САД извршија одмазнички напади врз цели во Сирија, погодени цели и во Ирак


САД извршија воздушни напади во Сирија како одговор на убиството на тројца американски војници во напад со беспилотно летало во Јордан. Американските медиуми јавија за нападите веднаш откако американскиот претседател Џо Бајден присуствуваше на церемонијата кога на американска територија беа донесени посмртните останки на војниците убиени во неделата. Во воздушните напади во источна Сирија загинаа […]

Израел нападна цел во Сирија како одговор на напад со дрон


Израелската војска денеска соопшти дека нападнала цел во Сирија како одговор на напад со беспилотно летало врз училишна зграда во јужниот израелски град Еилат еден ден претходно. – Пред кратко време, ИДФ ја нападнаа организацијата во Сирија која изврши лансирање на беспилотно летало кон Еилат вчера (четврток), кој погоди училиште во градот, соопштија израелските одбранбени […]

Американската војска изврши воздушни напади во источна Сирија


Војската на САД изврши воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници, соопшти Пентагон. -Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ, рече американскиот секретар за одбрана […]

Американските сили повторно нападнати во источна Сирија


 Проиранска вооружена група ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз воена база на коалицијата предводена од САД во источна Сирија, јави ДПА. „Исламскиот отпор во Ирак“ соопшти дека истрелал ракети врз „окупациската база Конико“. Невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека четири проектили биле истрелани врз американската база во гасното поле Конико. Нападот […]

Експлозии во американска база во источна Сирија


Во американската база во провинцијата Деир ез-Зор, во источна Сирија, се слушаат експлозии, јави либанскиот ТВ канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори. -Се слушаат експлозии во американската база на гасното поле „Конико“, на северот од провинцијата Деир ез-Зор, наведуваат  изворите. Телевизијата наведува дека причина за експлозиите најверојатно е ракетен напад. Портпаролот на Пентагон, […]

Израелската воена авијација гранатира сириски воени позиции


Израелските одбранбени сили (ИДФ) нападнаа воени позиции во Сирија како одговор на гранатирањето од земјата, соопшти денеска ИДФ. – Пред кратко време, борбени авиони на ИДФ погодија воена инфраструктура и минофрлачи на сириската армија како одговор на вчерашното лансирање кон Израел, соопшти израелската војска на социјалните мрежи. Израел редовно бомбардира цели во соседната Сирија разорена […]

Приведен криумчар на мигранти од Сирија


Утрово, околу 6.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица […]

Израелската војска, втора ноќ по ред, гаѓа цели во предградијата на Дамаск


Израелската авијација и синоќа, втора вечер по ред, ги нападна предградијата на сирискиот главен град Дамаск, јави сириската државна агенција САНА. -Експлозии се слушаат над Дамаск втора ноќ по ред, изјавуваат  жители на сирискиот главен град, јави САНА, но не соопштува дали има жртви во нападите. На нападите на израелската авијација одговорила сириската противвоздушна одбрана и […]

ЕУ собира средства за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија


Меѓународна донаторска конференција за поддршка на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија ќе се одржи денеска во Брисел. На почетокот на февруари турско-сирискиот пограничен регион беше погоден од два силни земјотреси, при што загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а милиони останаа без покрив над главата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и […]

Човек кој „загинал“ во земјотресот во Сирија се „врати од мртвите“ на погребот


Повеќе чудесни приказни пристигнуваа во деновите по земјотресите во Сирија и во Турција, но оваа е единствена. Ахмад Ал-Агриби е ископан од под урнатините на зградата што паднала во градот Атриб во Сирија. Болничарите утврдиле дека неа реагира и го префрлиле неговото тело во мртовечница. Таму останал два дена, додека членови на неговото семејство не […]

Бебето родено во урнатините во Сирија посвоено од неговата тетка


  ЏИНДЕРИС, Сирија – Девојчето кое беше родено под урнатините на домот на нејзиното семејство, разурнат од земјотресот, ја напушти болницата и замина во својот нов дом, каде што беше со семејството на нејзината тетка во понеделникот. Девојчето беше во болница неколку часа по земјотресот на 6 февруари. Таа беше отпуштена во саботата, а нејзината […]

Властите во Дамаск ја блокирале помошта за областа под контрола на опозицијата


Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) апелираше да се овозможи испорака на помош од Дамаск во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на опозицијата. – Се обидовме да влеземе во Идлиб преку демаркационата линија и досега, за жал, бевме блокирани, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток. – […]

Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија


Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права […]

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари


Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош. – Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, […]

Жолтите сандали на срамот


Летна, стара, искината облека, расфрлана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Ова се сликите, кои ја налутија македонската јавност, откако привршува акцијата за собирање донации за настраданите од страшниот земјотрес во Турција и во Сирија. Уште истиот ден, понеделник, кога се случи земјотресот, а илјадници луѓе го загубија животот, додека други останаа без ништо, светот се […]

Шефот на СЗО пристигна во Сирија со 37 тони помош


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска пристигна во сирискиот град Алепо, кој беше погоден од земјотрес, јавија светските новинарски агенции. Тедрос „пристигна на аеродромот во Алепо за да ги посети болниците и засолништата во тој град со министерот за здравство на Сирија и гувернерот на Алепо“, соопшти сириската агенција Сана, пренесува […]

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се доближи до 24.000


Најмалку 20.213 луѓе загинаа во земјотресот во Турција, информира вечерва турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Тој додаде дека се повредени 80.052 луѓе. Во исто време сириската група Бели Шлемови соопшти дека најмалку 2.166 лица загинаа во северозападна Сирија, на територијата контролирана од сириската опозиција. Зголемен е бројот на жртвите и во деловите од земјата кои се под контрола на владата, […]

Околу 300.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по земјотресот


Повеќе од 298.000 луѓе во Сирија мораа да ги напуштат своите домови по разорниот земјотрес, изјави денес министерот за локална администрација и животна средина Хусеин Махлуф, пренесоа државните медиуми. Тој рече дека бројот на жртвите од земјотресот досега се искачи на 1.262, а 2.258 лица се повредени во делови на Сирија кои се под контрола […]

Сириско момче се снима под урнатините: „Не знам дали ќе преживеам“


  На социјалните мрежи осамна снимка од сириско момче кое завршило под урнатините на зграда по земјотресот. „Го снимам ова видео, не знам дали ќе преживеам или ќе умрам. Ако се подели ова видео, значи сум преживеал3, вели тој во видеото. „Не можете да го знаете ова чувство ако ова не сте го доживеале. Ова […]

Војната ја растргна Сирија: Може ли непријателите да се договорат барем околу помошта по земјотресот?


Силните земјотреси на границата меѓу Турција и Сирија однеса илјадници животи, но додека секојдневно од светот пристигнуваат најави за помош на Турција, оние за Сирија како да се во втор план. Инаку, досега во Сирија се потврдени 2.500 жртви на земјотресот. од нив, според вчерашните застрашувачки податоци, кои денеска веќе не важат, на територијата под […]