Петровска: На Северна Македонија не ѝ треба слаба опозиција


Славјанка Петровска, досегашната министерка за одбрана, денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. – Денес, после 24 години активно членство во СДСМ, врз основа на повикот за самокандидирање, ја имав таа чест и привилегија да ја поднесам кандидатурата за претседател на СДСМ и заедно со пријавата секако го поднесов и Манифестот за социјалдемократијата. Тоа […]

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ


Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во текот на утрешниот ден се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.  Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи […]

Јован Деспотовски: На СДСМ му треба лидер, не пазар


Членот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Јован Деспотовски, кој ја најави својата кандидатура за претседател на партијата, денеска преку соопштение изјави дека доставил предлог изјава за дополнување на документите при кандидрање, со која кандидатите кои нема да бидат избрани се обврзуваат да останат надвор од партиските функции и тела. Во продолжение, интегралната изјава на […]

СДСМ започна постапка за избор на нов претседател


Во СДСМ денеска почнува постапката за вонредни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. За 9 јуни, недела, е закажан Конгресот на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат, а Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години. […]

Ковачевски се повлекува од функцијата претседател на СДСМ, побара свикување конгрес


Димитар Ковачевски на денешната седница на партискиот Извршен одбор официјално го потврдил повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побарал свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори. -Ковачевски го потврди повлекувањето на денешната седница на партискиот Извршен одбор на СДСМ која ја најави на 8 мај, како високо морален чин и согласно Статутот на партија иницираше свикување […]

СДСМ речиси протеран од Скопје


  Промената започна со локалните избори во 2021, беше навестена со првиот круг на претседателските избори, а запечатена на парламентарните избори на 8 мај. Грубо кажано СДСМ е речиси протеран од Скопје, затоа што поддршката за него е драматично намалена, а опасно му се приближува Левица, која во главниот град освои две петини од вкупниот […]

Деспотовски бара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не одложени


  Еден од повидните членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски, кој е и актуелен директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), денеска побара оставки од раководството на СДСМ веднаш, а не со одложено дејство и условени. Во писмена изјава упатена до медиумите Деспотовски вели дека за првиот чекор кон овие одлуки […]

За Ковачевски резултатот на СДСМ е поразителен, им честиташе на Силјановска и на Мицкоски


  Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на прес-конференција го призна поразот на претседателските и на парламентарните избори и им честиташе на политичките противници, Гордана Сиљановска-Давкова и на ВМРО–ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски за изборниот успех. Тој истовремено најави длабоки и суштински реформи во СДСМ на сите нивоа, кои како што рече, треба […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде на пензионерите 5.000 денари само првата година. За понатаму не знаат


  За да го исполни изборното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине сегашната методологија пензиите да се усогласуваат со стапката на инфлација и порастот на просечната плата. Ова го изјави во понеделникот вечерта Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во дебатна емисија на ТВ24. Таа рече дека зголемувањето делумно […]

СДСМ: Не смееме да дозволиме да се повтори 27 април


СДСМ преку партиско соопштение денеска потсети на немилите настани од 27 април  2017 година кога се случи познатиот упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“). Тогаш околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. „27 април […]

Кузеска: Претседателските избори имаат два круга


Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаат за исклучоци. Вели дека повикувале на масовност и граѓаните слободно да одлучат за иднината на државата и граѓаните. „Претседателските […]

По ЕСМ, акции и од МЕПСО: Што ќе значи ова за граѓаните, а што за пазарот на капитал


  Акциите од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) што ги вети СДСМ како дел од предизборната програма, граѓаните би ги добиле веќе во 2025 година, а за 2028 година е предвидена распределба според истиот модел и за уште едно државно претпријатие – електропреносниот оператор МЕПСО. Ова е наведено во програмата со која СДСМ настапува за […]

Изменет режим на сообраќај во Скопје во сабота и во недела – се одржуваат политички митинзи


Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21.04.2024 во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност  на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19 часот […]

СДСМ со порака „Нема откажување од иднината“: Членството во ЕУ е единствениот пат


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска на почетокот на кампањата за парламентарните избори порача дека главен фокус на партијата и на коалицијата за претстојните избори останува членството во Европската унија бидејќи тоа е единствениот пат за подобра иднина на нашите семејства. Во обраќањето пред сопартијците и претставници на коалицијата, како и на кандидатите за пратеници, […]

Олаф Шолц: Гласот за СДСМ, Ковачевски и Пендаровски е глас за европската иднина на Македонија


  Германскиот канцелар Олаф Шолц, во име на Социјалдемократската партија на Германија, упати порака во која искажа поддршка за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на претседателот на партијата Димитар Ковачевски и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, за претстојните избори и за натамошниот европски пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија. „Изборот е во ваши […]

СДСМ бара одговор од Даштевски како се нашол на списокот на ВМРО-ДПМНЕ


Даниела Николова, пратеничка на СДСM побара одговор од претседателот на ДИК, Александар Даштевски, како неговото име се нашло на документ на ВМРО-ДПМНЕ со кој се даваат задолженија за влијание на гласачи.  „Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен […]

Пендаровски: Ќе работам за плата, а не за проценти


  Вечерва во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа конвенцијата на петседателскиот кандидат и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски. Доаѓањето на Пендаровски беше најавено и бурно поздравено со тапани, а поддршка за кандидатурата му дадоа познати глумци и јавни личности, кои ги истакнуваа скромноста, чесноста и отвореноста за сите граѓани како негови карактеристики додека […]

Изборни програми „кој ќе даде повеќе“


  Иако изборната кампања не е почната, политичките партии излегоа со изборните ветувања во кои превладува дневен популизам или бројки. Впечатокот е дека изборните ветувања се претвораат во јавни наддавања и лицитирања – кој ќе понуди повеќе, па така откако, на пример, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе им даде 5.000 денари еднократно на пензионерите првата година, […]

Ковачевски: Докажавме дека е можно да се има поголеми плати и повеќе демократија


Економската програма на СДСМ предвидува повеќе за сите – подобар живот за сите, доближување на животниот стандард до европскиот и сето тоа преку издржани и конкретни мерки. Нашиот фокус е на четири основни столба: човечки капитал, продуктивност, иновативност и конкурентност. Проектираме просечна стапка на раст на економијата од 5,1 отсто во наредните четири години и […]

Состанок на Стопанската комора на Северна Македонија со претставници на СДСМ


Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи работен состанок со претставници на политичката партија СДСМ. Пред средбата предвидени се изјави за медиумите од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.