Срѓан Драгојевиќ снимаше филм во Скопје: Сакам да се преселам во Дебар Маало


Српскиот режисер и сценарист Срѓан Драгојевиќ, познат по филмовите „Рани“, „Убавите села убаво горат“, „Парада“, „Ние не сме ангели“… деновиве престојуваше во Скопје каде што го снимаше својот најнов филм со наслов „Од рајот“. Филмот е српско- германско-македонско-хрватско-словенечко-црногорска копродукција зад која застанаа продуцентите „Делириум“ од Србија, во копродукција со „Сектор филм“ од Македонија, „Фикшн ГМБХ“ […]

„Стоп“ за ноќните мототрки


По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата реализираше акција, сакајќи да ги пресретне брзите и диви возачи што сеат страв по улиците. Во петчасовната акција спроведена во ноќта меѓу четвртокот и петокот, откриени се 40 возачи на мотори што го прекршиле законот, против кои се поднесени исто толку платни налози. Покрај тоа, поради […]

Зачекори во Здраво Скопје – авантуристичка тура низ градот по повод 56 години од земјотресот


Авантуристичка тура за најмладите – „Зачекори во Здраво Скопје“, во организација на издавачки центар ТРИ, ќе се одржи утре, а по повод 56 години од скопскиот земјотресот, што се случи на 26 јули 1963 година. Карванот ќе посети 10 значајни и автентични локации, а ќе биде проследен со многу изненадувања, игри и забава. Зборно место […]

Протест во Аеродром: Зависниците од дрога ќе добиваат терапија до градинки и училиште


Пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат. Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа […]

Вучиќ и Србија се рушат преку авто-салон во Скопје?


Претседателот на српскиот парламентарен одбор за Косово, Милован Дрецун тврди дека силен разузнавачки тим формиран пред два месеци и маскиран во претставништво на еден голем западен произведувач на автомобили во Скопје, работи на блокирање на компромисно решение меѓу Белград и Приштина. Според неговите зборови, тимот го сочинуваат разузнавачи од Бугарија, Албанија, Македонија и Германија. „Секое […]

Охрид ја чека одлуката на УНЕСКО


На 43. сесија на УНЕСКО, која се одржува во Баку, вчера помина дискусијата за Охридскиот Регион. Но, дали тој ќе биде на листата на загрозени светски културни наследства или не, одлука сè уште нема. Советодавните тела на УНЕСКО преку своите претставници ги образложија забелешките и причините зошто сметаат дека Охридскиот Регион треба да се најде […]

„Почувствувај го Скопје“ – меѓународна конференција за туризам


Меѓународна конференција за туризам „Почувствувај го Скопје“ („Feel Skopje“) во организација на НВО „Концепт плус“ ќе се одржи денеска во Скопје. Целта е да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во главниот град. Основната идеја, според организаторот, е да се добијат препораки како да се подобри […]

Почина адвокатот Игнат Панчевски


По кусо и тешко боледување, утрово почина познатиот адвокат Игнат Панчевски (69). Тој беше една од најколоритните фигури во македонскиот адвокатски свет. Изминатите години тврдеше дека поседува докази оти поранешниот македонски претседател Борис Трајковски бил убиен, а алармираше и оти воениот злосторник Ратко Младиќ, пред да биде уапсен, се криел и во земјава. Во 2013 […]

„Случај Богоевски“. Се бараат таксистот, дилерот и „бомбашот“


Основното јавно обвинителство Скопје побара да се утврди идентитетот на таксистот, кој, наводно, го снимал разговорот на пратеникот Павле Богоевски, да се направат проверки од кое лице евентуално била нарачувана наркотична дрога и преку меѓународни инструменти да се провери сопственикот на профилот на руската социјална мрежа Виконтакте. Од ОЈО информираат дека според пријавата на Богоевски, […]

Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска


Веќе од раните утрински часови, плоштадот „Македонија“ во Скопје почна да се полни за свечената литургија на папата Франциск, кој во 8.15 часот слета на скопскиот аеродром. Граѓаните ги послушаа апелите на властите и порано пристигнаа на плоштадот. Полицијата спроведува низа безбедносни мерки и ги претресува граѓаните што влегуваат во оградената зона. Се очекува присуство […]

Фото: Скопје се разубавува за папата


На скопскиот аеродром сè уште нема никаков знак што ќе потсети дека таму во вторник наутро ќе слета, а потоа и ќе има литургија папата Франциск. Затоа, пак, само стотина метри понатаму, односно на вклучувањето на автопатот кон Скопје, исклучително работна атмосфера. Работници ја косат тревата покрај патот и на средишната ограда, а вработените од […]

Подготовки за папата: „Извинете, дали влезниците се бесплатни и како да се облечам?“


Во католичката црква „Пресветово срце Исусово“ во Скопје и вчера се чувствуваше посебно расположение пред вторничката посета на папата Франциск. Вратите на катедралата беа отворени од раните утрински часови, a неработниот ден не влијае врз верниците да дојдат и да се помолат. Во оваа црква, како во катедралата во Струмица, односно католичките парохии во Гевгелија, […]

Скопје доби прв интерактивен водич


Во Градскиот парк во Скопје, во опуштена и релаксирана атмосфера, весело, разиграно, надополнето со розови балони, превкусни јаболка, карирани ќебенца и скопски шлагери беше промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”. Преполно со деца, домашни миленичиња, родители, баби и дедовци се направи журка за паметење враќајќи не назад во едно прекрасно време кога одењето […]

Промоција на првиот интерактивен водич за Скопје “Здраво Скопје”


Утре (недела) во 12 часот кај Мечето во Градски парк во Скопје, ќе биде промовиран првиот интерактивен водич за Скопје “ЗДРАВО СКОПЈЕ”, посветен на едно незаборавно Скопје – од минатиот век до денес, со сите негови препознатливи локации, култни места и урбани легенди вредни за раскажување. Наменет и за млади и за стари, за носталгичари, […]

(Фото) Моден викенд во Скопје: Стил, сеир и европски дух


Скопје три дена е центар на високата и кежуал мода, со нови и етаблирани манекенки, со нови и стари гости и спонзори, со стари-нови хостеси, со нови и стари сеирџии,  во нова или веќе видена гардероба, во нов, авангарден простор- Европски универзитет (ЕУРМ), со старо-нови дизајнери, нови идеи и концепт и со професионален и уникатен […]

„Пајак-службата“ на град Скопје со речиси 12 отсто поголем приход во 2018 година


На денешната седница на Советот на Град Скопје се разгледуваа предлог-одлуките за давање согласност на годишните сметки на јавните претпријатија во надлежност на Градот. Општиот заклучок е дека јавните претпријатија бележат позитивни резултати во управувањето со финансиските средства. Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ бележи позитивни резултати во финансиското работење во 2018 година. Билансот на успех […]

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била […]

„Анима мунди“ бара да запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк


Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бараат итно да  запре механичкото чистење на езерата во Градскиот парк, за кое велат дека се спроведува нестручно и насилно, а со тоа се уништува животната средина. – Во денови кога се чистат езерцата во Градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и чувство се уништува […]

Апел до Скопјани да не го фрлаат градежниот отпад во контејнерите


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ Скопје, денеска преку соопштение апелира до граѓаните да не го одлагаат градежниот отпад во контејнерите. – Во текот на изминатите неколку дена, во скопската оштина Чаир, eко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје регистрираше огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата „Благоја Паровиќ“. Екипите на претпријатието беа принудени рачно […]

Скопските таксисти: Пензионирани полицајци ни го јадат лебот


Скопските таксисти денеска излегоа со податок дека голем број пензионирани полицајци работат како превозници во оваа дејност и на тој начин им го скусуваат прометот, а не плаќаат придонеси. Надвор низ улиците на Скопје има повеќе од 5.000 таксисти, иако Градот Скопје има издадено само 2.400 лиценци, велат од таму. Организацијата вели дека најголем број […]