САД тајно испратиле проектили со голем дострел ATACMS во Украина


САД испратија проектили со голем дострел ATACMS во Украина за употреба на нејзина територија, а оружјето пристигна во земјата овој месец, соопшти денеска Стејт департментот. „Можам да потврдам дека САД и дадоа на Украина ATACMS со голем дострел по директна наредба на претседателот“, изјави на брифинг портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Оружјето беше дел […]

САД сака да се снабди со гориво, ќе одобри продажба на „нечист“ бензин


Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) повторно ќе одобри продажба на мешавини на бензин со висока содржина на етанол ова лето за да ги олесни потенцијалните прекини во снабдувањето поради конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, покажа интерен документ. Кабинетот на претседателот Џо Бајден се подготвува да го продолжи периодот во кој […]

Претставничкиот дом на САД конечно одобри помош од 61 милијарди долари за Украина


  По неколку месеци застој, Претставничкиот дом на САД конечно одобри воена помош вредна повеќе од 61 милијарди долари за помош на Украина во нејзината очајна одбрана од Русија, како и милијарди за другите сојузници, вклучувајќи ги Израел и Тајван. Во двопартиското гласање, 210 демократи и 101 републиканец се приклучија за да ја поддржат Украина, […]

Стејт департмент: Блинкен разговараше со Ганц, САД повикаа на „што е можно повеќе смиреност“


 Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера разговараше со министерот во израелскиот воен кабинет Бени Ганц во врска со тековните тензии меѓу Израел и Иран, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Блинкен ја повтори американската поддршка за безбедноста на Израел заедно со желбата на Вашингтон да не види регионална ескалација, вели Милер. Администрацијата на американскиот […]

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа


  САД очекуваат Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик. Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор […]

Судската пресуда од Аризона го става абортусот во центарот на претседателската кампања


Откако Врховниот суд во Аризона ги забрани речиси сите абортуси, Демократската партија на државните конференции за медиуми ширум САД го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп дека ги негира правата за абортус на национално ниво. Пресудата на Врховниот суд на Аризона предизвика шок во сојузната држава во која во ноември годинава ќе се одвива една од […]

САД им забранија на своите службеници во Израел да патуваат надвор од поголемите градови


САД им забранија на своите вработени во Израел и на членовите на нивните семејства да патуваат надвор од поголемите области на Тел Авив, Ерусалим и Бер Шева, поради потенцијален ирански одмазднички напад врз Израел по смртта на командантот на Револуционерната гарда во Сирија, соопштија денеска од американската Амбасада во Израел. „Поради голема претпазливост, на вработените […]

Во САД се подготвува целосна забрана за користење на софтверот „Касперски лаб“


Администрацијата на претседателот на САД ќе забрани американските компании и граѓани да ги користат софтверските производи на руската „Касперски лаб“, соопшти синоќа „Си-ен-ен“ повикувајќи се на пет службеници запознати со ова. Според нив, забраната е поврзана околу „обзир по националната безбедност“. Од Белата куќа сметаат дека руските власти можат да ги искористат податоците што ги […]

Русија: Главната потенцијална област за дијалог со САД е оружјето во вселената


Русија соопшти дека стратешките безбедносни прашања, вклучително и оружјето во вселената, се главна потенцијална област за дијалог со САД. САД планираат да предложат резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации следната недела за забрана на нуклеарното оружје во вселената, два месеци откако американски извори соопштија дека Вашингтон има нови разузнавачки информации за руските нуклеарни […]

САД го отфрлија тврдењето на Нетанјаху дека гласањето за прекин на огнот во ОН им наштети на преговорите


Американската влада го отфрли тврдењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека барањето на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот во Газа им наштетило на преговорите меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас за ослободување на заложниците. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер рече дека изјавите од кабинетот на Нетанјаху кои […]

Во САД, го смени името во Буквално Секој – објави својата кандидатура за изборите


Човек од Тексас го смени името во Буквално Секој (Кој и да е друг) Литерари Енибади и ја објави својата кандидатура за претседател на САД. Порано познат како Дастин Ебеј, 35-годишникот е ветеран на американската армија и професор по математика во предградие на Далас. Сега има ново име во возачката дозвола. Тој вели дека го […]

Ситуцијата на јужната граница е „закана по националната безбдност“, оценува шефот на пограничната служба на САД


Шефот на пограничната служба на САД, Џејсон Оувенс, изјави дека ситуацијата на јужната граница на САД е „закана по националната безбедност“, откако во изминатиот период десетици илјади имигранти избегнале задржување и нелегално влегле во земјата. Во интервју за Си-Би-Ес њуз денеска, тој изјави дека пограничните патроли се на пат во фискална 2024 година (која започна […]

Џекпотот на „Мега милиони“ во САД се искачи на 1,1 милијарда долари


  Без добитник на џекпотот на „Мега милионис“ (Mega Millions) во петокот, главната награда за извлекувањето во вторник ја надминува границата од милијарда долари, според лотаријата. Џекпотот за следното извлекување во вторник навечер – околу 1,1 милијарда долари – го означува првиот пат во седум месеци кога наградата за џекпот надмина 1 милијарда долари и […]

Конгресот на САД одобри воена помош од 228 милиони долари за Литванија, Латвија и Естонија


Конгресот на САД одобри паричен пакет воена и одбранбена помош во износ од 228 милиони долариза балтичките земји Латвија, Литванија и Естонија. Естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур, по повод најавениот пакет изјави дека „поддршката од САД значително им помогна на Естонија, Латвија и Литванија да забрзаат неколку проекти за развој на воената инфраструктура и […]

САД до Украина: Престанете со нападите врз руските рафинерии, ќе предизвикате одмазда


Соединетите Држави ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Нападите помогнаа да се зголемат цените на нафтата, кои се зголемија за речиси […]

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа


  Русија и Кина во петокот ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД со која се повикува на „итен и одржлив прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони гладни Палестинци. Според Асошиејтед […]

САД со најголемо дневно производство на нафта во светот, шеста година по ред


  САД произведуваат просечно 12,9 милиони барели нафта дневно и водат на светската ранг листа на производители, шеста година по ред, објави Министерството за енергетика. Во декември 2023 година, производството на сурова нафта во САД достигна нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, според Управата за енергетски информации на Министерството (EIA). „Во текот на […]

ЕУ постигна трговски суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со САД во 2023 година


Минатата година Европската Унија оствари суфицит од 158 милијарди евра во стоковната трговија со Соединетите Американски Држави, објави денеска Евростат на својата веб-страница. Во 2023 година ЕУ извезла стоки во САД за 502 милијарди евра, а увезла стоки за 344 милијарди евра. Европската Унија лани увезла сурова нафта од САД за 42,4 милијарди евра, што […]

Бајден и Трамп ја посетија границата на САД со Мексико


Американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп ја посетија американско-мексиканската граница во ист ден, во време кога големиот прилив на мигранти стана едно од најважните прашања за гласачите. Бајден го посети пограничниот град Браунсвил, Тексас, со намера да ги потсети гласачите дека републиканците во Конгресот го отфрлија двопартискиот предлог за зајакнување на мерките […]

САД ја блокираа изјавата во СБ на ОН со која Израел се обвинува за смртта на Палестинците во Газа


САД ноќеска ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН, предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, со која се посочува дека израелските сили се одговорни  за отворање оган врз Палестинците кои чекале да им се достави храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и за убиство на повеќе од […]