Експерти на СЗО заминаа во Конго за да се истражи се уште непозната болест


Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека испратила свои експерти да им помогнат на здравствените власти во Демократска Република Конго да се истражи сè уште непозната болест која предизвика повеќе смртни случаи во оддалечен дел од земјата. Во соопштението се наведува дека експертите на СЗО се на пат кон Панзи во југозападната провинција Квангџу во […]

СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници


Светската здравствена организација (СЗО) во петокот објави дека ја одобрила првата вакцина против мајмунски сипаници произведена од баварски „Нордиск“. „Првата претквалификација на вакцина против мајмунски сипаници е важен чекор во нашата борба против оваа болест, како во контекст на сегашната епидемија во Африка, така и во иднина“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. […]

За борба против мајмунските сипаници се потребни најмалку 135 милиони евра, вели шефот на СЗО


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална усогласена акција против новата епидемија на мајмунски сипаници и најави дека за тоа ќе бидат потребни најмалку 135 милиони долари во следните шест месеци. – Дозволете ми да бидам јасен: оваа нова епидемија на мајмунски сипаници може да се контролира и запре, рече генералниот директор Тедрос […]

Мајмунските сипаници не се нов коронавирус, вели регионален директор на СЗО


Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не се нов коронавирус, бидејќи се знае како да се контролира нивното ширење. „Значи, дали ќе сакаме да избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските сипаници на […]

СЗО предлага да се покренат планови за вакцинација во областите погодени од Мпокс


СЗО денеска препорача дека земјите погодени од вирусот Мпокс (мајмунски сипаници)  треба да  почнат планови за вакцинација во областите каде што се појавиле случаи на инфекција. Повторното појавување на Мпокс во Демократска Република Конго, ја поттикна СЗО да прогласи глобална здравствена вонредна состојба на 14 август, највисоко ниво на здравствено предупредување. СЗО веќе прогласи таква […]

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради мпокс


Светската здравствена организација (СЗО) по вторпат во последните две години прогласи вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење поради мпокс (т.н.мајмунски сипаници). Одлуката доаѓа откако беше утврдено жариште на болеста во Демократската Република Конго, кое се прошири и во соседни држави, со 90 регистрирани случаи. Според генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, оваа […]

СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали


Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во […]

Почина Мексиканецот заразен со нов вид на птичји грип


Светската здравствена организација (СЗО) го потврди првиот смртен случај на човек заразен со подтипот на птичји грип Х5Н2. Тоа е и прв случај на инфекција со птичји грип во Мексико. „Ова е прв лабораториски потврден случај на инфекција со птичји грип од подтип А (H5N2) кај луѓето и прва инфекција со вирусот H5 во Мексико“, […]

СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето


Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип. СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми. „Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со […]

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемии


Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемија ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е можно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Договорот, кој треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемии, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, го преговараа 194 земји-членки на СЗО […]

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза


Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА. Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека […]

СЗО загрижена поради ширење птичјиот грип, кој еволуира и развива способност да зарази луѓе, тврди научник


Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.  „Мислам дека ова останува огромна загриженост“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева. Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт […]

Демири: Потпишан двогодишниот договор за соработка со СЗО


Министерот за здравство Илир Демири, заедно со Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година, соопштија од Министерството за здравство (МЗ).   Демири потенцирал дека СЗО е постојан партнер на МЗ во заложбите за […]

Го зголемуваат данокот – СЗО повикува алкохолот да поскапи


Светската здравствена организација повикува на зголемени даночни стапки за алкохолните и засладените пијалоци. Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика властите ширум светот да ги зголемат даноците за алкохолните пијалоци и слични производи кои во моментов не се оданочуваат, како виното во одредени европски земји. Пијалоците кои содржат шеќер, исто така, треба да се оданочуваат […]

СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање


Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање ако здравствениот систем не се подобри. Таа го опиша колапсот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна […]

СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени


Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата […]

СЗО: Кина не пријавила нови или невообичаени патогени поврзани со респираторни заболувања


Кина објави дека не открила нов или необичен патоген поврзан со зголемувањето на случаите на респираторни заболувања на северот од земјата, соопшти Светската здравствена организација која побарала детални информации од Пекинг. „Кинеските власти изјавија дека не е откриен нов или необичен патоген, ниту невообичаени клинички знаци, вклучително и во Пекинг и Лиаонинг, туку само општо […]

СЗО: Барањето за евакуација на пациенти во Газа е „смртна казна“


Светската здравствена организација (СЗО) нагласи дека барањето од пациентите во болниците да се евакуираат во Газа е „смртна казна“, а генералниот директор на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука со која нареди евакуација. СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ги информирале оти е невозможно да се евакуираат болнички пациенти […]

Европа старее. Следната година ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години


Вo 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст. „Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО“, […]

Во 2024 година во Европа ќе има повеќе лица постари од 65 години отколку помлади од 15 години


 Во 2024 година во Европа ќе има повеќе лица постари од 65 години отколку помлади од 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Се проценува дека следната година популацијата на лица постари од 65 години ќе биде побројна од оние помлади од 15 години во европскиот регион на СЗО, соопшти организацијата. На глобално ниво, таква […]