Протести против Трамп и Проектот 2025 се планирани денеска во 50 сојузни држави во САД


Движење за спротивставување на првите дејствија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна онлајн, а денеска се планирани протести низ САД, јавија американските медиуми. Движењето е организирано под хаштаговите #buildtheresistance и #50501, што значи „50 протести, 50 држави, еден ден“. Многу од протестите се планирани во главните градови на државите, а некои во други градови. […]

Трамп потпиша указ за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД


Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша указ со кој наложи Министерството за финансии и Министерството за трговија во наредните 90 денови да изготват план за создавање на суверен фонд за благосостојба на САД. -Политика на Соединетите Држави е да се максимизира управувањето со националното богатство исклучиво во полза на американските граѓани. Во таа насока, од […]

САД: Кандидатот за министер за трговија ќе ја преиспита забраната за извоз на лесно оружје


 Кандидатот за министер за трговија на САД, Хауард Латник, номиниран од претседателот Доналд Трамп, најави дека ќе ги разгледа ограничувањата за извоз на лесно вооружување, воведени од администрацијата на Џо Бајден во 2024 година. Рестрикциите на извозот на огнено оружје беа насочени кон ограничувања на странските криминални групи кои набавуваат американско оружје. Во писмена изјава, […]

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана


Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел. – Очигледно има […]

Како Бајден ги урна шансите на Украина за подобра одбрана?


ДНИПРОПЕТРОВСКА ОБЛАСТ, Украина – Поминаа неколку месеци откако украинскиот баталјон стациониран на замрзнатата, разбиена линија на фронтот доби нов оклопен транспортер за да ги одведе луѓето напред, да снабдува муниција и да ги евакуира ранетите. Баталјонот и другите слични на него се крајната точка во сложениот синџир што ја движи американската воена опрема на фронтот […]

Европејците во првите редови за демократија ги советуваат Американците: Не се откажувајте!


Граѓаните на централна и источна Европа долго време беа навикнати да добиваат совети од мноштво добронамерни американски организации за тоа како да ги заштитат своите кревки демократии по падот на Берлинскиот ѕид. Сега, по само 10 дена од извршните наредби на Доналд Трамп и чистките во државната служба, советите почнуваат да течат на другата страна. […]

Американските демократи го избраа Кен Мартин за претседател на партијата


Демократската партија на САД денеска го избра Кен Мартин од Минесота за свој претседател. „Добивме сериозен удар во ноември“, рече Мартин. Гласањето се одржа во предградие на Вашингтон, каде што повеќе од 400 партиски членови од секоја држава и територија во САД се собраа на состанок. Мартин вети дека ќе ги рефокусира пораките на демократите […]

Децата во САД ја губат вештината за читање


Децата во САД продолжуваат да губат во вештините за читање и направија мало подобрување во математика, според најновите резултати од испитот познат како национален извештај. Наодите се уште еден неуспех за училиштата во САД и ги рефлектираат безбројните предизвици што го нарушија образованието, од пандемично затворање училишта до криза на младинско ментално здравје и високи […]

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид


Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде наредба за враќање во служба на воените лица кои биле отпуштени поради одбивање да се вакцинираат од Ковид. Во 2021 година, откако Пентагон ја направи вакцинацијата задолжителна, илјадници војници беа отпуштени затоа што не сакаа да се вакцинираат. Во претседателскиот указ се нагласува дека „барањето за вакцинација било неправедно, […]

Кој е новиот министер за финансии на САД? Има две клучни задачи


Американскиот Сенат го потврди Скот Бесент за министер за финансии, давајќи му на менаџерот на хеџ-фонд и милијардер централна улога во обликувањето на политичките амбиции на новата администрација на Доналд Трамп да ги намали даноците и трошоците и да управува со економските односи. Номинацијата на Бесент беше поддржана од 68 членови на Сенатот во понеделникот, […]

Амбасадата на САД ги запре сите проекти во Македонија, нема пари ни за започнатите


