрозениот идентитет што ни се […]

Сиљановска не успева да излезе од „чизмите“ на Иванов


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова веќе неколку дена е во работна посета на Азербеjџан, земја која да нема гас, ретко кој би добил желба да ја побара на мапата и која повеќе се прослави на Евровизија отколку во политиката. Таму таа имаше повеќе средби, меѓу кои и со претседателот Илхам Алиев, покрај обраќањата на глобалната конференција на […]

Има ли Мицкоски идеја зошто нон-стоп е во САД?


Има ли Мицкоски идеја зошто за толку краток период дури три пати отпатува во САД, од што двапати откако Доналд Трамп дојде на власт и во време кога ни неговата администрација не е комплетна? Само тоа ли му остана како опција за да прогласи успех на меѓународен план, па очајнички троши време низ американските институции […]

ДКСК се дисквалификуваше


Последната институција во Македонија која имаше некаков углед кога е во прашање борбата против корупцијата во државата, Државната комисија за спречување на корупцијата,  денес успеа самата да се дисквалификува. Со одлуката целосно да го оправда именувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност, наспроти сите факти за кои дозна јавноста, ДКСК […]

Трамп ја победи Америка


Доналд Трамп ја победи Америка, каква што ја знаевме шест децении. Според сите оценки, на изборите се случи незамисливото: Американците избраа за претседател осуден политичар кој заговараше обид за државен удар. Европските оценки главно се дека Трамп си доби „излезна затворска карта“, со оглед на тоа што наскоро треба да добие конечна судска пресуда, а […]

Кого ќе спасува Курти во Македонија – Африм Гаши или Вјоса Османи?


Премиерот на Косово, Албин Курти, денес ќе има тешка задача во Македонија. Сите очекувања се дека тој ќе го расчистува инцидентот во кој беше инволвирана косовската претседателка Вјоса Османи, од чиј третман од страна на македонските аеродромски служби се најде навредена и понижена јавноста во Косово, но и Албанците во Македонија. Но, прашање е исто […]

ЕУ му нацрта црвена линија на Мицкоски


Иако само десет дена е на власт во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, или поконкретно владата на Христијан Мицкоски, ја доби првата црвена линија од Брисел. Евроамбасадорот Дејвид Гир вчера на расправата на Судскиот совет најдиректно порача што мисли ЕУ за реформите во судството што ги најавува новата влада, а пред сѐ за најавеното распуштање на Судскиот совет […]

Има ли план Сиљановска?


И најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова не можат деновиве да се изначудат на начинот на кој тие ја почнаа „битката“ за името на државата. За некои што многу ветуваа, уште повеќе драматизираа, што патриотизмот не го вадеа од уста и се расфрлаа со најави како сѐ ќе укинат и сѐ […]

Досие „северна“: Скандал или бура во чаша вода?


За два месеци новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова најверојатно ќе треба да ја преставува Македонија на јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон и да седне на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од НАТО утрово ја потсетија со кое име е примена Македонија во членство и како е преставена, односно дека за нив не постои […]

Македонија му даде втора шанса на ВМРО-ДПМНЕ


Македонија вчера му даде втора шанса на ВМРО-ДПМНЕ. Клучно прашањето е – за што, и дали беше паметно толкава апсолутна власт да се слее во рацете на гарнитура зад која стои истиот ешалон со кој државата еднаш го допре дното и, како што се покажа вчера, никогаш не успеала да се одлепи од таму. Најсимптоматично […]

Подземјето сака победа на изборите


Македонија гори буквално. Опожарени беа неколку возила под Кале викендов, се запали автомобил истиот ден во „Ист гејт“, а беше запален и билборд на Арбен Таравари. Денес, додека се вртеше видеото на Фуркан Салиу за полициската бруталност, се вивна во пламен и Универзална сала, централниот објект на проектот „Скопје – европски град на културата“. Толку […]

Народните избраници сакаат да бидат полицајци, обвинители и судии


Политичкото самоволие добива карикатурални димензии во македонското Собрание. Заштитени со епитетот народни избраници пратениците, главно од опозицијата, ја парализираат државата, ги кочат реформите, ни го губат времето, ни ги трошат парите и ги зголемуваат фрустрациите во општеството. Последните месеци, како што се подготвуваат за избори, почнаа да покажуваат амбиции да прават сѐ, само не тоа […]

Османи се лизна на косовска „банана“


Шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, се лизна од косовска „банана“. За првпат откако е на оваа позиција тој доби јавна лекција од премиерот Димитар Ковачевски околу изјавата дека, ако се докаже дека Србија е вмешана во нападот во Косово, Македонија треба да го преиспита учеството во иницијативата Отворен Балкан. Со ваквата […]

И ние си имаме Радев


Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него […]

Комунална збирштина глумеше Тиенанмен


Партија вчера објави војна на државата. И тоа не една, туку повеќе. Си ги мереа силите и се пресметуваа преку собирањето ѓубре, покажувајќи до кое дно се стигнати во практикувањето на моќта и  разбирањето на демократијата. Збирштина од партиски кадри, меѓу кои и провокатори надвор од скопска „Комунална хигиена“ лежеа пред влезот на јавното претпријатие […]