СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во тајна мисија за дијалог


Двете најголеми партии – владејачкиот СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ наголемо формираат работни групи кои треба да воспостават дијалог и да ги усогласат ставовите околу носењето повеќе закони за кои е потребен консензус или двотретинско мнозинство. Некои од групите, наводно, веќе и одржале првични средби. Ова го потврдуваат извори од двете партии, иако официјално не можат […]

СДСМ: Мицкоски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција


  Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија, сметаат од СДСМ. „ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги вовлекува собраниските служби во политикантски игри


Владејачката СДСМ реагираше на наводите на опозицијата дека се фрлени дел од амандмнаите што таа ги поднесе за Законот за јазиците. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена, како што е наведено, со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза. „Скандалозна е намерата на опозициската партија да ги вовлекува собраниските служби […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за само три недели нѐ задолжи со 600 милиони евра


Владата на Зоран Заев за само три недели ја задолжи Македонија за 600 милиони евра. На сила се турка неуставен закон за двојазичност, а од јавноста се крие што се договора за името на државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Демократија нема, а судовите политички и без никаква основа во притвор држат патриоти. Видни актери, уметници, режисери, архитекти, […]

СДСМ неделава ќе одлучи дали ќе поднесе амандмани за Законот за јазиците


Пратениците на СДСМ до крајот на неделата ќе донесат одлука дали ќе предложат амандмани по Законот за употеба на јазиците. Тие се уште го разгледуваат предлогот од претседателот Ѓорге Иванов, кој ги содржи забелешките на 14 страни. – Укажувањата на претседателот Иванов ги добивме вчера доцна попладне. Како пратеници ни треба време да ги разгледаме […]

ДУИ бара укинување на патните трошоци, СДСМ бара да се намалат на 33 отсто


Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска едногласно изгласаа ги измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со кои се предвидува намалување на средствата за патни трошоци за 33 проценти на пратениците и другите именувани и избрани лица. Пратеничката од ДУИ, Мирсада Емини […]

СДСМ: Иванов е заробен во политиките на раздор


  Со непотпишувањето на Указот за Законот за употреба на јазиците, Ѓорге Иванов повторно покажува дека не поседува капацитет да излезе од политиките на поделби и раздор во коишто е заробен со години и коишто ги промовира во секој негов јавен настап. Очигледно е, Иванов не знае да ги препознае европските вредности, сметаат во СДСМ. „На […]

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазиците е противуставен


  Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност со кој се деградира употребата на македонскиот јазик и истиот се сведува на ниво на еден од јазиците кои се говорат во Република Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Споредвпартијата, овој закон е во спротивност со Амандман 5 од Уставот. Со овој јазик се врши […]

СДСМ ќе ги намалува патните трошоци на пратениците


Пратеничката група на СДСМ денеска предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците и други избрани и именувани функционери за користење на сопствено возило во службени цели, како и отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби. Предлогот е надоместокот што го добиваат пратениците од 30 проценти да се намали на […]

Шилегов: Како ќе одлучи БЕСА, така ќе биде прифатено од СДСМ


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска не сакаша да ги коментира случувањата во Беса посочувајќи дека тоа е внатрешно прашање на партијата. – Секоја политичка партија во својот развој има определени стадиуми, начини како се развива. Ќе оставиме оваа политичка партија, тие луѓе сами да ги донесат своите заклучоци, како ќе се одлучи така […]

СДСМ: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош


Владата предводена од СДСМ неодамна реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните, кое се однесува на ранливите категории граѓани и кое обезбедува заштита на лицата кои се во социјален ризик, велат од СДСМ во денешното соопштение. „Неодамнешното потпишување на Меморандумот помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија, со […]

Заев си ги седна коалициските партнери во Влада


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, сите коалициски партнери од коалицијата „За живот во Македонија“ ги седна во Влада на последниот работен ден од годинава. Ваквите средби вообичаено се прават за да се осигура лојалноста и посветеноста на коалиционите партнери и нивната подготвеност да ги поддржат владините политики. Според владиното соопштение кое е едно од најсиромашните […]

СДСМ ја чека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието по празниците


СДСМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието по новогодишните празници и заедно со парламентарното мнозинство да работи во интерес на граѓаните. – Убедени сме и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушти старите практики за деструкција и кочење на процесите и оти веднаш по Новата година ќе се врати во Собранието и заедно со […]

Откако доби „црвен картон“ од ДУИ, Села мерка нови политички партнерства


„Одиме во опозиција и со најголема гордост ќе продолжиме да бидеме позитивни опозиционери за општеството. Ние сме отворени за комуникации и со СДСМ, и со ДУИ, и со БЕСА, и со ВМРО, со сите партии“, најави Арбен Таравари. Од „Алијансата за Албанците“ се децидни дека премиерот Зоран Заев бил ставен во тесна ситуација од коалицискиот […]

СДСМ: Црниот понеделник не смее да се повтори


СДСМ потсетува дека денешниот датум, 24 декември, ќе останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија. „Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници. Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна […]

Виси изборот на нови уставни судии


Иако СДСМ реши да присуствува на годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во парламентот, неизвесно е засега дали најмногубројната пратеничка група ќе даде поддршка и за кандидатите на шефот на државата за нови членови на Уставниот суд. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, ни изјави вчера дека нема сѐ уште конечна одлука во […]

„Алијансата за Албанците“ сепак со празни раце?


Зијадин Села од САД, каде што неофицијално се лекува од последиците од тепањето, побара да престанат подлите игри во Владата. Претседателот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, со нови пораки од САД до првиот човек на Владата на Македонија и негов моментален коалициски партнер, Зоран Заев. Села како противодговор дека е можно да го загуби […]

Старата и новата гарда си ги мерат силите, ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ нов претседател?


Датумот 23 декември е резервиран ден за вонредниот конгрес на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ. Според дел од политичките аналитичари во земјава, моменталниот статут на ВМРО-ДПМНЕ му дозволува на актуелниот претседател Никола Груевски да избере човек „марионета“ кого токму тој ќе го контролира за сѐ што се случува во партијата. Запрашан кој би можел да го наследи […]

Насер Рауфи, за случајот „Монструм“: „Наскоро ќе се знаат вистинските убијци“


Според тврдењата на Рауфи, случајот „Монструм“ е оркестриран и организиран од тајните служби и ќе биде расфетлен по најмногу пет сослушувања За ДУИ разврската од случајот „Монструм“ очекувана и праведна, од ВМРО – ДМПНЕ со остри обвинувања: Вистинските терористи со ослободуваат а патриотите се апсат! И по неколку денови не стивнуваат реакциите на политичките партии […]

Владиниот маркетинг чини 40.000 евра месечно


Донесовме само 26 луѓе, наследивме гломазен систем што не функционираше, работиме транспарентно, не се рекламираме, не вршиме притисок врз медиумите и за плати издвојуваме помалку од минатата власт. Вака, претставниците на Владата одговараат на обвинувањата од медиумите дека нивниот тим задолжен за односи со јавност, за промоција и за маркетинг брои најмалку 120 лица, од […]