Светска банка наскоро ќе објави проценка на материјалната штета во Појасот Газа


 Светска банка ќе објави проценка за штетите на инфраструктурата во Газа, заедно со ажурирана проценка на штетите во Украина на 25 февруари, изјави денеска извршната директорка Ана Бјерде. Таа нагласи дека извештајот за Газа, подготвен заедно со Обединетите нации и Европската Унија, ќе даде поцелосен преглед на штетите што ги претрпе палестинската енклава во војната […]

Светска банка ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Кина во 2024 година на 4,9 отсто


Светска банка денеска ја зголеми својата прогноза за економскиот раст на Кина на 4,9 отсто во 2024 година и 4,5 отсто во 2025 година, но предупреди дека пониската доверба на домаќинствата и бизнисите, заедно со тешкотиите во секторот на недвижности, ќе продолжат да претставуваат проблем за економијата. Во претходната јунска прогноза, Светска банка очекуваше кинеската […]

По лошите оцени за УЈП од Светска банка: Треба да бидеме поддршка, а не бариера на компаниите, вели директорката Петрова


Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова вели дека оценката од Извештајот на Светска банка дека државава има најлоши резултати во делот на оданочувањето е разочарувачка и покажува оти пред УЈП има големи предизвици во делот на оданочувањето и оперативната ефикасност. Но, според Петрова, тие предизвици се остварливи и има реални можности Управата […]

Диверзификација на извозот, независни институции… Што им препорача Светска банка на пратениците за развој на приватниот сектор


Да се создаде бизнис околина што ќе биде предвидлива и ќе ги намали трошокот и времето на фирмите во делот на административните и бирократските барања, формирање на иновативен еко систем којшто ќе ги доближи новите технологии и знаења до македонските фирми, финансиски сектор кој ги опфаќа сите форми и ќе нуди разновидни финансиски услуги со […]

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост


Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на […]

Светска банка предлага зголемување на ДДВ на 19 отсто и зголемување во фази на возраста за пензионирање


  Северна Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците, се вели во новиот извештај на Светска банка „Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и зајакнување […]

Светска банка: Подобрата фискална дисциплина ќе помогне за справување со сè поголемиот долг


Северна Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците, се вели во новиот извештај со наслов: „Преглед на јавните финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и поттикнување […]

Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени


Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за […]

Битиќи: Извештајот на Светска банка со аларматни и поразителни податоци за економската состојба во земјата


Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот […]

Македонија годинава со раст на БДП од само 1,8 отсто, најнизок во регионот, прогнозира Светска банка


  Македонија годинава ќе забележи раст на домашниот бруто-производ од само 1,8 отсто, убедливо најнизок во споредсба со земјите од регионот, покажува најновиот полугодишен извештај на Светска банка за Западен Балкан. За споредба, според извештајот, Албанија годинава ќе има раст на БДП од 3,3 отсто, Босна и Херцеговина од 2,8 отсто, Косово од 3,8 отсто, […]

Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан


Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“. Како што информираат од Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист и Јоана […]

Светска банка: Војните, климатската криза и ковидот ја запреа борбата против сиромаштијата


Војните, долговите, климатската криза и пандемијата го запреа напредокот во борбата против сиромаштијата, предупреди денеска Светска банка. Институцијата со седиште во Вашингтон соопшти дека според сегашните трендови ќе бидат потребни повеќе од 30 години за речиси 700 милиони луѓе кои живеат со помалку од 2,15 долари на ден да се издигнат над општоприфатената дефиниција за […]

Светската банка: Најсиромашните земји во светот се соочуваат со рекордна задолженост и ранливост


Дваесетте најсиромашни земји во светот, дом на 40 отсто од најсиромашните луѓе, се најзадолжени од 2006 година и се поранливи на природните катастрофи и економските шокови, покажува новиот извештај на Светската банка. Извештајот укажува дека овие земји денес, во просек, се посиромашни отколку пред пандемијата Ковид-19, иако остатокот од светот во голема мера се опорави. […]

Економските штети од климатските промени може да ја чинат Македонија 4 отсто од БДП, вели Светска банка


Северна Македонија би можела да се соочи со економски штети до 4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2050 година, поради влијанието на климатските промени, се вели во новиот Извештај за климатски промени и развој на земјата (CCDR) на Светската банка, кој денес беше објавен во Скопје. Според извештајот, Северна Македонија треба да инвестира […]

Светска банка го откажа рекламирањето на Х откако под нејзиниот назив се појавиле расистички постови


Светска банка ја прекина сета платена реклама на социјалната мрежа X на Илон Маск, откако некои американски медиуми открија дека промовирани реклами на оваа меѓународна институција се појавиле под расистички пост од профил кој често објавува неонацистичка и националистичка содржина што пропагира супериорност на белата раса. Телевизијата „Си-Би-Ес њуз“ откри верифициран профил на X со […]

Светска банка: Македонија треба брзо да воведе цена на емисии на ЦО2, може да собере 730 милиони евра годишно


Северна Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности кои влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа на […]

Светска банка ја подобри прогнозата за овогодишниот раст на глобалниот БДП


Светска банка ја подобри прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за 0,2 процентни поени на 2,6 отсто. Зголемувањето главно се должи на еластичната приватна потрошувачка во САД. Очекувањата за следната година за светот останаа на раст од 2,7 отсто, што инаку е под просечната стапка од 3,1 отсто во периодот пред пандемијата. Според […]

Светска банка објави план за обезбедување квалитетни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година


Групацијата на Светската банка објави амбициозен план за поддршка на земјите во обезбедувањето квалитетни, достапни здравствени услуги за 1,5 милијарди луѓе до 2030 година. Планот беше претставен на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд и Групацијата на Светската банка, што се одржува од 15 до 20 април во Вашингтон. Тој план е дел од пошироките […]

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји


Во повеќе од половина од 75-те најсиромашни земји во светот, и покрај нивниот важен потенцијал во суровини и активно младо население, БДП по глава на жител во 2023/2024 година расте побавно отколку во богатите земји, што ја зголемува нееднаквоста, соопшти Светската банка. За една третина од тие земји, БДП по глава на жител сега е […]