Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море


Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака […]

„Хјуман рајтс воч“: Етиопски мигранти егзекутирани во Саудиска Арабија по кратки судења без адвокати и преведувачи


Петмина државјани на Етиопија оваа недела биле егзекутирани во Саудиска Арабија по обвиненија поврзани со дрога, по судски процес во кој, според организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“, не биле почитувани основните стандарди за правично судење. Организацијата соопшти дека најмалку уште 79 Етиопјани се соочуваат со смртни казни по слични обвиненија. „Хјуман […]

Саудиска Арабија го врати полниот капацитет на нафтоводот „Исток-Запад“ на седум милиони барели дневно


Саудиска Арабија го врати полниот капацитет за пренос на нафта по нафтоводот „Исток-Запад“, кој изнесува околу седум милиони барели дневно, се наведува во денешното соопштение. Енергетските постројки и нафтоводот, кои беа засегнати од нападите за време на конфликтот со Иран, се целосно санирани и го вратија својот оперативен капацитет. Овој нафтовод е од стратешко значење […]

Саудиска Арабија ќе произведува 600.000 барели дневно помалку заради оштетените енергетски постројки


Нападите врз енергетските постројки во Саудиска Арабија го намалија капацитетот за производство на нафта за околу 600.000 барели дневно, а пропусниот капацитет на гасоводот Исток-Запад за околу 700.000 барели дневно, објавија државните саудиски медиуми, повикувајќи се на официјален извор во саудиското Министерство за енергетика. Од почетокот на американско-израелската војна со Иран, Саудиска Арабија беше нападната […]

Саудиска Арабија купува ракети-пресретнувачи на дронови од Украина


Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за купување на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Двете земји исто така преговараат и за многу поголем договор за вооружување, што набрзо би можел да биде финализиран. Украина се обидува да ги продаде своите поевтини решенија на светот, особено своите беспилотни летала-пресретнувачи, кои широко ги користи против […]

Со автобуси би се извлекувале луѓе од ОАЕ до Саудиска Арабија


 Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани, кои се затекнати во ОАЕ, ќе се одвива преку копнената граница кон […]

Нова нуклеарна сила на повидок: Саудиска Арабија би можела да збогати ураниум во договор со САД


Саудиска Арабија би можела да добие некаков вид збогатување на ураниум на територијата на кралството како дел од предложениот нуклеарен договор со САД, според конгресните документи и организацијата за контрола на оружјето. Како што пишува АП, ова предизвикува загриженост за ширењето на нуклеарно оружје додека нуклеарниот застој меѓу Иран и Америка продолжува. И сегашниот американски […]

Ќе се воспостави директна авионска линија до Саудиска Арабија?


Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување на Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството на Саудиска Арбија.   Целта на Спогодбата е воспоставување на правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Би сакале да потенцираме дека досега меѓу двете држави, не се одржувал воздушен сообраќај.   Со […]

Крај на футуристички сон: Саудиска Арабија го „скрати“ Неом, ништо од град долг 170 километри


Амбициозниот проект на принцот Мохамед бин Салман се соочува со реалноста. Водечкиот проект на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, футуристичкиот град Неом, ќе биде значително намален и редизајниран. Пречекорувањата на буџетот, одложувањата и ниските цени на нафтата го принудија Ријад радикално да го промени курсот. Како што објави „Фајненшл тајмс“, прегледот на овој масивен развоен проект […]

Трамп: Саудиска Арабија се согласи да инвестира 600 милијарди долари во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Саудиска Арабија се согласила да инвестира 600 милијарди долари во САД. – Сакам да ви се заблагодарам што се согласивте да инвестирате 600 милијарди долари во САД. Тој (Мохамед бин Салман) е мој пријател, можеби ќе инвестира до еден трилион долари, но ќе морам да соработувам со него, […]

