Американска војска: Извини Република Македонијо


Американската армија ја избриша веста за одличната соработка и заедничките вежби со „северномакедонските војници“ што предизвика лавини реакции во јавноста. Од таму велат дека се извинуваат за погрешното именување на нашата земја и го употребуваат уставното име, кое официјално е признаено од САД – Република Македонија. „Го тргнавме видеото од социјалните мрежи. Го цениме партнерството […]

Турската лира продолжува да паѓа


Турската централна банка не успеа да го запре падот на лирата, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД за намерен обид да наштети на економијата во државата. -Заедно сме во НАТО, а потоа барате да го прободете својот стратешки партнер во грб. Може ли такво нешто да се прифати? – рече Ердоган. Вредноста на турската […]

Сенатори предложија Резолуција во Сенатот на САД за поддршка на доворот за името


Сенаторите Крис Марфи, демократ од Конектикат и Рон Џонсон, републиканец од Висконсин, предложија во Сенатот заедничка резолуција со која се поздравува и поддржува договорот за името меѓу Македонија и Грција и се изразува предупредување и загриженост поради руското мешање и обиди за негово поткопување. Во резолуцијата 602 што пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот […]

Влада на Црна Гора: Имаме мировна политика; Амбасада на САД: Црна Гора е сојузник


 Владата на Црна Гора денеска соопшти дека земјата е горда на својата историја и традиција и мирна политика, „ која ја доведе до позицијата стабилизирачка земја во регионот и единствена држава во која не се војуваше при распадот на поранешна Југославија” . – Земја која прими и заштити 120.000 несреќни луѓе и семејства. Државата, која прва […]

Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал


Пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во четврфиналето од Светското првенство, каде што за противник ја чека Русија, предизвика препирка меѓу американската и руската амбасада во Загреб. „Претпоставувам сите знаете за кого ќе навивам“, напиша на „твитер“, американскиот амбасадор Роберт Кохорст, илустрирајќи го статусот со знамињата на Хрватска и на Русија. По кратко вреем, стигна одговор. […]

Американската „DURA Automotive Systems“ ќе отвори фабрика во Македонија


Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) потпиша договор за долготраен закуп на градежно земјиште во „ТИРЗ Скопје 2“ со компанијата „AIM property“ што ќе гради објект за потребите на американската компанија од автомобилската индустрија „DURA Automotive Systems“ која ќе биде корисник на слободната зона. „DURA Automotive Systems“ е глобален снабдувач на оригинални компоненти за […]

Стејт департмент: САД го поздравуваат историскиот договор за спорот за името


САД им честитаат на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев Алексис Ципрас и Зоран Заев, и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање […]

САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името


САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името, пренесува “Глас на Америка” “САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Договорот ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и […]

Мичел: САД водат тивка дипломатија во решавање на спорот со името


Помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, изјави дека САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. – Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, […]

Кина: Ако САД воведат трговски санкции, договорите веќе нема да важат


Доколку САД воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг. Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос. Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен […]

САД и Кина постигнаа договор за укинување на санкциите за ЗТЕ


САД и Кина се блиску до договор со кој ќе се укинат санкциите против кинескиот производител на мобилни телефони ЗТЕ, кои беа воведени поради тоа што компанијата ги кршела санкциите кон Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека се водат разговори за да и се помогне на кинеската компанија, која беше тешко погодена од […]

Скандал: Македонскиот амбасадор Наумовски ја бојкотирал Шекеринска при нејзината посета на САД


Амбасадорот Васко Наумовски не се појавил на ниту една средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска при нејзината посета на САД, потврди таа во гостување на емисија Τоп Тема на ваша страна на ТВ Телма. „Јас во Вашингтон во еден момент помислив дека немаме амбасадор бидејќи не го видов ниту службено, ниту на почетокот, ниту […]

(ВИДЕО) Шекеринска во Вермонт: Македонија го заслужи членството во НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека Македонија го заслужува членството во НАТО со својата посветеност и работа, како и дека поканата од Алијансата би придонела не само за стабилноста на земјата, туку и на целиот регион. – Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во пресрет на Самитот […]

Куќен притвор за комичарот Бил Козби


На комичарот Бил Козби му е одреден куќен притвор во неговиот дом во Филаделфија додека не се донесе конечна пресуда по обвинението за сексуално злоупотребување. По наредба на судија, Козби мора да носи и џи-пи-ес уред за следење. Откако Козби беше осуден по три точки од обвинението за дрогирање и злоупотреба на неговата поранешна пријателка […]

Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност“


Администрацијата на претседателот на САД смета дека Кина, Иран, Русија и Северна Кореја се „сили на нестабилност” поради кршење на човековите права на граѓаните во овие и други земји. Во годишниот извештај за човековите права во светот, Стејт департментот издвои четири земји поради сериозни повреди на човековите права, вклучувајќи ги ограничувањата на слободата на изразување […]

Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за приемот на Македонија во НАТО


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска очекува безрезервна поддршка од САД за нашиот прием во НАТО, а во врска со нерешениот спор со Грција околу името нагласи дека само дел од работите зависат од македонската страна. Коментирајќи ја изјавата на министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас дека до јуни нема да се […]

Стејт департмент: САД ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО


Американскиот Стејт департмент дава безрезервна подршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ. На прашање од МИА како САД ги оценуваат напорите на новата македонска Влада за подлабоки реформи и демократизација на општеството, од Стејт департментот изјавија дека САД продолжуваат да […]

Шекеринска на 1 мај ќе се сретне во Вашингтон со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе отпатува во  официјална посета во САД , каде што на 1 мај ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис. Како што дознава „Независен весник”, на средбата со Матис ќе се разгледуваат прашања од стратешката соработка меѓу САД и Македонија, во претсрет и на Самитот на НАТО […]

Мирот стана мислена именка во Сирија: Многу војни во сиријската војна


Сирискиот претседател Башал ал Асад победи во граѓанската војна во неговата земја, но тоа не значи дека конечно ќе има мир. Всушност,  конфликтот ескалира, потпален од многу надворешни сили кои се приклучија на сириското бојно поле поради сопствени интереси. Во текот на седумте години во војната во Сирија се вовлекоа многу други земји кои се […]

Tрамп годинава собра 10 милиони долари за кампања за реизбор


Американскиот претседател Доналд Трамп во првиот квартал од оваа година собра 10 милиони долари за кампања за реизбор, соопшти неговиот изборен штаб. Кампањата за Трамп досега собра 28 милиони долари и тој одлучи, за разлика од поранешните претседатели на САД, да почне да собира пари за кампања за реизбор веќе во почетокот на првиот мандат. […]