(Видео) Саудиска Арабија гради град за 9 милиони луѓе, потполно самоодржлив


  Импресивни снимки од дрон покажуваат дека на северозападот на Саудиска Арабија почна изградбата на најавениот „град на иднината“, а се предвидува дека ќе чини милијарда долари. Видеото го снимила саудиската компанија „Ot Sky“, а на него се гледа почетокот на изградбата на мегаградот наречен „The Line”. “The Line” се гради во склоп на развојниот […]

Бајден: Саудиска Арабија ќе има последици поради одлуката за намалување на производството на нафта


  Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „ќе има последици“ за Саудиска Арабија по минатонеделната одлука на земјите од нафтениот картел „ОПЕК плус“ за намалување на производствените квоти. „Ќе има последици за она што го направија со Русија“, изјави Бајден во интервјуто за „Си-ен-ен“, без да прецизира какви одлуки може да се донесат. Неодамнешната одлука […]

Саудиска Арабија ќе испрати астронаутка во вселената следната година


Саудиска Арабија објави дека следната година ќе ја испрати својата прва жена астронаут во вселената како дел од амбициозната вселенска програма, јави ДПА. Саудиската вселенска комисија во четвртокот започна програма за астронаути за обука на саудиските граѓани за краткорочни и долгорочни летови во вселената, објави Саудиската прес агенција. Првиот лет е планиран за 2023 година […]

Саудиска Арабија планира да изгради два гигантски облакодера во пустина – долги 120 километри и високи 490 метри


  Саудиска Арабија ги претстави плановите за облакодер од 1.000 милијарди долари, долг 120 километри, направен од огледално стакло, кој ќе се протега низ нејзината пустина и ќе биде повисок од Емпаер стејт билдинг. Огледалната линија ќе биде дел од пустинскиот град наречен Неом – кој ќе биде приближно со големина на Масачусетс – а […]

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман


Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Како што јавија сгтранските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници. Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка. За време на кампањата […]

Естонија нема рафинерија, а извезува гориво на најголемиот извозник на нафта


Естонија, земја без ниту една рафинерија за нафта, ги зголеми своите испораки на мазут во Саудиска Арабија, пишува Блумберг. Балтичката земја во јуни ќе испорача повеќе гориво за производство на електрична енергија и испорака на најголемиот светски извозник на сурова нафта отколку во кој било месец во изминатите неколку години. Во реалноста, горивото најверојатно потекнуваа […]

Бајден идната недела во посета на Израел и на Саудиска Арабија


Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги посети Саудиска Арабија и Израел следниот месец, а Белата куќа планира да објави за посетата оваа недела, јавија американски медиуми, повикувајќи се на извор запознат со плановите. Според изворот, за време на посетата на Саудиска Арабија, Бајден би можел да се сретне со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Портпаролот на […]

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер


Возачот на Хас, Мик Шумахер доживеа тешка сообраќајна несреќа на пет минути пред крајот на вториот квалификациски сегмент за Големата награда на Саудиска Арабија. Шумахер ја загуби контролата на болидот во свиокот 12 и силно удри во бариерите. Медицинско возило се упати кон тркачот. „Формула 1“ се уште нема прикажано реприза на инцидентот во преносот. […]

Рафинериите на Грција и Саудиска Арабија со првичен договор за дополнително снабдување со сурова нафта


Грција – Првичен договор, Грција да добива дополнителни резерви на сурова нафта од Саудиска Арабија, постигнале рафинериите од двете земји ЕЛПЕ и Арамко, објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, медиумите во Грција пишуваат дека првичниот договор бил постигнат за време на првиот бизнис форум меѓу двете земји одржан во Ријад, […]

Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи


Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи во шпанската железничка компанија „Ренфе“. Ова е првпат во историјата на Саудиска Арабија жените да имаат пристап до оваа професија, се вели во соопштението на компанијата. Како што е наведено, масовниот одѕив ја покажува големата трансформација на жените како дел од […]

