Хејли: САД нема да си заминат од Сирија додека не остварат три цели


САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли. Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде […]

(ВИДЕО) Сирија соборила најмалку 100 ракети кои биле насочени кон цивилни и воени цели


Поголемиот дел од ракетите испукани од страна на Велика Британија, САД и Франција беа пресретнати од сириските системи за воздушна одбрана, соопшти руското Министерство за одбрана. Руските воздухопловни единици не биле вклучени во одбивањето на нападот. Војниците и бродовите на САД и нејзините сојузници лансираа над 100 крстосувачки ракети и проектили на сириските цивилни и […]

САД, Британија и Франција извршија ракетни напади врз Сирија


САД, Велика Британија и Франција рано изутринава извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума. Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања […]

Советот за безбедност свика итна седница за Сирија


Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија. Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутререш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација […]

САД се уште без конечна одлука за Сирија


Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот тим за национална безбедност, по повод ситуацијата во Сирија синоќа заврши без конечна одлука за евентуален воен напад. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека на состанокот „не е донесена конечна одлука“. – Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките информации и ангажирани сме во разговорите со нашите […]

Трамп: Истрагата на Малер причина за влошените односи САД-Русија


Влошените односи на САД со Русија се причинети од „лажната и корумпирана“ истрага што ја водат лојалисти на демократите или луѓе што работеле со Барак Обама заедно со специјалниот обвинител Роберт Малер. Тоа го нагласи денеска на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. – Не се во дослух, и тоа ги излудува, напиша Трамп на Твитер. […]

Јилдирим: САД и Русија се расправаат како уличари


Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика САД и Русија да се откажат од „улични расправии“, објави електронското издание на турскиот весник „Акшам“. – Објавуваат твитови, се закануваат еден на друг. Се расправаат како уличари, како да  се во улична расправија, изјави Јилдирим во врска со кризата меѓу Вашингтон и Москва. – Едниот вели: Јас имам […]

Сириските сили се повлекуваат од аеродроми и бази заради можни напади на САД


Провалдините сили во Сирија се повлекуваат од главните аеродроми и воено-воздушни бази заради можни воздушни удари од страна на САД, објави Сирискиот центар за човекови права. Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека американски ракети „ќе дојдат“ во Сирија како одговор на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили во Сирија.

Захарова до Трамп: Да почнеме со уништување на американското оружје


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментирајќи го твитот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на трката во вооружување, истакна дека тоа е „одлична идеја“. – Постои предлог да се почне со уништување на хемиското оружје. Американското, напиша Захарова. Таа исто така го коменираше и првиот денешен твит на Трамп, со […]

Бела куќа: Русија не ја почитува обврската Асад да стави крај на хемиската програма


Белата куќа ја обвини Русија дека не ја почитува обврската која ја презела, оти ќе стави крај на сириската програма за хемиско оружје, во контекст на нападот во Сирија во текот на викендот, за кој постои сомнеж дека е извршен со хемиско оружје. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој напад е во […]

САД воведоа санкции против руски олигарси, меѓу нив е и сопругот на ќерката на Путин


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни санкции против седум руски олигарси, кои имаат врска со шефот на руската држава Владимир Путин преку 12 компании кои се во нивна сопственост или под нивна контрола. Новите мерки ги објави денеска Министерството за финансии, а со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и […]

Американски воен авион се урна во Невада


Авион на Военото воздухопловство на САД од типот Ф-16 се урна во американската сојузна држава Невада, при што загина пилотот на леталото. Како што соопшти американската армија, авионот се урнал за време на вежбовен лет. Причините за падот на авионот засега не се соопштени. Ова е трет инцидент на американско воено летало оваа недела. Четворица […]

Кремљ: Бришењето руски сајтови од Фејсбук „мириса“ на цензура


Бришењето на профилите на Фејсбук на повеќе руски медиуми е непријателски чин, кој „мириса“ на цензура, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Изјавата на Песков претставѕва реакција на соопштението на Фејсбук дека избришал стотици руски профили и сајтови поврзани со т.н. „фабрика на тролови“, која американските власти ја обвинуваат за ширење на лажни политички […]

Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи


Претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ денеска во Белград на одвоени средби го примија вршителот на должност заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, со кого разговараа за важноста на долгорочното пријателство меѓу Србија и САД и заложбата на двете земји за понатамошно развивање на нивните […]

„Билд“: Меркел на гости кај Трамп на 27 април


Германската канцеларка Ангела Меркел планира да ги посети САД на 27 април и да оствари средба со претседателот Доналд Трамп, објави германски „Билд“. Весникот нагласува дека неколку извори ја потврдиле посетата на канцеларката во САД во крајот на месецот. Засега нема потврда од нејзниот Кабинет.

Бела куќа: Мисијата во Сирија забрзно се ближи кон крајот


Американската воена мисија во Сирија забрзано се ближи кон крајот, но се уште не е завршена и се уште нема план за повлекување на силите на САД од регионот, соопшти денеска Белата куќа. Ваквото соопштение на Белата куќа следи само еден ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека околу 2.000 припадници на Вооружените […]

САД: Словенија да бира меѓу Западот и Москва


Американскиот амбасадор во Словенија, Брент Хартли изјави за љубљанскиот неделник „Репортер“ дека е зачуден од благите реакции на официјална Љубљана по „случајот Скрипал“ и порача оти тамошните власти мора да донесат долгорочна проценка што е нивен интерес: демократските вредности на Западот или рускиот модел на општество. Хартли е изненаден што Словенија не им се придружи […]

Стејт департмент: САД се благодарни на Македонија за солидарноста околу случајот Скрипал


САД во неколку прилки досега на средби на високо ниво со сојузниците искажале благодарност до Македонија за вклученоста во заедничката американско-европска акција против Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во денешната изјава за МИА висок претставник на Стејт департментот укажа дека САД високо ја ценат солидарноста на Македонија со зедничката американско-европска акција против Русија. […]

Кина воведе царини за 128 американски производи


Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 приоизводи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии. Официјален Пекинг предупреди минатиот месец дека размислува за воведување царини што предизвика голема загриженост поради можно избивање трговска војна меѓу двете држави. […]

Москва: САД се обидуваат да ги врбуваат протераните руски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи ги обвини денеска американските разузнавачки служби дека се обидуваат да ги врбуваат руските дипломати, кои се протерани од САД поради труењето на поранешниот двоен шпион, Русинот Сергеј Скрипал во Велика Британија. Во соопштението се нагласува дека постои „зголемување на провокациски дејствија врз руски дипломати“ откако САД донесоа одлука за протерување […]