Апел да не се палат бадникови огнови на отворено


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение упатува апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух. Исто така, од Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за […]

Трамвајот ќе минува пред Собрание, „Рекорд“ пешачка зона


Трамвајот ќе минува низ строгиот центар на Скопје, а улицата „Димитрие Чуповски“ кај „Рекорд“ ќе биде затворена за возила. Првата линија ќе почнува во Ѓорче Петров, ќе се движи по „Партизанска“, ќе врти на булеварот „Климент Охридски“ и ќе излегува во централното градско подрачје. Покрај Собранието, Црвениот крст и „Веро центарот“ ќе се движи кон […]

Багер и четири камиони ни ги дигнаа шаторите


Активистите на „Македонија блокира“ обвинуваат дека ноќеска насилно им биле подигнати шаторите пред Собранието на Македонија. „Тоа се случи после еден часот по полноќ. Еден багер и четири камиони со полициска асистенција ги подигнаа шаторите. Иронично, денеска се јавуваат од полицијата дали сме виделе нешто. Продолжуваме со отпорот“, велат од „Македонија блокира“ за „Независен весник“. […]

Каракачанов: Треба да се промени менталитетот во Скопје


Има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов. -Веќе година и пол т.н. Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според […]

Дедомразовци традиционално ќе трчаат во Скопје


Во недела на 23 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер и на неа може да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат […]

Општина Центар поништи одобрение за катна гаража во центарот на Скопје


Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, донесе Решение за огласување на ништовност, односно поништување на одобрение за градба на инвеститорот АНГО ДООЕЛ Скопје за објект од втора категорија со намена за Е2 Комунална субструктура – катна гаража на улицата „11 Октомври“. Инвеститорот, како што соопшти општина Центар, добил одобрение за градење на катната гаража на […]

Шилегов за „Независен“: Им се извинувам на граѓаните што играв на телефонот


Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов предизвика огромни реакции во јавноста откако протекоа снимки на кои се гледа дека игра игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето. Во интервју за „Независен весник“, кое ќе го објавиме во саботното издание на весникот, Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува […]

Горан Бреговиќ и Филхармонија со „Три писма из Сарајева“ на 22 март во Скопје


Регионалната поп-ѕвезда Горан Бреговиќ, го носи својот последен проект „Три писма из Сарајева“  и во Скопје, на 22 март во ВИП Арената. Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите […]

Скопје навистина е зелено


Горан Адамовски Ублажување и адаптација на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржливо користење на земјиштето, природата и биодиверзитетот, квалитетот на воздухот, бучавата, отпадот, водата, зелениот раст, еко-иновации и енергетски перформанси се 12 индикатори за животна средина врз кои независни и меѓународно признати експерти ќе ја доделат Наградата за европски најзелен град за 2021 година. Никој […]

Без електрична енергија делови од Скопје


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Скопје. Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, […]

Почнува новогодишното украсување на Град Скопје


Новогодишното украсување на Град Скопје започнува од вечeрва. Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, […]

Скопјани за 10 месеци запалиле 66 контејнери


За десет месеци во Скопје биле запалени 66 контејнери. Градот Скопје и „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат садовите бидејќи создаваат проблеми во собирањето на комуналниот отпад и нанесуваат штета на јавното претпријатие. За да се подобри хигиената во градот и да се зачува […]

Врнежи од дожд и снег и ноќеска


Врнежите ќе продолжат и во ноќните часови и ќе се преместуваат на исток. На повеќето места ќе врне снег, на пониските места во централните делови ќе бидат мешани од дожд и снег, а на крајниот југоисток од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Времето во Македонија е облачно со врнежи претежно од снег, а долж […]

Спектакуларен концерт во Скопје: Чолиќ ни е во крвта


На концертите на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ (67) влегуваш како дама и господин, а излегуваш како возбуден и среќен тинејџер, како да си освоил лото, како да не знаеш што да правиш со сета таа среќа, чувство и задоволство. Синоќа, Чола пак направи спектакуларен концерт во Скопје, втор по ред, по само една недела од […]

Исцрпени средствата за субвенции за електротротинети во Скопје


Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за купување електротротинети, информира Град Скопје. Вкупно 109 барања пристигнале денеска до 15 часот до Град Скопје, со што условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат. Со јавниот повик за […]

Дебата за кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата во 2028 година


Во Универзалната сала денеска ќе се одржи конференција, каде граѓаните и професионалната јавност ќе бидат информирани за значењето на титулата Европски град на културата, начинот и процесите до поднесување на апликацијата за таа престижна европска титула. Настанот ќе се одржи по повод интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во […]

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето


Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. По тој повод, градоначалникот Петре Шилегов ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Потоа, делегација на Град Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите […]

Играјте фудбал и направете го светот подобар


Во периодот од 11 до 25 октомври годинава, глобалното движење на FARE мрежата #FootballPeople беше активно насекаде низ светот. Во овие денови, целта беше да се предизвикаат сите форми на дискриминација, да се промовираат спортските вредности и да се истакне фактот дека фудбалот е игра за сите, без разлика кои сме, од каде сме и […]

Извидниците го чистеа Скопје


Под мотото „Се грижам за Скопје“ Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ (ИПО Галеб) денеска во Скопје спроведе акција за чистење во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, Сојузот на извидници на Македонија и извидниците од Европа. Целта на акцијата е, посочуваат, да ги инспирираат жителите да направат добро и значајно дело за својот град и да придонесат […]

(Фото) Концерт за Тоше: Ѕвезди, солзи и насмевки


-Ве сакам сите, ја повтори синоќа омилената реченица на Тоше, славниот англиски продуцент Енди Рајт, на концертот во Скопје во чест на прерано починатата и никогаш непрежалена наша најголема ѕвезда. Ако верувате во чуда, тогаш нашиот ангел, од горе гледаше како македонските и регионални  ѕвезди во еден здив ги пејат најголемите негови хитови: Тамара, Тијана, […]