Потпишан воен пакт: Пакистан ќе ја брани Саудиска Арабија со нуклеарно оружје


Саудиска Арабија и нуклеарно вооружениот Пакистан во вторник потпишаа договор за меѓусебна одбрана, значително зајакнувајќи го децениското безбедносно партнерство во време на зголемени регионални тензии. Зајакнувањето на одбранбените врски доаѓа во време кога земјите од Заливот се повеќе се претпазливи во однос на сигурноста на САД како нивен долгогодишен гарант за безбедност. Нападот на Израел […]

Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден


Саудиска Арабија егзекутира осум осуденици во еден ден, јавија денеска локалните медиуми. Официјалната саудиска новинска агенција СПА наведе дека седуммина, четворица сомалиски и тројца етиопски државјани, биле егзекутирани поради шверц на дрога. Еден Саудиец бил егзекутиран поради убиство на мајка. Од почетокот на 2025 година, Саудиска Арабија егзекутирала 230 луѓе, од кои 154 врз основа […]

Почина „заспаниот принц“ – беше во кома 20 години


Принцот Ал Валид бин Халед бин Талал, познат на милиони како „Заспаниот принц“ на Саудиска Арабија, почина по 20 години во кома, објави неговото семејство во саботата, објави The National. Принцот, внук на саудискиот милијардер и инвеститор, принцот Алвалид бин Талал, беше во кома од 2005 година, кога беше примен во болница по сообраќајна несреќа. […]

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT), на која, меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите […]

Саудијците го пречекаа Трамп со арапско кафе, а авионот доби интересна придружба пред слетувањето (видео)


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во посета на Саудиска Арабија, а на аеродромот беше пречекан од престолонаследникот Мохамед бин Салман. Пред слетувањето на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, авиони Ф-15 на Кралските саудиски воздухопловни сили обезбедија почесна гарда на авионот во кој се наоѓаше Трамп. По слетувањето во Ријад, лидерите се повлекоа во голема сала […]

Катастрофални услови, мртви работници: Како се создава најнеобичниот град во светот,  широк само 200 m


Градот Линија во Саудиска Арабија е дизајниран како чудна градба која е широка само 200 метри, но долга 170 километри. Изградбата на најнеобичниот град во светот, наречен The Line, се уште трае и покрај бројните проблеми, огромните трошоци и катастрофалните услови на градилиштето, кои наводно убиле многу работници. Градот Линија во Саудиска Арабија е замислен […]

Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната


Војната во Украина следната недела е високо на дипломатската агенда, а се очекуваат неколку разговори на високо ниво, јави Би-Би-Си. На дневниот ред има неколку точки – вклучително и разговори во Саудиска Арабија со цел воспоставување прекин на огнот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека в понеделник ќе отпатува за Саудиска Арабија на разговори со […]

Трамп: Одам во Саудиска Арабија да потпишам договор вреден билион долари


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека најверојатно ќе го направи своето прво патување во странство во Саудиска Арабија за да потпише договор со Ријад за инвестирање повеќе од илјада милијарди долари во американската економија, вклучително и купување воена опрема. Трамп рече дека најверојатно ќе отпатува таму во текот на следниот месец и половина.Тој одаде […]

Саудискиот престолонаследник: Сакаме да инвестираме 600 милијарди долари во САД


Саудискиот престолонаследник изјави денеска дека Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари (577 милијарди евра) во САД во следните четири години. Тој го изјави ова откако претседателот Доналд Трамп претходно навести за високата цена на враќањето во кралството како негова прва странска дестинација, пренесува АП. Посетата на Трамп на Саудиска Арабија во 2017 година […]

Саудиска Арабија планира да вложи 600 милијарди долари во САД


Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ријад во следните четири години сака да вложи 600 милијарди долари во САД. Но, тој не прецизираше во што ќе инвестира Саудиска Арабија, бидејќи САД изминатите години се помалку се потпираа на саудиската нафта, која беше основа на […]