Славески на средби со ММФ: Мерките на НБ придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата


Прудентната монетарна политика што ја спроведува Народната банка придонесува за ефективно управување со ризиците и постепено намалување на инфлацијата, при што создава услови за стабилен економски раст. Тоа се потврдува и со најновите проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија, со очекуван раст годинава од 3,4 проценти, а за следните години одржување на […]

Гувернерот Славески учествува на Годишните средби на ММФ и СБ


Делегација предводена од  министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и гувернерот на Народната банка Трајко Славески, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), што ќе се одржат оваа седмица во Вашингтон. Во составот на делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Емилија Нацевска и советничката на гувернерот […]

Гувернерот Славески: Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација


На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево во организација на Централната банка на Босна и Херцеговина, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во услови на зголемени економски ризици и брза дигитализација, […]

Од утре плаќањата во евра ќе бидат околу 6 пати поевтини и побрзи, СЕПА станува реалност


Од утре земјава и практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. – Од утре, 7 октомври, плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) […]

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања


итики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци што го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет, а во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на […]

Гувернерот Славески на 24. Конференција на Македонска берза: Народната банка останува цврсто посветена на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс


  Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на 24. Конференција на Македонска берза, каде што говореше за растечката глобална неизвесност и нејзините импликации врз малите и високо отворени економии, како што е македонската. Тој истакна дека во постпандемискиот период трговската отвореност на нашата економија во просек достигна околу 150% од БДП, што ја […]

Гувернерот Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање


 Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска изјави дека на годишните средби на ММФ и Светска банка што почнуваат на 15 октомври, ќе го потпише писмото на намери, со кое што Северна Македонија ќе влезе во системот на инстант плаќање заедно со останатите земји од Западен Балкан. -Во Вашингтон на 15 октомври јас како гувернер […]

Славески: Регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на НБ


Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии. -Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. […]

Гувернерот Славески очекува инфлација пониска од три проценти во наредниот период


Народната банка останува на очекувањата дека ќе продолжи трендот на намалување на стапката на инфлација и дека во наредниот период таа ќе биде пониска од три отсто, а на среден рок дека ќе се вратиме на ниво од два процента. – Нашите очекувања се дека трендот на намалување на стапката на инфлација ќе продолжи. Секако, […]

Славески со швајцарска помош ќе ги јакне институционалните капацитети на НБ


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Михал Харари, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на Швајцарија и со претставници на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на која се разговараше за давање поддршка за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон Европската Унија. Во рамките на […]

Гувернерот Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој


Гувернерот на Народната банка Трајко Славески за време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), што се одржува во Намибија, остварил средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и […]

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност


Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните, порачал гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), што се одржува во Намибија. Од Народната банка денеска информираа дека Славески пред регионалната […]

Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните


Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на […]

Гувернерот Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на 2 отсто


Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%. „Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано […]

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките


 Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.   – Релативно готови сме со мерките […]

Славески за инфлацијата: Има охрабрувачки сигнали


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска изјави дека централната банка настојува инфлацијата да ја сведе под три проценти, како и дека за тоа има охрабрувачки сигнали од страна на Владата. „Ние навистина сакаме инфлацијата да се симне под три проценти. Има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на притисоците за […]

Стартот на СЕПА ќе доцни два месеци, наместо во октомври ќе почне во декември


Наместо во октоври, како што беше најавено, поевтините плаќања во рамки на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), же почне во декември, изјави денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Причината е, како што кажа, подготовка на системот. „Заради подготовката на системот нам ќе ни требаат уште два дополнителни месеци и до крајот на […]

Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки


Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила […]

Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. „Според сегашните податоци, БДП по глава […]

Славески поддржува мерки против високите цени ако се оддржливи на среден и долг рок


Гувернерот Трајко Славески нема информација за евентуалните нови владини мерки за стабилизирање на цените во маркетите, но смета дека секој потег што е одржлив на среден и подолг рок од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и ѝ помага на Народната банка во одржувањето стабилност на цените, односно ниска и стабилна инфлација. Како […]