СДСМ контра директорката на УЈП: Повратот на ДДВ доцни и до четири месеци


Опозициската СДСМ реагираше на изјавата на директорката на УЈП, Елена Петрова за редовноста на повратот на ДДВ. „Доволно е да поразговарате со компаниите и менаџерите за да ја слушнете вистината – повратот на ДДВ доцни постојано. Оваа пракса на задоцнето ДДВ не е непозната за ВМРО-ДПМНЕ тие така владееја во време на режимот, така владеат […]

„Оставка веднаш“: СДСМ за навредите од министерката Димитриеска-Кочоска кон пратеничката Петровска


  Оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска-Кочоска побараа од СДСМ поради изречени навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo. На прес-конференцијата пред Министерството за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен […]

СДСМ поднесе закон за намалување на ДДВ за струјата и негово укинување за храната


  Пратеничката група на СДСМ во Собранието поднесе предлог-закон за намалување на ДДВ за струја од 18% на 5% и укинување на ДДВ на храната. Причината за ова, како што образложи на прес-конференција пратеникот Фатмир Битиќи, се сѐ повисоките трошоци за живот и неуспехот со потрошувачките кошници. „Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а […]

СДСМ ќе предложи седум мерки за брз ефект врз стандардорт на граѓаните


Откако Владата  ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи,  СДСМ како опозиција ќе предложи закон, во кој ќе се содржат седум економски мерки, што треба да го подигне стандардот на граѓаните.   На денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседател на СДСМ ја изнесе сеопфатната економска стратегија – сет на 7 мерки преточени […]

Владата ќе се задолжи 950 милиони евра кај банките за покривање на дефицитот, вели Битиќи


  Поранешниот вицепремиер и актуелен пратеник на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека Владата годинава ќе се задолжи 950 милиони евра кај комерцијалните банки за покривање на дефицитот.  Осврнувајќи се на унгарскиот кредит и неговата намена, Битиќи синоќа во емисијата „Топ тема“ на Телма рече дека освен што станува збор за, како што рече, „корозивен капитал“, […]

СДСМ за ограничување на маржите: ВМРО-ДПМНЕ донесе мерки кои во опозиција ги критикуваше


Опозициската СДСМ денеска реагираше на најавената мерка на Владата за ограничување на маржите на основните прехранбени и непрехранбени производи, оценувајќи дека под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше. „Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ […]

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова


Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето. Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти. […]

Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените, вели потпретседателката на СДСМ, Костова


Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Трилинг“ истакна дека целото постапување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, откако се на власт во однос на сите економски политики коишто се вадат себе си од ситуација да понудат какви било решенија за сериозните економски и финансиски проблеми со коишто се соочуваат сите граѓани, е кукавичко. -Мицкоски е […]

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. – За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо […]

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија


Опозицискста СДСМ во соопштение до медиумите се осврнува на последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, а трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти. „Со […]

ДУИ ја обвини СДСМ дека не се однесува како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ


Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение ја обвини СДСМ, со која беше во коалиција во мината влада, дека се однесува како „заробена“ партија, а не како опозициска партија на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да се бори против актуелната власт, СДСМ се однесува како „заробена“ партија, која не се осмелува вистински да ја предизвика Владата, туку само […]

Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ […]

СДСМ: Со кршење на Деловникот е сменет Законот за просветна инспекција за ВЛЕН да вдоми свој кадар во просветниот инспекторат


Опозициската СДСМ денеска ја обвини владејачката коалиција дека со кршење на Деловникот е сменет Законот за просветна инспекција за ВЛЕН да вдоми свој кадар во просветниот инспекторат. Од оваа партија велат дека на овој налин ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш ја покажало својата сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ. „Најпрво со повлекување на Законот за средно […]

Ескалира палењето автомобили во Прилеп, СДСМ бара итна седница на општинскиот Совет


Од моментот кога за началник на ОВР – Прилеп и командир на прилепската Полициска станица беа именувани кадри на ДПМНЕ, Прилеп стана опасно и небезбедно место за живеење, сметаат од советничката група во Општина Прилеп од СДСМ. „Во тој период, за нецела година во нашиот град запалени се 18 патнички и товарни моторни возила, опожарен […]

СДСМ: РЕК “Битола” е надвор од производство


Опозициската СДСМ денеска преку соопштение посочува дека најголемиот енергетски капацитет во земјава, РЕК Битола, не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа, велат од СДСМ. “На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не […]

Новогодишната кошничка е нова измама на граѓаните од страна на власта, обвини СДСМ


СДСМ денеска обвини дека новогодишната кошничка е нова измама на граѓаните од страна на власта.  Како што изјави на прес конференција Симона Цветановска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, „Владата свесно манипулира со граѓаните а ги штити трговците“. Според Цветановска, премиерот  Мицкоски намерно им оставил време на трговците да ги качуваат цените, за сега, кога […]

Александар Димитриевиќ е нов генерален секретар на СДСМ (Видео)


  Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба. За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, […]

Интегрален текст од обраќањето на Венко Филипче на конгресот на СДСМ


  Денешниот онгрес е пресвртница во опозициското дејствување на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.  Нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата таму каде и е местото, на победнички патеки. СДСМ да продолжи да ја гради иднината на нашата Татковина.  Како човек, лекар, но и како политичар секогаш сакам да сум искрен. Јас немам волшебно решение со кое СДСМ […]

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство


СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор. Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата. Според […]