Австрија ја прифати новата руска шема за плаќање на гасот во рубли


Виена засега се согласи со австриската компанија за нафта и гас ОМВ да ги плати испораките на руски гас во рубли со отворање сметка во руска банка. Ова го соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер. Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како непријателски ќе ги префрлат своите средства за купување во […]

Продолжуваат испораките на руски гас за Полска


Испораките на руски гас за Полска сега се обновени откако беа прекинати рано утринава, јави Би-Би-Си. Во еден момент рано утрово, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија. Полска вчера објави дека добиле порака од Русија дека од денеска ќе го прекинат […]

Русија понуди нафта за рубљи во Азија, не продаде ниту еден барел


  Руската нафтена компанија „Роснефт“ не успеа да продаде нафта на голема аукција што требаше да биде тест за подготвеноста на купувачите во Азија однапред да го плаќаат црното злато во рубљи, објавија трговците. Москва призна дека има проблеми со извозот на нафта поради санкциите што и беа наметнати од почетокот на војната во Украина. […]

Вооружен напад на градинка во Русија, има мртви


  Во регионот Уљановск, две деца и медицинска сестра загинаа во текот на вооружен напад на граднката. Маж со огнено оружје упаднал во градиката и почнал да пука, вели извор за Интерфакс. Според него, напаѓачот извршил самоубиство. Нотивите за нападот не се познати.

Кадиров нуди милион долари за Чеченците кои војуваат на страната на Украина


  Чеченскиот лидер Рамазан Кадиров на всвојот Телеграм нагол објави дека нуди милион долари за информација за локацијата на „баталјонот на шеикот Мандуро и Дудаев“ – Чеченците кои отидоа да војуваат на страната на Украина. Кадиров порано вети дека ќе се позанимава со лушето кои побегнаа од Чеченија, кои, нарекувајќи се себеси “баталјони на шеикот […]

Русија протера 40 германски дипломати


Русија прогласи за персона нон грата 40 германски дипломати. Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР, пренесе Бгнес. Таму му било изразени незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила за персона нон грата 40 вработени во германската амбасада во Русија. Во март и април речиси сите земји од […]

ЕУ со нов шести пакет санкции против Русија


Белгија– Европската Комисија потврди дека се работи на шести пакет санкции против Русија, но никакви детали за нивната содржина не се соопштуваат, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска го потврди портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, на редовниот брифинг за новинари. -ЕУ до сега покажа дека е подготвена да оди далеку во воведувањето […]

Во голем пожар во ракетен институт во Русија загинаа 25 врвни научници


  Руските власти се обвинети за „прикривање“ на обемот на бројот на загинати во строго доверливата руска истражувачка установа за оружје, откако локален новинар тврдеше дека најмалку 25 загинале во смртоносниот пожар – не „до седум“ како што објавија медиумите поддржани од Кремљ. Покрената е кривична истрага откако видеото покажа дека во четвртокот како пеколен […]

Санкциите ја погодија руската економија, иако Путин го тврди спротивното


  Речиси два месеци по руско-украинската војна, Кремљ презеде извонредни чекори за да ја затапи економската контраофанзива од Западот. Додека Русија може да објави некои симболични победи, целосното влијание на западните санкции почнува да се чувствува на многу реални начини. Додека Западот се придвижи да го прекине пристапот на Русија до нејзините девизни резерви, да […]

Додека трае битката за Донбас, Русија и Украина тивко преговараат


  Помина речиси еден месец од последната рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул. Се чинеше дека оттогаш разговорите се ефективно замрзнати – особено по заземањето на Мариупол од руските сили и ослободувањето на регионот Киев, по што светот дозна за масакрите извршени од руската војска. Сепак, на 22 април, шефот на руската […]

Путин разговараше со Шарл Мишел, жестоко ја прозва ЕУ


  Рускиот претседател Владимир Путин во петок рече дека Киев не допушта да се предадат украинските бранители кои уште пружаат отпор од челичаната „Азовстал“ во пристаништето Мариупол под руска опсада. „На сите украински војници, националистички борци и странски платеници животот им е загарантиран ако го положат оружјето (…), но киевскиот режим не ја допушта таа […]

Навратилова: Англичаните претераа


Политиката го уништува тенисот, а одлуката да им се забрани настап на Русите и Белорусите на грен – слем турнирот во Вимблдон не е начин за решавање на проблемот, оцени денеска легендарната тенисерка Мартина Навратилова. – Колку и да ми е жал поради украинските играчи и народот, мислам дека Англичаните со овој чекор отидоа предалеку, […]

Данска ги укина стипендиите за студирање во Русија и во Белорусија


Данските студенти кои студираат во Русија или во Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген. Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат. Смислата на тој систем е да им се овозможи на […]

Седум лица загинаа во пожар во воен институт во Русија


Русија – Најмалку седум лица загинаа денеска во голем пожар во Институтот за воени истражувања во Твер, на 160 километри од Москва, соопшти спасувачката служба, а пренесуваат руските агенции. Станува збор за Централниот истражувачки институт на руските воздухопловни сили. Руската телевизија објави видео од четирикатница над која се издига густ чад. Според изјавите на очевидци за телевизија, […]

Русија ги затвори конзулатите на Латвија, Литванија и Естонија


 Русија како реципрочна мерка нареди затворање на конзулатите на Латвија, Литванија и Естонија во земјата и побара од вработените во дипломатските претставништва да ја напуштат државата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението МНР прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот Конзулат во Санкт Петербург и неговата Канцеларија во Псков, како и Конзулатот на Литванија во Санкт […]

Германскиот извоз во Русија е преполовен


Германскиот извоз во Русија падна за 57,5 отсто во март во однос на истиот период минатата година под влијание на санкциите воведени против Москва по инвазијата врз Украина, соопшти германскиот завод за статистика. Вредноста на германскиот извоз во Русија во март изнесуваше 1,1 милијарди евра, соопшти Дестатис. Русија минатиот месец падна на 12-то место на […]

Руски функционер вели дека „операцијата ќе заврши кога ќе престанат заканите од НАТО“


 „Специјалната воена операција“ на Русија ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија, изјави Алексеј Полишчук, висок претставник на руското Министерство за надворешни работи, пренесува руската новинска агенција Тас. – Специјалната воена операција ќе заврши кога ќе се исполнат нејзините задачи. Меѓу нив се заштитата на мирното население на […]

Германските социјалдемократи под голем притисок поради енергетските врски со Русија


  Германските владејачки социјалдемократи се соочуваат со нов притисок околу нивните врски со Москва по обвинувањата дека регионален лидер соработувал со енергетскиот гигант „Гаспром“ поддржан од Кремљ за да ги поткопа санкциите на САД и да шири руска пропаганда. Обвиненијата се фокусираат на Мануела Швезиг, висок член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц и […]

Русија протерува холандски и белгиски дипломати


 Русија денеска протера 15 холандски и неодреден број белгиски дипломати, прогласувајќи ги „персона нон грата“, јави турската агенција Анадолија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург. Дипломатите имаат рок од два дена да ја напуштат Русија. […]

Запленет руски танкер во Грција


Грција – Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со […]