САД воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд


САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за […]

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија


Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо мнозинство усвои пакет нови санкции против Русија. За мерките гласаа 86 сенатори, додека 11 беа против. Новите санкции пред сè се насочени кон рускиот сектор за јаглеводороди. Пакетот предвидува санкции против држави кои продолжуваат да купуваат руска нафта, природен гас и други руски суровини, со цел да се […]

Орбан го нема за да блокира. Сега санкциите за Русија ги кочат други земји на ЕУ


  Амбасадорите на ЕУ ќе се обидат повторно во среда да го финализираат првиот пакет санкции против Русија откако Виктор Орбан ја напушти власта, но владите веќе ги омекнаа клучните мерки за да ги заштитат сопствените интереси во енергетиката, банкарството, превозот и преработката на риба. Со години, Унгарија на Орбан служеше како параван за другите […]

Европа конечно договори нов удар врз режимот на Путин


Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија денес постигнаа договор за 21-от пакет санкции против Русија. Писмена постапка за формална одлука ќе започне денес попладне, дознаваат дипломатски извори. Преговорите за 21-от пакет траеја со денови, а најновата пречка беше барањето на Грција на нејзините шпедитери да продолжат да им се дозволува да транспортираат течен руски гас […]

САД ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции


Министерството за финансии на САД соопшти дека земјата ќе отстрани 76 физички и правни лица од списокот за санкции, од кои повеќето се имиња на веќе починати луѓе или непостоечки компании. Вашингтон нагласи дека на овој начин ќе се врати фокусот врз високоризичните лица и организации. Од Списокот на специјално означени граѓани и блокирани лица […]

Зошто Трамп му дозволи на Иран да продава нафта во исто време додека го напаѓа?


  Функционерите на администрацијата на Трамп очајнички се обидуваат да обезбедат секој достапен барел нафта во услови на влошување на енергетската криза – дури и ако тоа значи укинување на санкциите врз самата земја против која се борат. Но, три недели по почетокот на војната со Иран, администрацијата снемува опции за ограничување на вртоглаво растечката […]

Судбината на санкциите против руските олигарси е неизвесна


Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во саботата започнаа писмена постапка за продолжување на санкциите врз повеќе од 2.700 субјекти и поединци одговорни за помагање на војната на Русија во Украина, изјави извор од ЕУ. Списокот на субјекти и поединци санкционирани од 2014 година порасна на над 2.700 имиња и мора да се ажурира на секои […]

Санкциите против Русија и Кина ќе предизвикаат економска криза на Запад, вели шефот на „Роснефт“


Игор Сечин, шефот на најголемиот руски производител на нафта „Роснефт“, денеска изјави дека санкциите наметнати од Западот врз Русија и Кина ќе ги доближат економиите на западните земји до економска криза. Во обраќањето на Руско-кинескиот енергетски бизнис форум (РКЕБФ) во Пекинг, Сечин, кој е еден од највлијателните луѓе во енергетскиот сектор на Русија, исто така, […]

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември


  За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за […]

Србија во временски теснец, решение за НИС мора да најде за седум дена


Решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), за која САД поставува услов за суспензија на санкциите да не биде во мнозинска руска сопственост, мора да има во следните седум дена. Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија. Според него, последната опција за НИС ќе биде […]

Италијански банкарски гигант: Една мала грешка и ќе им дадеме милијарди на Русите на послужавник


Италијанската банка „УниКредит“ се обидува да се придржува до меѓународните санкции врз својата руска единица, а истовремено се обидува да избегне потези што би можеле да ја натераат Москва да ја национализира, изјави во четврток извршниот директор Андреа Орсел. Напорите за избегнување на кршење на западните санкции врз Русија бараат огромен напор и никој не […]

Вработените во „Лукоил“ и компанијата во неизвесност, уште девет дена до санкциите


  Остануваат уште девет дена, до 21 ноември, кога ќе стапат во сила санкциите на САД против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, а вработените во македонската подружница не знаат каква ќе биде нивната судбина. Барем јавно македонските власти не покажуваат заинтересираност за судбината на „Лукоил Македонија“ и 550-те вработени во компанијата. Прво се минимизираа […]

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство


Министерството за финансии на САД воведе санкции за претседателот на Колумбија, Густаво Петро, ​​неговата сопруга и син, како и за министерот за внатрешни работи на таа земја, Армандо Бенедети. Американската администрација тврди дека Петро има врски со трговијата со дрога, јави Блумберг. Трамп го нарече претседателот на Колумбија „нелегален лидер на пазарот на наркотици“, обвинувајќи […]

Фајненшл тајмс: Вашингтон ризикува енергетски удар поради санкциите кон Москва


Соединетите Американски Држави би можеле да си наштетат себеси со воведување нови санкции врз руските нафтени компании, предупредува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на проценки од американски и меѓународни енергетски експерти. Според Амос Хохштајн, управувачки партнер на инвестициската фирма TWG Global, постои реална опасност санкциите да му се вратат на Вашингтон. „Доколку цената на нафтата значително […]

Путин санкциите од САД ги оцени како непријателски, немало да влијаат значително врз руската економија


Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“. Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија. Тој го коментираше […]

Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?


  Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), во рамките на Министерството за финансии на САД, во четврток воведе санкции врз руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Како причина, ОФАЦ наведе дека „Русија не покажува сериозна посветеност на мировен процес што би ја завршил војната во Украина“. Руската компанија „Лукоил“ работи и во Македонија под името […]

САД воведоа строги санкции против Русија. Трамп: Ова е огромно


Министерството за финансии на САД објави нови сеопфатни санкции против две од најголемите руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, во обид да изврши поголем притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина. „Додека претседателот Путин продолжува да одбива да ја заврши оваа бесмислена војна, Министерството за финансии воведува санкции врз двете најголеми […]

Унгарски МОЛ ги зголеми испораките на нафта во Србија по санкциите на САД


Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз рафинеријата НИС, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво… нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто, додавајќи […]

ОН повторно воведува сеопфатни санкции врз Иран, но прашањето е дали сите земји ќе ги почитуваат


Сеопфатните економски и воени санкции на Обединетите нации најверојатно би можеле повторно да бидат воведени врз Иран во текот на викендот откако нуклеарните разговори со Западот пропаднаа. Воведувањето санкции нема да се случи освен ако не се промени ставот на Иран во последен момент, што е малку веројатно. Повторното воведување санкции доаѓа откако Велика Британија, […]

Еврокомисијата предложи пакет санкции кон Израел и Хамас


Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел и за робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници и субјекти кои ја поддржуваат неказнивоста на Западниот Брег, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.  – Сакам […]