Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка


Собранието вечерва ги донесе Законот за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка и Законот за задолжување […]

Грант од 2 милиони долари за документација и обука за искористување на водите на Злетовица


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката […]

Украина ќе добие од Светска банка 3,4 милијарди долари за реконструкција и развој


Украина треба да добие дополнителни 3,39 милијарди долари помош од Светска банка, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко денеска на Конференцијата за закрепнување на Украина, каде што се сретна со претседателот на Светска банка, Аџај Банга, јави ДПА. Од оваа сума 2,35 милијарди долари треба да бидат обезбедени како грантови за стабилизирање на Украина и нејзината […]

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб од почетокот на Ковид пандемијата


Светската банка очекува глобалната економија годинава да го забележи најслабиот раст од почетокот на Ковид пандемијата, поради последиците од војната со Иран. Во извештајот објавен денеска, институцијата ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2026 година за 0,1 процентен поен, на 2,5 проценти. За споредба, глобалната економија минатата година порасна за 2,9 проценти. Причините […]

Светска банка ќе обезбеди експертска поддршка за воведувањето на инстант плаќања во земјава


Светската банка (СБ) и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка (НБ) за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (Target Instant Payment Settlement) на Европската централна […]

Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески учествуваат на пролетните средби на ММФ и Светска банка


 Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 18 април престојува во САД, Вашингтон, каде што ќе учествува на пролетните средби на ММФ и Светската банка. За време на престојот, информираат од Министерството за финансии (МФ), Димитриеска-Кочоска ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, ќе оствари средби во Трезорот […]

ММФ, Светска банка и ИЕА предупредуваат на економските последици од војната на Блискиот Исток


Лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Групацијата на Светска банка (СБ) и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупредија дека војната на Блискиот Исток има силно и нерамномерно влијание врз глобалната економија, особено погодувајќи ги земјите кои зависат од увозот на енергија. Заедничкото соопштение е објавено по состанокот во Вашингтон, одржан во рамките на координативната група […]

Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање


Народната банка внимателно ги следи трговските и геополитичките тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и по блокадата на Ормутскиот Теснец, коишто ги зголемија светските ризици, создавајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата. Во услови на висока неизвесност, Народната банка е фокусирана особено на меѓународните и […]

Божиновска – Ју: Продолжува соработката со Светска банка во енергетиката


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска имаше работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, директорка на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија. Како што соопштија од МЕРМС, оваа средба е продолжение на досегашната соработка и координација за имплементацијата на клучните проекти во државата, меѓу кои […]

Николоски во Светска банка ги презентирал коридорите 8 и 10 и модернизацијата на железницата


Ги отворивме можностите за зголемување на партнерството со Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкурентност, наведува во објава на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е во посета на САД. Николоски истакнува дека инвестициите во инфраструктурата, транспортот […]

Божиновска на средба со делегација на Светска банка, во фокусот гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г. Charles Cormier, Регионален директор за инфраструктура (транспорт и енергија), и г-ѓа Xiaoqing Yu, Директорка на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Средбата беше посветена на стратешките енергетски приоритети, зелените инвестиции и унапредувањето на институционалната […]

Мисијата на Светска банка на разговори во Фондот на ПИОМ за активностите во рамките на Проектот СИАП


Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, била дел од темите на кои разговарале директорот на Фондот, Никола Мемов на средбата со претставниците на Мисијата на Светска банка предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика. На средбата, како […]

Светска банка: Регионот на Западен Балкан се соочува со криза на работна сила


Се очекува шест земји од Западен Балкан да постигнат просечен раст на бруто домашниот производ од 3,1 процент во 2026 година, што би било малку повисоко од оваа година и недоволно за да ги задоволи потребите на нивните граѓани, според новиот редовен извештај на Светската банка (СБ) објавен во вторник. Аналитичарите на СБ велат дека […]

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027


Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за […]

Нови 15 милиони евра задолжување од Светска банка за основното образование, опозицијата вели за една година сме се задолжиле 1,8 милијарди евра


Собранието на денешната 67. седница на на понатамошно второ читање проследи неколку предлог-закони, меѓу кои и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование. Заменик-министерот за финансии, Николчо […]

Народна банка со помош на Светска банка ќе ја зајакнува функцијата за справување со проблематични банки


Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски […]

Прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван


 Од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка, истакнале на првата официјална средба гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На […]

Со стапки на раст како изминатите 5-6 години, европскиот просек ќе се стигне за 60-70 години


Планот на Владата за зголемување на приходите по глава на жител на 10.000 долари ќе зависи од стапката на раст, а за повисоки приходи треба да се работи на квалитетно образование, конкурентно опкружување и поголема енергетска ефиканост, оцени денеска Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. – Зависи сепак од […]

Најниски во регионот: Македонија годинава со раст од 2,6 отсто, предвидува Светска банка


  Растот во Северна Македонија во 2025 година се очекува да достигне 2,6 проценти, најниско во однос на растот на БДП во другите земји од Западен Балкан, покажува Редовниот економски извештај за Западен Балкан објавен денес од страна на Светска Банка.  Изгледите за раст на БДП во Македонија во наредните две години се слични, 2,7 […]

Пролетниот состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 април во Вашингтон


Пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка ќе се одржи од 21 до 26 април во Вашингтон, со учество на гувернери на централни банки, министри за финансии и развој, претставници на приватниот сектор, невладини организации и академска заедница. На состанокот ќе се дискутира за глобалната економска перспектива, искоренувањето на сиромаштијата, економскиот развој […]