Шефот на СЗО бара од Кина целосен пристап до информации за да се утврди потеклото на Ковид-19


Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Пекинг да даде повеќе информации за потеклото на Ковид-19 и е подготвен да испрати уште еден тим истражувачи, објави денеска Фајненшл тајмс. „Врши,е притисок врз Кина да обезбеди целосен пристап до информациите и бараме од другите земји да го покренат ова прашање за време на […]

СЗО ја следи новата варијанта на вирусот Ковид


Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации. СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен. Досега новата верзија е пронајдена […]

СЗО го одржува првиот самит за традиционална медицина


Светската здравствена организација денеска го одржува својот прв самит за традиционална медицина, со предупредување дека третманите со природни производи можат да бидат ефикасна алтернативна здравствена заштита само ако научно се докажани. Традиционалните лекови се „прво пристаниште за милиони луѓе ширум светот“, соопшти здравствената агенција на ОН, при што разговорите во Индија ги здружија креаторите на […]

Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна, предупреди директорот на СЗО за Европа


Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот. -Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да […]

Претставник на СЗО меѓу загинатите во напад на хотел во Могадишу


Вработен во Светската здравствена организација е убиен во напад на радикалните исламисти Шебаб врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави денеска генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус. Шест цивили загинаа, а десет се ранети во нападот на група од седум исламистички борци врз хотелот Перл Бич на брегот на Могадишу ноќта во […]

Протече нацртот на новиот договор на СЗО: „Светот мора да се подготви, ќе биде уште посмртоносен“


Протечениот нацрт-договор на СЗО, според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Макукато, открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија. Нацрт-договорот од Светската здравствена организација открива дека светот мора да биде подготвен да одговори на следниот патоген кој може да биде уште посмртоносен од Ковид, но сепак покажува некои „загрижувачки сигнали“. Документот […]

Оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години може да очекуваат десет години подолг животен век


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека очекуваниот животен век на оние кои престануваат да пушат во своите 30-ти се зголемува за околу десет години во споредба со оние кои продолжуваат да пушат, а циркулацијата се подобрува за период од две до 12 недели. Од првиот ден на откажување од пушење, високиот пулс, крвниот притисок, нивото […]

СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот, Северна Македонија меѓу посочените земји


Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Северна Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун […]

СЗО: Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со сезонскиот грип


Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со заканата од сезонски грип, соопшти денеска Светската здравствена организација, која се надева дека повторно ќе го намали максималното ниво на предупредување оваа година. „Мислам дека доаѓаме до точка каде што можеме да гледаме на коронавирусот на ист начин како што гледаме на сезонскиот грип, кој е здравствена закана, […]

СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив


Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони […]

СЗО ја активираше мрежата од екипи на Итна медицинска помош во Турција и Сирија


Светската здравствена организација ја активираше својата мрежа на екипи за Итна медицинска помош во Турција и Сирија за да им помогне на погодените од земјотресот, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. -Тимовите ќе им пружаат основна здравствена заштита на повредените и најзагрозените лица погодени од земјотресот, изјави Тедрос пренесен од Си-Ен-Ен. […]

СЗО: Нема нови мутации на коронавирусот во Кина


  Ниту една нова варијанта на коронавирусот досега не е пронајдена во Кина, според податоците објавени од Светската здравствена организација (СЗО) во средата, со што се намалуваат некои од грижите за инфекцијата што брзо се шири во Кина откако Пекинг стави крај на „нулта ковид“ пристапот кон пандемијата. Мнозинството жители на Кина, 97,5 отсто од […]

СЗО изразува загриженост за ситуацијата со Ковид во Кина


  Светската здравствена организација е загрижена поради растот на случаи на Ковид-19 во Кина и ја поддржува владата да ги фокусира своите напори на вакцинирање на луѓето со најголем ризик низ целата земја, изјави денеска шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој потенцираше рече дека е „многу загрижен“ поради бранот новозаразени без преседан во Кина […]

СЗО предупредува на зголемен ризик од стрептококни инфекции кај децата


  Светската здравствена организација (СЗО) и здравственото тело на ЕУ (ЕДЦД) повикаа на будност, по зголемениот број сериозни заболувања кај децата по стрептококни инфекции од групата А. Во денешната заедничка изјава двете тела посочуваат дека Франција, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Велика Британија оваа година пријавиле зголемен број случаи на инвазивна стрептококна инфекција од групата […]

СЗО предупредува дека некои бактерии во крвта станале отпорни на сите лекови


  Зголемена отпорност на бактериите кои предизвикуваат инфекции на крвта, на лекови, вклучително и отпорност на антибиотици од последната линија на одбрана, е забележана во првата година од пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот на Светската здравствена организација заснован на податоци од 87 земји во 2020 година. Прекумерната употреба на антибиотици им помогна на микробите да станат […]

„Политико“: СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста


Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници“ во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест, јави Политико. Според весникот, што се повикува на познати извори, одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за […]

СЗО регистрира 90 проценти пад на смртните случаи од Ковид-19 од минатата зима


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 нагло опадна од минатата зима, соопшти Светската здравствена организација. Минатата недела, околу 9.400 смртни случаи поврзани со Ковид-19 беа пријавени ширум светот, соопшти денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Ова е речиси 90 проценти помалку отколку во февруари, кога беше постигнат овогодишниот неделен врв од 75.000. […]

СЗО: Првпат после неколку години, се зголемува бројот на заболени од туберкулоза


  Бројот на заразени со туберкулоза, вклучително и сојот на туберкулоза отпорн на лекови, е зголемен во светот за првпат по неколку години, се вели во извештајот што денеска го објави Светската здравствена организација (СЗО). Во извештајот се посочува дека повеќе од 10 милиони луѓе во светот биле заразени од туберкулоза во 2021 година, што […]

СЗО повикува на решавање на глобалната ментална здравствена криза


  Пандемијата на Ковид-19 создаде глобална криза за менталното здравје, поттикнувајќи стрес и поткопувајќи го менталното здравје на милиони луѓе, предупреди Светската здравствена организација пред Светскиот ден на менталното здравје на 10 октомври. Дури и пред пандемијата во 2019 година, се проценува дека еден од осум луѓе во светот живеел со ментално растројство, а Ковидот […]

СЗО: Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 1.700 луѓе


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија. Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге истакна дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“. Клуге наведе дека шумски пожари сега има дури и во […]