Џиновски отровни пајаци се шират низ САД. Нозете им се долги 10 см и можат да летаат (видео)


Североисточниот дел на САД се подготвува за инвазија на џиновски отровни пајаци со нозе долги околу 10 сантиметри. Покрај тоа, станува збор за пајаци Џоро кои можат да летаат, пренесува Си-Би-Ес (CBS). Претходно оваа година, службата во Њу Џерси за контрола на штетници предупреди на пајаците кои доаѓаат, велејќи дека тие „тешко се пропуштаат“ бидејќи […]

Најмалку 20 загинати во бури и торнада во САД, 300 илјади луѓе се без струја


Речиси 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици. Во големите бури што го зафатија континентот минатиот викенд загинаа 23 лица, а според синоптичарите, можни се нови невремиња проследени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, […]

Четири години по смртта на Џорџ Флојд се уште нема полициски реформи во САД


Денеска се навршуваат четири години од смртта на Џорџ Флојд како последица на полициско насилство. Инцидентот што се случи во Минеаполис, сојузна држава Мичиген, предизвика невиден бран протести во САД и низ целиот свет при што милиони повикуваа на правда и запирање на насилството засновано на расна омраза. И покрај мноубројните масовни протести, Конгресот се […]

Кина возврати, ќе им забрани на американски компании да тргуваат во земјата


Кинеското Министерство за трговија објави денеска дека ќе им забрани на некои американски компании да имаат увозни и извозни активности поврзани со Кина, вклучително и продажба на оружје на Тајван, и ќе им забрани нови инвестиции во Кина. Министерството го стави General Atomics Aeronautical Systems на својата листа на недоверливи ентитети бидејќи компанијата продавала оружје […]

Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија


Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа. -Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор […]

Резервите на нафта во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното, намалена е и инфлацијата


Резервите на нафта, бензин и други нафтени деривати во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното во неделата заклучно 10 мај, соопштија денеска од Агенцијата за информација во енергетиката (ЕИА). Во меѓувреме, најновиот извешаj за инфлацијата е поповолен од очекуваното што предизвика раст на акциите на главните берзи на Волстрит. Резервите на нафта се намалиле […]

САД ја прекинаа испораката на бомби за Израел поради најавената офанзива на Рафа


Американските власти минатата недела одложија пратка бомби за Израел, откако еврејската држава не одговори на „загриженоста“ на Вашингтон за најавената офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, изјави доцна синоќа неименуван високо позициониран американски функционер. -Минатата недела прекинавме испорака на пратка со оружје. Таа се состоеше од 1.800 бомби од 907 килограми и […]

Бројот на нови работни места во САД се намалил во април


Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат […]

САД соопштија дека случајно убиле цивил за време на напад со дрон во Сирија


Американската војска соопшти дека случајно убила цивил во напад со дрон во Сирија пред околу една година, пренесе ДПА. Вистинската цел на нападот на 3 мај 2023 година во северозападна Сирија беше да се убие висок лидер на терористичката милиција Ал Каеда, соопшти денеска американската Централна команда (CENTCOM). Меѓутоа, внатрешната истрага откри дека целта била […]

САД: Апелацискиот суд ја отфрли тужбата на младите против американската влада за климатските промени


Американскиот апелациски суд во средата одлучи дека тужбата поднесена од 21 млад човек во која се тврди дека енергетската политика на американската влада ги крши нивните права за заштита од климатските промени мора да биде отфрлена. Тричленскиот совет на окружниот Апелациски суд на САД со седиште во Сан Франциско во налог од пет страници наведе […]

Американската ДЕА предлага чекор кон декриминализација на марихуаната


Американската управа за борба против дрогата (ДЕА) ќе ја промени класификацијата на марихуаната и ќе ја назначи како помалку опасна дрога, јавија американските медиуми. Доколку предлогот на ДЕА мине низ законодавните лавиринти тоа ќе биде историска промена во повеќедецениската политика за дроги во САД која би можела да има последици низ целата земја, додаваат американските […]

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години


 САД планираат и иницираат воени конфликти ширум светот: против Русија, Палестина, Кина, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро. „САД планираа серија воени конфликти, а за тоа сведочи издвојувањето на 95 милијарди долари за овие цели. Војната на Украина против Русија беше планирана најмалку 20 години за да ја уништи моќта на Русија, но САД не успеаја […]

За што се работи: Америка купи повеќе од 80 советски борбени авиони


САД купиле 81 советски борбен авион од Казахстан, објави Киев пост. Казахстан, кој ги модернизира своите воздухопловни сили, одржа аукција на која беа продадени 117 советски борбени авиони, вклучувајќи пресретнувачи МиГ-31, ловци-бомбардери МиГ-27, ловци МиГ-29 и бомбардери Су-24 од 1970-тите и 1980-тите. Објавената вредност на продажбата била 1 милијарда казахстански тенге, или 2,26 милиони долари, […]

Пукање во Џорџија, затворен цел трговски центар


Трговскиот центар Аугуста во Џорџија беше затворен откако внатре одекнаа истрели. Полицијата била повикана на инцидентот во 13:43 часот по локално време, според округот Ричмонд. Не е јасно дали има повредени. Забележани се десетици полициски и возила за итна помош како брзаат кон трговскиот центар. Според луѓето внатре кои разговарале за локалните медиуми, вработените и […]

Бела куќа: Израел се согласи да ја сослуша загриженоста на САД пред операцијата во Рафа


 Израел се согласи да ги сослуша загриженоста и размислувањата на САД пред да започне инвазија врз пограничниот град Рафа во Газа, изјави денеска Џон Кирби портпарол на Белата куќа за национална безбедност. „Тие не уверија дека нема да одат во Рафа се додека не имаме шанса навистина да ги споделиме нашите перспективи и нашите грижи […]

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења


Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД,  и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат. Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако […]

Блинкен: Имаме докази дека Кина планира да се меша во претседателските избори во САД


  Американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен даде интервјуа за Би-Би-Си и Си-Ен-Ен во кои остро ја нападна Кина. Блинкен предупреди дека Вашингтон ќе дејствува доколку Кина не престане да ја снабдува Русија со предмети што ги користи за напад на Украина. Блинкен изјави за Си-Ен-Ен дека САД виделе докази дека Кина сака да […]

Уништени згради, излетани возови: Десетици торнада го погодија централниот дел на САД


Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, при што се повредени најмалку три лица и предизвикана е значителна материјална штета, соопштија локалните власти. Американската метеоролошка служба (NWS) регистрираше повеќе од 70 торнада низ целата земја, повеќето од нив околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова. Резултатот е десетици уништени згради и домови, […]

Американската економија порасна за само 1,6 отсто во првиот квартал, многу помалку од очекуваното


Американската економија „залади“ повеќе од очекуваното во првиот квартал од годината, но остана здрава според историските стандарди. Економскиот раст постојано се забавува во текот на изминатите 12 месеци, што навестува добро за пониски каматни стапки, но Федералните резерви јасно ставија до знаење дека не брзаат да ги намалат стапките. Бруто домашниот производ, кој ги мери […]

Шокантни снимки од САД: Полицијата тепа и апси студенти кои протестираат за Палестина


Десетици демонстранти беа уапсени во средата додека учествуваа во пропалестинските демонстрации низ кампусите на американските колеџи. Најмалку 34 демонстранти, вклучително и член на медиумите од локална новинска станица, беа уапсени за време на демонстрациите на Универзитетот во Тексас во Остин, а уште најмалку 50 беа приведени од полицијата на Универзитетот во Јужна Калифорнија. This video […]