  Амбасадата на САД  од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел […]

Караван од 1.000 мигранти тргна од јужниот дел на Мексико кон САД


Караван од повеќе од 1.000 мигранти од Латинска Америка тргна од јужно Мексико кон северот и границата со САД ноќта меѓу саботата и неделата, и покрај војната против илегалната имиграција што ја прогласи американскиот претседател Доналд Трамп. Некои од мигрантите рекоа дека сè уште „се надеваат дека ќе можат да влезат во САД“, дури и […]

Трамп збесна од отпорот на Колумбија, и наметна царина од 50 отсто!


Претседателот Доналд Трамп му возврати на колумбискиот претседател Густаво Петро, откако тој одби да дозволи слетување на американските воени авиони со депортирани мигранти. САД испратија два лета на колумбиски илегални мигранти овој викенд како дел од растечката програма за депортација на Трамп. Петро на X тврдеше дека САД не може да ги „третира колумбиските мигранти […]

Варшава стравува дека американските власти би можеле да депортираат до 30.000 Полјаци


До 30.000 полски граѓани во САД би можеле да бидат погодени од најавената акција на американските власти против илегалните имигранти, според проценката на полската влада. – Тоа најчесто се Полјаци кои патувале во САД во 1990-тите и не се грижеле за нивниот миграциски статус, изјави денеска заменичката-министерка за надворешни работи Хенрика Мошицка-Дендис за радио станицата […]

Саудискиот престолонаследник: Сакаме да инвестираме 600 милијарди долари во САД


Саудискиот престолонаследник изјави денеска дека Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари (577 милијарди евра) во САД во следните четири години. Тој го изјави ова откако претседателот Доналд Трамп претходно навести за високата цена на враќањето во кралството како негова прва странска дестинација, пренесува АП. Посетата на Трамп на Саудиска Арабија во 2017 година […]

Слоновите во САД не се луѓе, остануваат во ЗОО, пресуди највисокиот суд во Колорадо


Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо вчера пресуди дека пет слона од Зоолошката градина на Шајен не се луѓе и според тоа, го немаат човековото право да бидат ослободени од установата. Како што пренесе ДПА, Судот утврди дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо – како „нечовечки животни“, во САД немаат право на […]

САД со нови санкции кон Русија


 СAД презедоа нова акција против Русија поради нејзината инвазија на Украина, фокусирајќи ги своите напори на спречување заобиколување на санкциите. Вашингтон продолжува да врши притисок врз Москва во последните денови од администрацијата на Бајден. Министерството за финансии на САД во соопштението наведе дека Вашингтон воведува нови санкции за речиси 100 цели – вклучително и руски […]

Зеленски понуди помош на САД во гасењето на пожарите во Лос Анџелес


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека пожарникарите на Украина се подготвени да помогнат во борбата против пожарите во Калифорнија. Тој дал инструкции на украинскиот министер за внатрешни работи да ги подготвни луѓето за заминување во САД. Today, I instructed Ukraine’s Minister of Internal Affairs and our diplomats to prepare for the possible participation of […]

Американскиот пазар на труд е исклучително силен на крајот на 2024 година


Растот на работните места во САД беше многу посилен од очекуваното во декември, што веројатно ќе им даде на Федералните резерви помал поттик за намалување на каматните стапки оваа година. Стапката на невработеност падна на 4,1%, една десетина од поен под очекувањата. Алтернативната мерка, која ги опфаќа обесхрабрените работници и оние кои работат со скратено […]

Американската администрација привремено го блокира договорот за признавање вина за 11 септември


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден привремено го блокираше договорот за признавање на вината за обвинетиот организатор на нападите на 11 септември 2001 година, Калид Шеик Мохамед, што ќе го поштеди од ризикот од смртна казна за нападите на Ал Каеда врз САД. Одлуката на федералниот апелационен суд во Вашингтон уследи по барањето на владата […]