Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички


Вардар продолжи со лошата серија и на арената „Филип Втори“ беше поразен од ФК Скопје во 32-то коло од Првата лига. Досех Кофи во 45 минута го постигна победничкиот гол за Скопје, а овие три бода одат во прилог на борба на клубот за опстанок во најдобрата македонска лига. Шкендија во Тетово го совлада Работнички […]

Физички нападнато 12-годишно момче во Скопје


Четири непознати малолетни лица синоќа околу 19 часот физички нападнале 12-годишно момче на улицата „Македонски војски“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров го пријавила А.Т.(42), мајка на нападнатото момче. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Градот Скопје ќе потроши приближно 8400 евра за кампањи за оџачари и екстермни спортови


За сума од 169.491 денари или приближно 2800 евра, без ДДВ, Градoт Скопје бара економски оператор кој ќе изработи и спроведе кампања за развој на спортот во главниот град, односно за афирмација и поддршка на нови и помалку присутни екстремни спортови. Носителот на набавката е должен да изработи концепт за промоција преку видео-спотови, анимиран банер за […]

Туск и лидерите од регионот утре во Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи утре во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го […]

Вучиќ утре во еднодневна посета на Скопје


Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе присуствува на состанокот на лидерите на процесот Брдо-Бриони, соопштија од неговиот кабинет. Домаќин на Самитот е претседателот Ѓорге Иванов, а како што е веќе најавено на самитот во Скопје ќе допатува и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Целта на процесот Брдо-Бриони […]

Македонец рекордер: За 17 години „заработил“ 166 пријави поради кражби на автомобили


Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против Н.К. (35) од Скопје поради сомнение за сторени три кривични дела одземање моторно возило, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 580.000 денари. Инаку, Н.К. е познат сторител на имотни деликти за што, во периодот 1997 до 2014 година, му биле поднесени […]

Ѕанакопулос: Атина направи отстапки, сега на ред е Скопје


Во преговорите, грчката страна направи отстапки, сега е време и поранешната југословенска Република Македонија да ги направи неопходните чекори за постигнување договор, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на денешниот редовен брифинг со новинарите, на само два часа пред почетокот на средбата во Виена. Запрашан за тоа што очекува […]

Критична маса: Подобри закони за поубави градови


Под мотото „Подобри закони за поубави градови“, „НаТочак“ – Скопје, попладнево, со уште една велосипедска тура од плоштадот „Македонија“ што ќе почне во 17:30 минути, ќе им даде поддршка на законските измени за зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобар квалитет на живот во градовите. Во исто време ќе делуваат и „критичните маси“ во Штип и Прилеп. Измените […]

Соларни панели колку четвртина од Скопје се доволни да ја снабдат Македонија со струја


Колкава површина од територијата на Македонија треба да се прекрие со соларни панели за да се задоволат целосно потребите на македонските граѓани за напојување со електрична енергија? Со ова прашање се позанимава интернет-страницата Finder.com. Интернет-страницата пресметала колкава површина треба да се покрие со соларни панели за целосно да се задоволат енергетските потреби на една земја […]

Грчките медиуми за изјавата на Хан


„Атина и Скопје го приземјуваат Хан“, „Енигма отвораат изјавите на Хан пред новата средба за скопското прашање“, „Атина и Скопје со спротивен став за изјавите на Хан за непосреден договор“, „Нова средба Коѕијас-Димитров непосредно по предвидувањата на Хан“, се само дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната изјава на комесарот за проширување, Јоханес Хан. […]

Нападнато момче на автобуска станица на Бит пазар


Четири непознати лица завчера физички нападнале 17-годишно лице на улица „Крсте Мисирков“ во Скопје. Случајот во Полициската станица Бит пазар го пријавил таткото на седумнаесетгодишното момче на 23 април. Според пријавата момчето било нападнато во 20 и 45 чаасот на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“ при што непознатите лица го удирале со боксови во […]

Каминис во петок ќе дојде на гости кај Шилегов


Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок ќе дојде во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Ова ќе биде прва официјална посета на атинскиот градоначалник на Скопје. Практично, Каминис ќе одговори на поканата да го посети нашиот главен град, откако во февруари Шилегов ја посети Атина. Од Кабинетот на скопскиот […]

Поранешниот генерален секретар на НАТО Робертсон утре во Скопје


Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Лорд Робертсон, утре ќе престојува во Скопје. Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, соопшти попладнево неговиот Кабинет. Во делегацијата ќе бидат и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, Лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на Кралицата на Обединетото Кралство и […]

Скопје: 232 возачи вчера биле под дејство на алкохол


На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол. – Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи […]

(Видео) Приведена е девојката која вчера јавно пушеше марихуана во Скопје


Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Како што пренесува Макфакс, двајца полицајци попладнево ја лоцирале во Градски парк во Скопје. Ѝ се приближиле, ја легитимирале и ја однеле во станица. Во тек е разговорот со скопјанката, но полицијата не соопштува детали. Сведок на приведувањето била новинарка на Досие.мк […]

Туск во Скопје на 27 април


Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, потврди дека тој ќе учествува на самитот Брдо-Бриони на 27 април во Скопје. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск заминува на балканска турнеја помеѓу 24 и 27 април, за време на која тој ќе ги посети Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, а ќе заврши […]

По Могерини и Хан, следната недела и Туск во Скопје


По посетата на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во посета на Македонија доаѓа и претседателот на Европски совет Доналд Туск. Туск ќе ја посети Македонија во рамки на турнејата по земјите од Западен Балкан. Од 24 до 28 април ќе ги посети и Албанија, Босна и Херцеговина, […]

Како ќе се вози денеска низ Скопје?


Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот „Александар Палас“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“. Истото важи и за другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта. Посебен […]

Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани


Три нови случаи на напади на кучиња врз скопјани се пријавени во текот на вчерашниот ден. Во сите три случаи лицата биле повредени. Според полицискиот билтен, 20-годишниот М.В. синоќа во полициската станица во Гази Баба пријавил дека околу 21 часот додека се движел по улицата „Ташко Караџа“ бил нападнат од куче-скитник кое го каснало во […]

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит


Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците […]