Макрон враќа повеќе од 50 милиони евра од имотот на семејството Асад во Сирија


Франција ќе врати во Сирија имот во вредност од повеќе од 50 милиони евра поврзан со поранешниот режим на Башар ал-Асад, објави францускиот претседател Емануел Макрон во вторник за време на посетата на Дамаск. Имотот е нелегално стекнат од член на семејството Асад, објасни Макрон на заедничка прес-конференција со привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара. Сириската […]

Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 11 милиони евра во близина на турско-сириската граница


Турските власти запленија шверцувано злато и валута во вредност од над 590 милиони турски лири (11,2 милиони евра) во специјализирана операција во областа на турско-сирискиот пограничен град Џизре (покраина Ширнак), објави ТРТ Хабер, повикувајќи се на соопштение од турската Генерална дирекција за безбедност. Во соопштението се наведува дека како дел од операцијата против шверц спроведена […]

Американската војска ги предаде сите главни бази во Сирија


Американската војска го заврши предавањето на сите главни бази во Сирија, потврди во петок Централната команда на САД (CENTCOM). Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат партнерските напори за борба против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM како одговор на барањето за коментар. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на […]

Сирискиот претседател Ал-Шара тврди дека преговорите со Израел се тешки: „Сакаат да останат на наша територија“


Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во интервју за турските медиуми изјави дека преговорите меѓу Сирија и Израел не се во целосен застој, но дека се соочуваат со значителни тешкотии поради, како што наведува, инсистирањето на Израел да остане на сириска територија. Ахмед ал-Шара нагласи дека сегашниот тек на преговорите меѓу Сирија и Израел не значи нивно […]

Грција отповика над 1.000 бегалски статуси на државјани на Сирија


Во периодот од 1 март до 9 април годинава надлежната грчка служба за азил отповика 1.203 бегалски статуси на државјани на Сирија, по темелна повторна проверка и во согласност со новиот закон, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството посочија дека се забележува значителен напредок […]

Она што беше под контрола на Курдите, сега веќе не е: Најавено е влегување на сириски трупи во северозападниот дел на земјата


  Сириските владини сили беа распоредени во град контролиран од Курдите на североистокот на земјата во понеделник, што е прв чекор кон спроведување на договорот за прекин на огнот поддржан од САД. Договорот, објавен во петок, 30 јануари, ја спречи можноста за понатамошен конфликт меѓу владата на претседателот Ахмед ал-Шара и Сириските демократски сили предводени […]

Сириската влада прогласи прекин на огнот по судирите во Алепо


 Сириското Министерство за одбрана денеска прогласи прекин на огнот во северниот сириски град Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од Курдите и владините трупи, јави ДПА. Прекинот на огнот започна во населбите Шеик Максуд, Ашрафија и Бани Заид во Алепо од 3 часот наутро( на полноќ по среднопевропско време), соопшти министерството.  Вооружените групи […]

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија


Авиони од типот „Тајфун“ на британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) и француски авиони извршија заеднички напад врз подземен објект во Сирија, кој бил окупиран од таканаречената Исламска држава, соопшти Министерството за одбрана. Во синоќешниот напад биле употребени наведувани бомби за гаѓање на голем број пристапни тунели до локацијата, сместена во планините северно од античкиот град […]

Сириска црква го слави Божик неколку месеци по бомбашкиот напад


  ДВЕИЛА, Сирија — Во црква во Сирија каде што во јуни во самоубиствен напад загинаа 25 лица, стотици верници се собраа пред Божик за да се сетат на оние што ги загубија и да ја потврдат својата вера. Со мал број безбедносни сили кои стоеја надвор, членовите на црквата Мар Елијас одржаа миса во […]

Американската армија изврши масовен напад врз ИД во Сирија


 Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со Исламска држава во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили. На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач. Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување […]

Сојузниците на Асад во Москва подготвуваат оружено востание во Сирија


  Владимир Путин му вети на новиот сириски претседател дека ќе продолжи со соработката со неговата земја, но одби да го екстрадира Башар ал-Асад, кој избега во Москва со своите другари. Некои од нив сонуваат за одмазда против оние што го соборија диктаторскиот режим и подготвуваат вооружени востанија против новата влада. Поранешниот шеф на разузнавањето […]

Сирискиот претседател пристигна во Белата куќа – Трамп го нарече привлечен, млад борец


Сирискиот претседател Ахмед ал-Шаара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа, што е историска прва официјална посета на сириски лидер откако земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции наметнати врз неговата земја, разорена од војна, објавува The Guardian. Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички […]

Сирија го призна Косово


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу. Османи, кој е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово. „Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше“ […]

Турција, Сирија и Јордан го обновуваат симболот на Отоманската империја: Ќе го поврзат Истанбул со Арапите


Турција, Сирија и Јордан се согласија да ја обноват историската железница Хиџаз, изјави во вторник висок функционер, што претставува важен чекор кон обновување на регионалната поврзаност и зачувување на заедничкото наследство. „Историската железница Хиџаз се обновува“, изјави министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Според Уралоглу, договорот е постигнат за време на трипартитен состанок одржан […]

Сирија извезе 600.000 барели сурова нафта – првпат по 14 години


Сирија вчера извезе 600.000 барели сурова нафта од пристаништето Тартус, што е прв официјален извоз на сурова нафта по 14 години, изјави сириски енергетски претставник. Во 2010 година, Сирија произведуваше и извезуваше околу 380.000 барели нафта дневно. Но, една година подоцна започнаа протестите против претседателот Башар ал-Асад кои прераснаа во речиси 14-годишна војна, што ја […]

Во насилствата во јужна Сирија досега 718 жртви, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права


Бројот на жртви во насилствата во јужна Сирија, каде има борби меѓу борците од заедницата Друзи од една страна и бедуинските племиња и сириските владини сили од друга страна, се искачи на 718, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Невладината организација соопшти дека меѓу загинатите има 391 Друзи, вклучувајќи 146 борци и 245 цивили. Од […]

Извештај на ОН вели дека нема врски меѓу сириските власти и Ал Каеда


Набљудувачите на санкциите на ОН оваа година не пронајдоа „активни врски“ меѓу Ал Каеда и исламистичката група што ја предводеше привремената влада на Сирија, се вели во необјавен извештај на ОН. Извештајот, кој се очекува официјално да биде објавен подоцна овој месец, веројатно ќе го поддржи очекуваниот притисок на САД за укинување на санкциите на […]

Сирија е подготвена да соработува со САД за враќање на Договорот за безбедност со Израел


Сириските власти денеска соопштија дека се подготвени да соработуваат со САД за враќање на Договорот за безбедност од 1974 година со Израел. Откако во декември минатата година беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад и власта ја презеде исламистичка коалиција, Израел изврши стотици напади рз Сирија и распореди војници во демилитаризираната тампон-зона на Голанска Висорамнина, […]

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск


 Сириските власти синоќа објавија дека уапсиле шест лица вмешани во самоубиствениот напад врз православната црква во Дамаск, во кој во неделата загинаа најмалку 25 лица. Властите додадоа дека две лица вмешани во нападот се убиени. Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на […]

Нова влада, исти правила за жените: Сирија воведува кодекс на облекување на плажа


Сирија донесе конзервативен нов кодекс на облекување кој бара од жените да носат буркини или костим за капење што го покрива целото тело на сите јавни плажи, што е најновата културна промена откако бунтовниците предводени од исламистите го соборија диктаторскиот режим на Башар ал-Асад минатиот декември. Министерството за туризам соопшти дека новите упатства се издадени […]