САД ги одложија санкциите за српската нафтена индустрија за 30 дена, веднаш се пофали Вучиќ


Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакетот санкции на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот на стапување на сила на рестриктивните мерки. Претседателот Александар Вучиќ објави […]

НИС утре однапред ќе исплати плати, руската страна спремна да продаде шест отсто од уделот


Вработените во НИС утринава добиле известување дека однапред ќе им бидат исплатени февруарските плати. Неофицијално, се смета дека платата за март ќе биде однапред исплатена до крајот на овој месец, пишува Компас-инфо, а пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. „Со оглед на тоа што активно работиме на изнаоѓање конечно решение во однос на американските санкции против […]

Русија и Србија заеднички ќе работат за да се избегне штетата од американските санкции кон НИС, вели Лавров


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Србија се договориле да продолжат заеднички да работат со цел да се избегне штетата врз заедничките интереси од американските санкции кон Нафтената индустрија на Србија (НИС). – Денес сме соочени со ситуација кога оние кои се навикнати на нелојална конкуренција се обидуваат да го […]

НИС бара одложување на санкциите за најмалку 90 дена


Српската нафтена индустрија испрати официјално барање до Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) за одложување на санкциите. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека барањето е поддржано од владите на Србија и Унгарија и дека Србија побарала од Американците да ги одложат санкциите за минимум […]

Калас: Министрите на ЕУ постигнаа договор – следува олеснување на санкциите


Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија за план за ублажување на санкциите кон Сирија, изјави во понеделникот шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Нашата намера е да дејствуваме брзо, но укинувањето на санкциите може да се смени ако се преземат погрешни чекори“, предупреди Калас. Во моментов се во сила серија […]

Кремљ оценува дека новите американски санкции ќе ги дестабилизираат меѓународните пазари


Кремљ ги критикуваше новововедените американски санкции како обид за поткопување на позициите на руските компании со регулативи кои ја нарушуваат конкуренцијата. -Во исто време, таквите одлуки секако мора да доведат до одредена дестабилизација на меѓународните енергетски и нафтени пазари, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој посочи дека Москва ќе направи се за да […]

Москва за новите санкции од САД: Трамп ќе го дочека изгорена земја


САД воведоа нови санкции за енергетскиот сектор на Русија, со што цената на нафтата се зголеми на меѓународните пазари во петокот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и нејзината таканаречена флота на танкери во сенка. За санкциите се огласи и официјална Москва: „Со одлуката за воведување нови санкции, […]

Вучиќ побара од Американците подолг рок за воведување санкции за НИС: Ние не сме им целта


Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска,по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, во Белград, изјави дека побарал подолг рок за примена на американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), што беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија. Српските медиуми јавија дека Вучиќ изразил уверување дека […]

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. […]

Бајден: Путин е ставен во лоша позиција во однос на Украина по воведувањето на новите санкции


Американскиот претседател во заминување Џо Бајден синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „во лоша позиција“ откако САД и Велика Британија соопштија за воведувањето нови координирани санкции против рускиот енергетски сектор поради војната во Украина. -Навистина е многу важно да не му се даде никаков одмор, изјави американскиот претседател за неговиот руски колега. Американската […]

Зеленски: Санкциите за руската нафта значително влијаат на финансирањето на војната на Путин


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и неговата таканаречена флота на танкери во сенка. „Овие мерки нанесуваат значителен удар врз финансиските основи на руската воена машина со нарушување на целиот синџир на снабдување“, рече Зеленски на платформата X. Зеленски изрази благодарност и за британските санкции наметнати на […]

Поскапе нафтата: Американските санкции за руските компании ги разбрануваа берзите


Санкциите наметнати од САД врз руските компании ги придвижија глобалните цени на нафтата над 80 долари за барел. Извештајот за санкциите веднаш ги разбранува берзите, при што Брент за прв пат од 7 октомври минатата година надмина 80 долари за барел. Цените на нафтата ја започнаа годината со силен раст. Овој раст е поттикнат од најновите […]

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС)


Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се очекуваше, јавија српските медиуми. Конкретните мерки биле испратени до српскиот државен врв. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на состанок во Претседателството по овој повод повика неколку министри и целиот свој кабинет, како и сите експерти од […]

Претставничкиот дом на САД гласаше за санкции против Меѓународниот кривичен суд поради Израел


Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради кампањата на Израел во Газа. Против беа 14, а 243 пратеници гласаа за законот со кој ќе се санкционира секој […]

САД планираат дополнителни санкции за руската нафта: На удар нафтени компании, танкери и трговци


Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да воведе нови санкции кон Русија поради нејзината војна во Украина, со фокус на приходите од нафта, велат три извори запознаени со ситуацијата. Администрацијата на Бајден се обидува да ја зајакне поддршката за Украина пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари, имајќи ги предвид […]

САД воведе санкции и за најголемата досега несанкционирана руска банка


На третата по големина руска банка Гаспромбанк и нејзините шест странски филијали денеска беа воведени санкции од САД со цел да се намали способноста на Русија да ги избегне илјадниците санкции воведени од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Министерката за финансии Џенет Јелен рече дека санкциите против руската банка, која […]

ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина и за финансирање палестински терористи


 Советот на ЕУ донесе одлука да воведе санкции кон две физички и четири правни лица поради поддршка на руската агресија на Украина, како и кон шестмина поединци и три компании одговорни за финансирање на палестински терористички групи.  Согласно првата одлука, на листата на санкционирани за „активности со кои се поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет […]

ЕУ со нови санкции за Русија


Советот за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург усвои нови санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон области од висока вредност за руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и имаат за цел да го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ. Санкции се воведени и […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нов режим на санкции против Русија


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска усвоија нов режим на санкции за казнување на сериозните прекршувања на човековите права во Русија, потврдија повеќе дипломати за ДПА. Новиот систем на санкции беше воспоставен по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и цели кон поединци и организации одговорни за репресијата на опозицијата. Режимот на санкции […]

Во ЕУ разгледуваат нови санкции за Русија – таргет би бил секторот за течен природен гас


ЕУ разгледува потези за да ги прошири своите санкции против Москва поради војната во Украина и да го таргетира рускиот сектор за течен природен гас, изјавија дипломати на ЕУ. Целта е дополнително да се погодат приходите на Русија бидејќи расте загриженоста дека претходните санкции не и наштетуваат толку колку што сака ЕУ. Амбасадорите на ЕУ […]