Гувернерот Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги – финансиската едукација мора да биде дел од образованието


„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на […]

Славески во посета на „Костал“, во фокусот платежните услуги и синџирите на снабдување


Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот. Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето […]

Гувернерот Славески на конференција во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествува на конференцијата на гувернерите од Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент, соопшти денеска прес-службата на Народната банка.  Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната […]

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем


Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата, соопштија од Народната банка. Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот […]

Славески: Просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти, потребен е одговорен пристап кон растот на платите


 Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за […]

Славески оптимист: Инфлацијата ќе се намалува, јавните инвестиции ќе го поддржат економскиот раст


Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период. Ваквите позитивни трендови се очекуваат и годинава заедно со постепеното закрепнување на економиите на нашите најзначајни трговски партнери, како и засиленото остварување на инфраструктурните инвестиции во земјата. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во […]

Гувернерот Славески со идеја за национална мрежа на банкомати, за граѓаните полесно да дојдат до готовина


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“, истакна дека иницијативите на Народната банка за намалување на банкарските провизии веќе даваат конкретни резултати и дека граѓаните и компаниите постепено ги чувствуваат придобивките, додека за каматните стапки се очекува натамошен надолен тренд. Гувернерот посочи дека токму […]

Славески: Монетарната политика останува непроменета, се задржува внимателниот пристап


Народната банка од денеска почнува со примена на новата оперативна монетарна рамка која како основен инструмент ги користи благајничките записи со рочност од седум дена наместо досегашната поставеност, која како основен инструмент ги користеше благајничките записи со рочност од 42, односно 49 дена. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески на денешната прес-конференција посочи дека модернизацијата […]

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот. Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои […]

Гувернерот Славески: Од СЕПА кон инстант иднина – побрзи, поевтини и посигурни плаќања за сите


Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот […]

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 […]

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор


 Само пет проценти од компаниите во земјава имаат планови за справување со климатските ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, покажува едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Народната банка и Европската инвестициска банка. Проценките на Светска банка се дека во изминатите 20 години климатските промени во Северна Македонија […]

Гувернерот Славески на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност


„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на […]

Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена, истакна дека финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја […]

Славески за „Топ 100 извозници“: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти


„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки“, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р […]

Славески пред дипломатите: Макроекономската слика укажува на отпорност и солидни економски изгледи


Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните […]

Гувернерот Славески на конференција во Тирана: Водиме претпазлива монетарна политика и подготвени сме да им одговориме на сите потенцијални ризици


„Народната банка дејствуваше одлучно за да ja зачува макроекономската и финансиската стабилност во економијата. Како и повеќето централни банки во регионот и пошироко, беа преземени сеопфатни пакет-мерки насочени кон стабилизирање на инфлацијата, зачувување на стабилноста на девизниот курс и зајакнување на финансиската стабилност.“ Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата којашто се одржа […]

Гувернерот Славески на Седмата заедничка конференција на централните банки на Полска и Унгарија


На покана на гувернерите Адам Глапињски од Централната банка на Полска и Михали Варга од Централната банка на Унгарија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески присуствуваше на Седмата заедничка конференција во организација на двете централни банки. Како што наведува Народната банка на својот фејсбук профил, темата на конференцијата „Патувањето на дезинфлацијата во регионот на Централна […]

Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност


Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар […]

Санкциите кон „Лукоил“ нема да „произведат“ инфлација во Македонија, вели Славески


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески не очекува санкциите кон руската компанија „Лукоил“ да предизвикаат ценовен шок и да ја поттикнат инфлациската спирала. Славески е уверен дека по првичниот благ ценовен удар работите ќе се стабилизираат. – Има други производители кои имаат капацитети да ги надоместат количествата нафта што можеби нема да бидат испорачани од Русија. […]