Саудиската принцеза ослободена по три години во притвор без обвинение


Саудиска Арабија – Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март […]

Си-Ен-Ен: Саудиска Арабија произведува балистички ракети со помош на Кина


САД –   Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Саудиска Арабија активно произведува сопствени балистички ракети со помош на Кина, јави Си-Ен-Ен. Сателитски снимки до кои дојде оваа американска телевизија покажуваат дека Ријад произведува софистицирано оружје на најмалку една локација. Американските власти во голем број агенции, вклучително и Советот за национална безбедност на Белата куќа, беа информирани […]

Два и пол милиони верници на аџилак во Саудиска Арабија


Саудиска Арабија – Речиси два и пол милиони муслимански верници учествуваа денеска во симболичното „каменување на ѓаволот“ за време на завршните денови на аџилакот во Саудиска Арабија. Претходно, аџиите вчера се искачија на планината Арафат каде пророкот Мухамед ја одржа последната проповед пред околу 1.400 години, повикувајќи на еднаквост и единство меѓу муслиманите. Аџилакот е еден […]

Миланската скала изложена на критики поради предложеното финансирање од Саудиска Арабија


Италијанската опера, миланска „Скала“ е цел на критики поради предлогот министерот за култура на Саудиска Арабија да добие место во Управниот одбор, што на институциујата би и донело дополнителни 16,8 милиони долари. Во минатонеделното интервју за „Република“, директорот на миланската „Скала“ Александер Переира потврди дека операта преговара за такво финансирање од Ријад. – Целта е […]

Нови детали: Кашоги запален во печка, горел три дена


Телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги веројатно е спалено во голема печка која се наоѓа во амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул. Нови информации се објавени во документарниот филм што во недела вечерта го емитуваше телевизијата Al Jazeera Arabic. Турските власти веќе од претходно се сомневаа на печката која се наоѓа во дворот. Освен […]

Адеми ги одби милионите на Билиќ


Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми ја одби понудата на богатите шеици да премине во Ал Итихад во Саудиска Арабија. Клубот што го води Славен Билиќ, беше подготвен да плати пет милиони евра за во своите редови да го донесе капитенот на Динамо Загреб, но 28-годишниот фудбалер без размислување рече „не“. Неговите пријатели за хрватските медиуми […]

Федерер одбил да игра во Саудиска Арабија


Франција– Роџер Федерер откри дека добил понуда да настапи на егзибициониот натпревар во Саудиска Арабија, но уште претходно ја одбил. На мечот на 22 декември во Џеда треба да настапат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но и нивниот настап станува неизвесен поради политичката ситуација во земјата по убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудиската амбасада […]

Саудискиот државен обвинител пристигна во Турција


Турција – Главниот државен обвинител на Саудиска Арабија, Сауд ал Моџаб, допатува ноќеска во Турција во рамки на истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул, јави Анадолија. Ал Моџаб во Истанбул ќе има средба со главниот турски обвинител Ирфан Фидан, и ќе го посети Конзулатот на Саудиска Арабија. Џамал Кашоги, новинар […]

И Белгија планира да го прекине извозот на оружје во Саудиска Арабија


Белгија – Белгиските власти размислуваат повторно да го стопитраат извозот на оружје воСаудиска Арабија, овој пат поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. За тоа прашање ќе одлучуваат властите во Валонија и федералната Влада. Саудиска Арабија минатата година беше најголем клиент на валонскиот воено индустриски комплекс. Ријад купи оружје во вредност од 153 милиони евра. Белгискиот […]

Трамп: За последиците по Саудиска Арабија по средбата со принцот


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со саудискиот принц Мухамед бин Салман за тоа дали Саудиска Арабија ќе сноси последици поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп истакна дека за тоа прашање првенствено ќе се консултира со американскиот Конгрес. Американскиот претседател минатата недела повеќе пати изјави дека е против какви било […]