Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност


Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто. Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби […]

Трамп провоцира: Објави карта на која Канада е дел од САД


  Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот сподели мапа на неговата платформа „Truth Social“ на која е прикажана Канада како дел од САД. Објавата следи по неговите повторени изјави дека Канада станала „51-ва земја“ од неговата изборна победа во ноември. „Многу луѓе во Канада сакаат да бидат 51-та земја. Соединетите Американски Држави повеќе не […]

Специјалниот пратеник на Трамп за Украина ја одложи посетата на Киев


Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека е откажана посетата на специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за Украина и Русија. Планирано беше пензионираниот генерал Кит Келог да ја посети Украина. Тој долго време беше главен советник на Трамп за одбрана. – Уверен сум дека состанокот ќе се одржи во свое […]

„Волстрит Џурнал“: САД и талибанците преговараат за размена на затвореници


Американската администрација преговара со Авганистан за размена на приведени Американци во таа земја за најмалку еден затвореник од Гвантанамо, кој наводно имал поврзаност со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, објави денеска „Волстрит џурнал“. Весникот, повикувајќи се на добро информирани извори, наведува дека американската администрација бара ослободување на тројца Американци кои беа уапсени […]

Америка ги обвини кинеските технолошки гиганти дека работат за кинеската војска


САД додадоа неколку кинески технолошки компании, вклучувајќи ги Tencent и CATL, на списокот на компании со кои тврдат дека соработуваат и работат за кинеската војска. Овој список, познат како „Section 1260H“, служи и како предупредување за американските компании за потенцијалните ризици од водење бизнис со кинески субјекти, јавува Би-Би-Си. Иако вклучувањето не носи итни санкции, […]

САД планираат дополнителни санкции за руската нафта: На удар нафтени компании, танкери и трговци


Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да воведе нови санкции кон Русија поради нејзината војна во Украина, со фокус на приходите од нафта, велат три извори запознаени со ситуацијата. Администрацијата на Бајден се обидува да ја зајакне поддршката за Украина пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари, имајќи ги предвид […]

Зимска бура предизвика вонредна состојба во неколку американски држави


Зимска бура донесе снег, замрзнат дожд и ниски температури во големи делови на Соединетите Американски Држави. Властите издадоа предупредувања за опасно време за околу 60 милиони луѓе, а вонредна состојба е прогласена во неколку држави, меѓу кои Канзас, Кентаки, Арканзас, Западна Вирџинија и Вирџинија. Бурата се движеше од Средниот Запад кон Средниот Атлантик, при што […]

Бројот на бездомници во САД се зголеми за рекордни 18 отсто


Соединетите Американски Држави забележаа рекорден пораст од 18 отсто во бројот на бездомници минатата година, поттикнати од фактори како што се недостапни станови, висока инфлација, системски расизам, природни катастрофи и зголемена имиграција, објави во петокот американското Министерство за домување и урбан развој. Проблемот со бездомништвото се влошува во САД, со вообичаената глетка на сиромашни луѓе […]

Американците се исцрпени од политичките вести. Гледаноста на телевизиите паѓа


  Како демократ кој се нурнал во политичките вести за време на претседателската кампања, Зиад Ауналах има многу заедничко со многу Американци по изборите. Тој е исклучен. „Луѓето се ментално исцрпени“, рече Ауналах (45) од Сан Диего. „Сите знаат што доаѓа и ние само земаме одмор малку време“. Телевизиските рејтинзи – и сега нова анкета […]

Американски дипломати отпатуваа во Сирија


Американски дипломати пристигнаа во Сирија за директно да разговараат со новите исламистички владетели, надевајќи се дека ќе поттикнат умерена и инклузивна земја и ќе најдат индиции за исчезнатите Американци, соопшти Стејт департментот. Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и кулминираше […]

САД забранија издавање визи за грузиски претставници поради „поткопување на демократијата“


САД ќе забранат издавање визи за околу 20 Грузијци одговорни за „поткопување на демократијата во Грузија“, вклучително и министри, пратеници и безбедносни службеници, соопшти Стејт департментот. Во соопштението не се наведени имињата на грузиските официјални лица на кои ќе им биде забрането да добијат визи за САД. Стотици луѓе се уапсени во Грузија откако пред […]

Рекордни 895 милијарди долари: Претставничкиот дом на САД го усвои воениот буџет за 2025 година


Претставничкиот дом на САД го усвои нацрт-законот за одбранбена политика со рекордни 895 милијарди долари годишни воени трошоци. Гласањето беше 281-140 во корист на Законот за национална одбрана, испраќајќи го на разгледување до Сенатот на САД предводен од демократите. Претставничкиот дом го одобри нацрт-законот за зголемување на воената плата и забрана за грижа за малолетници […]

САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари


САД подготвуваат пакет од дополнителна воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари, соопштија синоќа од Стејт департментот. Износот е речиси половина од преостанатите 2,21 милијарда долари во рамките на Иницијативата за помош за безбедност на Украина (УСАИ).   Средствата од УСАИ ќе бидат насочени кон набавка на муниција за високомобилните артилериски ракетни […]

Во САД во ноември се вработиле 227.000 лица, пазарот на трудот во подем


Работодавците во САД во ноември вработиле 227.000 луѓе, бројката покажува дека пазарот на труд е во подем по слабиот раст претходниот месец, кога ураганите и штрајковите ја зголемија невработеноста.  Иако вработувањета се во подем, пазарот на трудот генерално слабее во последните месеци а под притисок на рестриктивната монетарна политика на Федералните резерви. Централната банка на […]

САД ја повикаа Романија да го истражи потенцијалното руско кибер-мешање во изборите


Пред вториот круг од претседателските избори во Романија в недела, САД вчера изразија загриженост поради наводното руско кибер-мешање за да се влијае на гласањето и повикаа на истрага, јави ДПА. Во првиот круг, кој се одржа на 24 ноември, неочекувано победи кандидатот на екстремната десница и проруска страна Калин Георгеску. Елена Ласкони, претставник на либерално-конзервативната […]

Кина одговори на американските санкции со забрана за извоз на клучни суровини


Кина забрани извоз на низа суровини и производи со цивилна и воена намена кон САД, се наведува во денешното официјално соопштение, јави ДПА. Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека мерката стапува во сила веднаш за извоз на галиум, германиум и полуметалот антимон. Овие суровини се важни за одбранбената индустрија и за производителите на чипови, […]

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина


Достапните здравствено осигурувања во САД, „Медикеар“ и „Медикејд“, од наскоро ќе опфаќаат и бесплатни лекови против зголемена телесна тежина, јавија синоќа од Белата куќа. Осигурувањето ќе покрива лекови чија цена надминва 1.000 долари.   -Овој предлог ќе им овозможи на Американците и нивните лекари да одредат најдобар начин за прогрес во водењето поздрав начин на […]

САД воведе санкции и за најголемата досега несанкционирана руска банка


На третата по големина руска банка Гаспромбанк и нејзините шест странски филијали денеска беа воведени санкции од САД со цел да се намали способноста на Русија да ги избегне илјадниците санкции воведени од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Министерката за финансии Џенет Јелен рече дека санкциите против руската банка, која […]

Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти


Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД со цел да ги искористи вооружените сили за спроведување на неговата програма за масовно протерување мигранти. „Добра вест: според некои информации, администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да прогласи национална вонредна состојба како дел од програмата за масовно депортирање и да […]

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп


 Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи. Со нивната група „Гувернери во одбрана на демократијата“, демократите Ј.Б. Прицкер од Илиноис и Џаред Полис од Колорадо им се придружуваат на јавните […]