Шефот на Светска банка Дејвид Малпас се повлекува од функцијата


 Шефот на Светска банка, Дејвид Малпас, денеска објави дека ќе се повлече од функцијата до крајот на јуни. „По долго размислување, одлучив да се насочам кон нови предизвици“, наведе 66-годишниот Малпас во изјава од банката, откако го извести својот одбор за одлуката. „Ова е можност за непречена транзиција на лидерството бидејќи Банката работи за да […]

Светска банка: Се намалува невработеноста во регионот, каде е Македонија?


Босна и Херцеговина води по бројот на невработени во Западен Балкан, а Србија има најниска стапка на невработеност, објави денеска Светската банка. Истовремено, стапката на невработеност во петте земји од Западен Балкан е намалена за 13,5 отсто во последните 15 години, завршувајќи кон средината на 2022 година, објави Светска банка, пренесе Радио Слободна Европа. Во […]

Светската банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција


Светската банка најави помош за Турција од 1,78 милијарди долари, за итни потреби и закрепнување. – Обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на итните потреби на теренот, се вели во соопштението на претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.     Според последните податоци, само во Турција во земјотресот загинаа повеќе од 17.000 луѓе. 

Со 24,9 милиони евра ќе се воспостават три нови информациски системи за управување со јавните финансии


  Преку проект во вредност од 24,9 милиони евра ќе се воспостават три нови информациски системи со кои ќе се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и ќе се зголеми ефективноста на администрирањето на приходите. Дваесет милиони евра се заем од Светската банка, а 4,9 милиони евра се грант од ЕУ што ќе се администрира преку СБ. […]

Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија за оваа и за наредната година


Светска банка ја намали прогнозата за раст на домашниот бруто-производ на Македонија за оваа година за 0,7 процентни поени во однос на јунските проекции, на 2,4 отсто, покажува најновиот, јануарски, извештај на банката „Глобални економски изгледи“, објавен вчера. Намалени се и прогнозите за наредната 2024 година за 0,5 процентни поени на 2,7 отсто, стои во […]

Светска банка: Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра


  Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми. – Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и Владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи […]

Наредната година енергентите ќе поевтинат 11 отсто, прогнозира Светската банка


  Светската банка соопшти дека очекува цените на енергенсите идната година да паднат за 11 проценти, по 60-процентниот раст годинава по руската инвазија на Украина, со забелешка дека забавениот глобален раст и ограничувањата за коронавирусот во Кина би можеле да доведат и до подлабок пад. Во својот најнов извештај за изгледите на пазарот на стоки, Светска […]

Ковачевски: Светска банка нотира дека имаме најробусна поддршка во регионот за справување со кризата


  Извештајот на Светска банка (СБ) нотира дека нашата држава има најробусна поддршка во однос на справувањето со кризата во регионот, оцени денеска премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека Владата од почетокот на годината направи два пакета на мерки од кои првиот беше во износ од 400 милиони евра, а вториот од 360 милиони евра треба […]

Светска банка не очекува рецесија во Македонија, но не исклучува квартален негативен раст


  Светска банка не очекува да се случи рецесија во  Македонија во однос на севкупниот учинок, иако е можен квартален негативен раст, а тоа може да биде видливо дури и оваа година. Сепак, како што посочија експерти на Светска банка кои денес во Скопје го презентираа најновиот есенски економски извештај за земјите од Западен Балкан, […]

(Видео) Презентација на извештаите на Светска банка за економската состојба во земјите од Западен Балкан


  Светска банка организира презентација на 22. издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија).  

Годишни состаноци на Светска банка и ММФ: Во фокусот проблемите на економиите во развој


  Годишните состаноци на ММФ/Светска банка во Вашингтон што почнаа во понеделникот и ќе траат до сабота опфаќаат разговори за голем број пазари во развој, притиснати од зголемената инфлација и трошоците за задолжување во позадина на забавување на глобалниот раст. Економскиот удар од руската инвазија на Украина ги зголеми притисоците што се појавија за време […]

Инфлацијата може да стане како „воз кој излегол од контрола“, предупреди шефицата на ММФ


  Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупредија за зголемениот ризик од глобална рецесија, при што инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина. „Постои ризик и реална опасност од глобална рецесија следната година“, рече Малпас на почетокот на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска […]

Македонската економија може да влезе во стагфлација, предупредува Светска банка


  Светска банка во најновиот есенски Економски извештај за Европа и Централна Азија, предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,1 отсто, додека во наредната растот на домашниот бруто-производ ќе изнесува 2,7 отсто, а во 2024 година 2,9 отсто. Сепак, Светска банка предупредува на можноста земјата да влезе во зоната на стагфлација, односно на […]

Се ниша фотељата на првиот човек на Светска банка, бил „негатор на климата“


  Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, во вторникот повика на промена на раководството на Светска банка и на нејзиниот претседател Дејвид Малпас, жалејќи се дека институцијата не прави доволно за да финансира проекти за чиста енергија во сиромашните нации. „Мораме да ги отстраниме највисоките слоеви на ризик од пристапот до капитал во овие земји […]

ММФ и Светска банка предупредуваат: И умерен удар може да го турне светот во рецесија


  За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто. „Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија“, велат од ММФ. […]

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево


  Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот Бесими ќе има свое излагање […]

Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 отсто за годинава


 Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Северна Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто во 2023 година. Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намали претходните економски проекции за земјава, годинава за еден процентен поен, а за 2023 за 0,3 процентни поени. Економскиот раст во 2024, според проекциите […]

Светска банка одобри дополнителни 1,49 милијарди долари за Украина


Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници. Со оваа сума, вкупната финансиска помош од Светска банка за Киев, надминува четири милијарди долари. На 8 март, Светската банка одобри помош од три милијарди, со […]

Светска банка предупредува: Глобалната економија ќе страда од стагфлација како во 1970-тите


  Светска банка во вторникот ја намали прогнозата за глобален раст за 1,2 процентни поени на 2,9% за 2022 година, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина ја зголеми штетата од пандемијата на Ковид-19, при што многу земји веројатно ќе се соочат со рецесија. Руската инвазија на Украина го зголеми забавувањето на глобалната економија, која сега […]

Ангеловска Бежоска ‒ Бјерде: Светска банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност


Светската банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност, беше посочено на работна средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Ана Митреска и Емилија Нацевска со потпретседателката на групацијата на Светската банка за регионот, Ана Бјерде. Како што информираат од Народната банка, на средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка […]