Трамп во следните 24 часа ќе соопшти голема објава за Сирија


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека во следните 24 часа ќе следи негова официјална објава во врска со Сирија. Најавата доаѓа во време кога европските сојузници и Русија чекаат да видат како Трамп ќе ја спроведе во дело одлуката што ја донесе во декември минатата година за повлекување на 2.000 американски војници од Сирија. […]

Заедничка декларација на Русија, Турција и Иран за Сирија


Во рускиот град Сочи вчера се одржа четвртиот трилатерален самит за Сирија, а по состанокот на лидерите на Русија, Турција и Иран, Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Хасан Рохани објавена е заедничка декларација. Лидерите на трите земји повторно изкажаа одлучност во спротиставувањето на сепаратистичките тенденции во Сирија кои имаат намера да го ослабнат суверентитетот […]

Рјабков: САД целосно да се повлечат од Сирија


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков  денеска изјави дека САД треба целосно да се повлечат од Сирија. – Ние инсистираме САД да го исполнат своето ветување и целосно да се повлечат од Сирија, посочи Рјабков. Американскиот претседател Доналд Трамп на 19 декември минатата година нареди целосно повлекување на американските војници од Сирија, тврдејќи […]

Американски генерал тврди дека ИД во Сирија не е поразена


Командантот на американските сили на Блискиот Исток, Џозеф Вотел изјави дека претседателот Доналд Трамп не се консултирал со него за повлекување на војниците од Сирија. Тој истакна дека изјавата на врховниот командант била изненадување за него. Трамп во декември најави повлекување на околу 2.000 војници од Сирија, оценувајќи дека џихадистите од Исламска држава се поразени. […]

Борци на ИСИС притворени во Скопје


Скопското обвинителство поднесе обвинение против седум македонски државјани поради војување на страната на ИСИС во битките во Сирија и во Ирак. Тие ќе одговараат за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации. Петмина од обвинетите се дел од истражни постапки во рамките на акциите „Ќелија 1“ во 2015 година и „Ќелија 2“ во 2016 […]

Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија. Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали. Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници […]

Русија: Повлекувањето на САД е добро за политичко решение во Сирија


Одлуката на САД да ги повлечат своите војници од Сирија создава добра перспектива за политичко решавање на кризата во таа земја, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Руското МНР, исто така, оцени дека иницијативата за формирање сириски уставен комитет има „светла иднина“, заедно со повлекувањето на американската војска. Пентагон соопшти претходно денеска дека започнал […]

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД


Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“. Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД. Се смета дека командантот на ИД е странец од […]

Путин: Уривањето на рускиот Иљушин е резултат на низа трагични настани


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека низа „трагични настани“ довела до уривањето на рускиот авион Иљушин Ил-20, со 15 војници и членови на екипажот во Сирија. Авионот беше соборен од страна на сириската противвоздушна одбрана, која мислела дека се работи за израелско летало што учествува во напад врз проирански цели во Сирија. – Колку […]

И жени од Македонија се борат во Сирија


Седуммина македонски државјани, кои се бореле на воените жаришта во Сирија и Ирак, се вратени во Македонија, но таму останаа уште активни борци, меѓу кои има и жени. Вкупниот број лица од нашата земја што се појавиле на боиштата во Сирија како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. […]

Турција изгради бетонски ѕид на границата со Сирија


Турција ја заврши изградбата на бетонскиот ѕид во должина од 764 километри, долж границата со Сирија. Анкара го започна проектот за изградба на заштитниот ѕид во 2015 година, како дел од мерките за зајканување на безбедноста на границите и борбата против криумчарењето и незаконските гранични премини. Заштитниот ѕид е изграден од бетонски блокови високи три […]

Скопјанец загина на боиштата во Сирија


Млад Албанец од Македонија го изгуби животот на боиштата во Сирија, пренесува Газета Експрес. Се работи за 23-годишниот Е.Исени роден во скопско Арачиново. На 19 години се приклучил во војната во Сирија, додека веста за неговата смрт беше објавена вчера. Неговото семејство ја дозна веста од неговите пријатели во Сирија. Во војната во Сирија има […]

ЕУ: Русија и Иран да не дозволат Сирија повеќе да користи хемиско оружје


Европската унија денеска ги повика Русија и Иран да го искористат влијанието врз сириското раководство за да се спречи натамошно користење на хемиско оружје од страна на Дамаск. – ЕУ ги повика сите држави, особено Русија и Ирак, да го искористат влијанието, за да се спречи натамошно користење на хемиско оружје, особено од сирискиот режим, […]

Новата студена војна на агендата на заседание на ММФ и СБ


Пролетното зaседание на Бордот гувернери на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка почнува денеска во Вашингтон каде ќе се расправа за опасностите од протекционизам, геополитички тензии, Сирија, социјални мрежи и бројни други прашања што предизвикуваат загриженост во светот. Гувернери на централни банки, министери за финансии и развој, парламентарци и директори на приватни компании на Годишното […]

Столтенберг: Воздушните удари ја намалуваат можноста од нови хемиски напади во Сирија


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека воздушните удари во Сирија, што во саботата ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на сириската Влада да изврши нови хемиски напади. Столтенберг рече дека нападите претставуваат „јасна порака“ за сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран дека употребата на хемиско оружје не е […]

Џонсон: Нападите врз Сирија нема да го променат курсот на војната


Воздушните напади што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата врз цели во Сирија, нема да го променат курсот на сириската војна, ијзави денеска шефот на британската дипломатија Борис Џонсон. – Битно е да се нагласи дека тоа не беше обид за промена на курсот на војната во Сирија, ниту беше обид за […]

Мирот стана мислена именка во Сирија: Многу војни во сиријската војна


Сирискиот претседател Башал ал Асад победи во граѓанската војна во неговата земја, но тоа не значи дека конечно ќе има мир. Всушност,  конфликтот ескалира, потпален од многу надворешни сили кои се приклучија на сириското бојно поле поради сопствени интереси. Во текот на седумте години во војната во Сирија се вовлекоа многу други земји кои се […]

Македонија не кажува за кого навива во Сирија


Македонија засега одбива да заземе став по воздушните напади во Сирија, во кои мета се хемиските погони на претседателот Башар ал Асад. Поголеми грижи ни создава претпоставениот нов мигрантски бран кој ѝ се заканува на земјава и притисокот од јужната граница. Воените аналитичари, пак, потенцираат дека не очекуваат зголемување на напнатоста на Блискиот Исток ниту […]

Хејли: САД нема да си заминат од Сирија додека не остварат три цели


САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде […]

Џонсон: Нема причина за понатамошни напади врз Сирија


Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека Лондон заедно со сојузниците ќе ги разгледа сите опции, ако сирискиот претседател Башар ал Асад повторно употреби хемиско оружје против своите граѓани во Сирија. – Сепак, за сега ништо не е планирано, посочи Џонсон. Тој истакна дека ја поддржува одлуката на британската премиерка Тереза Меј, заедно со […]