О2 Иницијатива: Постојан раст на температурата во Скопје и околината во последните 44 години


Од иницијативата „О2“ алармираат за постојаниот раст на температурата во Скопје и околината во последните 44 години. Ако 1979 година просечната температура била 11.9°C, 2023 год. е 14°C. Станува сè потопло и потопло. – Парискиот договор има за цел да го ограничи глобалното затоплување под 2°C, по можност до 1.5°C во однос на прединдустриското ниво […]

Ученици од медицински струки учествуваа на Фестивал на здравјето во Градскиот парк


Град Скопје низ програмските активности посветува големо внимание на заштитата на здравјето на населението и на унапредувањето на условите за здраво живеење и здравствена превенција. По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето во Градскиот парк Град Скопје организираше „Фестивал на здравјето“.   На настанот учениците од медицинските струки на средните училишта на Град Скопје […]

Сезона на митинзи – Скопје блокирано, вооружете се со трпение


Денеска почнува изборната кампања за претседателските избори, а тоа значи мака за скопјани. Вечерва, голем митинг подготвува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, традиционално пред Владата, па веќе од вчера мостот „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Илинденска“ се забранети за сообраќај. Се носеа реквизити за поставување на бината, озвучувањето, осветлувањето. Тоа направи голем метеж во сообраќајот во попладневните […]

Со автомобил влетале низ влезна врата и украле сеф со пари во маркет во Црниче


Во населбата Црниче ноќеска бил ограбен маркет откако била демолирана влезната врата, а не куртулиле ниту излозите, јави Скопјеинфо. Според првичните информации, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го зеле сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван. -На 01.04.2024 во 03.58 часот во […]

ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“


ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“. ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на […]

Прво се уништува зеленилото – „Повеќе зеленило, подобар град!“


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, денеска организираше настан од информативен карактер на тема „Повеќе зеленило, подобар град!“ во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климата“. Регионалниот координатор на проектот, Ива Петрунова вели генералниот проблем во Скопје е големата урбанизација, односно како што рече, на секоја празна парцела се гледа […]

Скопје се најде на листата „Градови на иднината“ на „Фајненшел тајмс“. Еве во која категорија


Главниот град на нашата држава, Скопје се најде на листата „Градови на иднината“ на ФДИ интелиџенс што ја објави „Фајненшел тајмс“, во групата градови со средна големина според критериумот за исплатливост на живеењето, односно ефикасноста на трошоците (Cost effectiveness), кој покажува можноста да се постигне посакуваниот исход со најниска можна цена. Според овој критериум, Скопје […]

Изгаснат пожарот во напуштената куќа зад хотелот „Вип“


Рано утринава е опожарена напуштена куќа зад хотелот „Вип“, но пожарот не зафатил околни објекти и причинета незначителна материјална штета . Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат. Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски истакна дека било интервенирано со две возила и шест пожарникари. -Опожарен […]

Скопје ќе има вода! Неовластено лице ширело неточни информации


Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето. За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради […]

Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“


Со 3,8 милиони евра е обновен државниот пат Скопје – граничен премин „Блаце“ во должина од 10 километри, а во завршна фаза е изградбата на првите два километри од автопатот на оваа релација и се очекува да бидат пуштени на крајот на март. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие […]

По 60 години се анализира водоводот во Гази Баба


Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката Студија се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба.   Во третата фаза се анализира состојбата на самите […]

Скопскиот аеродором петти најпрометен во регионот во 2023 година


Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици


Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР информираат дека од 08:00 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за […]

Цените на становите во Скопје пораснале за 7 отсто во четвртиот квартал лани


Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за седум проценти во однос на истиот период од претходната година, а за еден процент споредено со третиот квартал, покажува индексот на цени на станови на Народната банка. Најновите податоци за цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се […]

Скопје повторно меѓу градовите со најзаген воздух во светот


Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот на листата на платформата Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот). Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е „нездрав“ и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително  здравје. Најзагадени градови во […]

Несовесни граѓани, во моментот, се главните причинители за загадување на воздухот


 Во моментов нема поголеми загадувачи кои предизвикуваат загадување на амбиенталниот воздух. „Цементара“ е на 50 отсто од капацитетот, работи со една печка, не користи алтернативни горива. „Макстил“ не работи. Најголеми причинители за загадувањето во моментов се граѓаните кои горат секаков вид на отпад за загревање, а потоа и градежниот сектор, оцени денеска директорот на Државниот […]

Прекинат прагот на алармирање во Скопје и Струмица


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа мерките и препораките за надминат праг […]

Внимавајте! Воздухот е загаден – кашлици, главоболки, алергии


Остануваат препораките за граѓаните на град Скопје во услови на концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, велат од Министерството за здравство. Тие препораки беа донесени кон крајот на минатата година, како резултат на зголемени концентрации на аерозагадувачки честички над дозволените, на мерните места Лисиче и Ректорат во Скопје. Скопје денеска е на 19. место според […]

Скопје утрово 19-то во светот според загаденоста на воздухот


Скопје денеска е на 19-то место според загаденоста на воздухот на листата на платформата „Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот). Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, не се препорачува претстојување на отворено за лицата со чувтвително  здравје. Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, […]

Скопје во Топ 10 европски градови со незадоволни жители од условите за живот


Скопје уште еднаш влезе во категоријата на градови каде жителите на главниот град се незадоволни од условите за живот. Како главни критериурми во извештајот на SchengenVisaInfo.com се вклучени повеќе аспекти како безбедноста, пристапот до јавни добра, здравствената заштита, киријата и јавната администрација. Она што е интересното во овој извештај е што помалите градови се сметаат […]