ЕУ предлага санкции и за рускиот патријарх Кирил


Европската комисија предлага санкционирање на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во последниот бран економски мерки против Русија, кои исто така вклучуваат етапна забрана за увоз на нафта, се вели во документот во кој имаа увид француски медиуми. Новиот список вклучува 58 санкционирани лица, меѓу кои и многу руски воен персонал, но и сопругата, […]

Австралија со нови санкции против пратеници и министри поради ситуацијата во Украина


Австралиската Влада воведе нови санкции против 75 пратеници од Русија и 32 министри на самопрогласените народни републики, Доњецк и Луганск, поради ситуацијата во Украина, информираше денеска Министерството за надворешни работи на Австралија. На листата со санкционирани се најдоа 75 пратеници од Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, како и 20 министери од ДНР и […]

Радев мисли дека Русија може да ја нападне Бугарија и ќе нема кој да ја брани


  Пред утрешното гласање во бугарското собрание за испраќање воена помош на Украина политичката ситуација во Бугарија зовре до тој степен што претседателот Румен Радев денеска изјави дека е можно Русија да ја нападне Бугарија. Радев уште додаде дека во тој случај Бугарија немало кој да ја брани. Бугарските медиуми пишуваат и дека Радев се […]

По коментарите за Хитлер, Москва го обвини Израел дека поддржува неонацисти во Киев


  Руското Министерство за надворешни работи во вторникот соопшти дека Израел го поддржува „неонацистичкиот режим“ во Украина, откако тензиите меѓу Москва и Ерусалим се зголемија по запаливите изјави на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за Холокаустот претходно оваа недела. Во изјавата во вторникот, Русија го обвини министерот за надворешни работи Јаир Лапид дека дава […]

ЕУ се соочува со опасноста од прекин на испорака на рускиот гас


Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, предупреди Брисел, јави Гардијан. Во текстот се цитира еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, која изјави дека […]

Британските разузнавачи објавија какви последици по руската војска ќе има инвазијата на Украина


  Руската војска поради инвазијата на Украина е значително ослабната од порано, објави британското министерство за одбрана во најновиот извбештај на воените разузнавачи. Одбранбениот буџет на Русија во периодот од 2005 до 2018 година двојно се зголеми, со значајни вложувања во технолошки напредни способности во воздух, на море и на копно. Но, модернизацијата на опремата […]

Карпентер: Русија планира да ги припои Доњецк и Луганск


Русија наскоро планира да ги припои самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, тврди американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер. – Според најновите извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република, истакна Карпентер во Вашингтон. Како што тој додаде, во извештаите се наведува дека, потоа, Русија има […]

Финска за 10 дена ќе објави дали сака да се придружи на НАТО


Финска на 12 мај ќе објави дали ќе се пријави за членство во НАТО, објави финскиот весник „Италети“, повикувајќи се на анонимни извори од финската влада. Објавата ќе се случи во два чекора, наведува весникот. Истиот ден финскиот претседател Саули Нинисто ќе објави дека го поддржува влегувањето на земјата во НАТО, а потоа парламентарните групи […]

„Тајмс“: Русија веќе го отвора патот за напади врз Молдавија


Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, според украински воени извори, пишува Тајмс. Еден извор рече дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија. Успешното преземање ќе доведе до преселба на руските трупи во […]

Може ли војната да се префрли на територијата на Русија


  Само неколку моменти откако на 1 април на видео камера беа забележани ракети истрелани од хеликоптери на ниско ниво, огнен пламен го зафати складиштето за гориво во рускиот град Белгород. Голем пожар избувна во воениот истражувачки институт во близина на Москва. Експлодираа уште неколку големи магацини низ Русија. Овие и други слични инциденти на […]

Германија го поддржува ембаргото за увоз на руска нафта


  Германија ја поддржува Европската Унија во намерата да воведе ембарго на увоз на нафта од Русија. Во текот на последните прелиминарни разговори за шестиот пакет санкции против Русија, Германците се изјаснија во корист на забаната, извести новинската агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори. Во моментот само неколку европски земји го блокираат ембаргото на […]

Форбс: Русија досега истрела врз Украина проектили вредни 7,5 милијарди долари


Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс. Москва истрела 235 ракети „Калибар“ кон Украина. Тешко е да се пресмета точниот број на други видови ракети лансирани во Украина, но според Министерството за одбрана на 24 март, нивниот сооднос е следниов: 62 отсто од […]

Вучиќ за воведување санкции кон Русија: Србија е под огромен притисок


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени […]

Ништо од обештетувањето за запленетите авиони во Русија


Околу половина од 1.000 авиони во руската флота се во сопственост на странски лизинг компании, наведува агенцијата Блумберг. Неколку дена по почетокот на нападот, ЕУ им нареди да ги вратат авионите. Околу 30 авиони беа запленети во Хонг Конг, Истанбул и Мексико Сити, но околу 400 останаа во Русија. Повеќето од нив се регистрирани во […]

Повлекувањето на „Мекдоналдс“ од Русија и Украина досега го чинеше 127 милиони долари


Повлекувањето на „Мекдоналдс“ од Русија го чини многу пари – и храна. Компанијата минатиот месец објави дека привремено ќе ги затвори рестораните во Русија и Украина поради војната таму. Тие исклучувања, според Си-Ен-Ен, го чинеа „Мекдоналдс“ 127 милиони долари во првиот квартал. „Мекдоналдс“ во март објави дека ќе продолжи да ги плаќа своите 62.000 вработени […]

Русија забрани влез на речиси 600 Канаѓани, вклучувајќи ги Трудо и Фриленд


Русија –   Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува забрана за влез за речиси 600 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Џастин Трудо. Министерството објави список од 592 канадски државјани на кои им е забранет влезот во Русија. „Нагласуваме дека руската страна ги воведува овие санкции исклучиво како присилна реакција на непријателските дејствија на […]

Шестмина руски олигарси мистериозно умреа од почетокот на војната во Украина


  Минатата недела, во рок од 48 часа еден од друг, двајца руски олигарси беа пронајдени мртви заедно со нивните семејства во она што иистражувачите го означуваат како убиство-самоубиство. Од почетокот на 2022 година, уште четворица олигарси поврзани со Русија мистериозно умреа од самоубиство. Поголемиот дел од смртните случаи дојде откако Русија ја нападна Украина […]

Русија суспендирана од Светската туристичка организација


Руската Федерација е суспендирана од Светската туристичка организација (UNWTO), со што веднаш ги губи правата и привилегиите како членка на специјализираната агенција на ОН за туризам. Одлуката за суспензијата што беше предложена минатиот месец од Извршниот совет на UNWTO, е донесена на вонредното Генерално собрание на организацијата што се одржува во Мадрид. На најавите од […]

Русија свикува неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина на 6 мај


Русија на 6 мај ќе свика неформален состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на теренот во Украина, најави Сергеј Леонидченко, виш советник на постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации. – Доколку сакате да ја дознаете вистината за реалната ситуација на теренот, добредојдени сте на нашиот состанок на „Формулата-Ариа“ на 6 […]

Русија истапува од Светската туристичка организација


  Рускиот амбасадор во мадрид, Јуриј Корчагин соопшти денеска дека Русија истапува од членството во Светската туристичка организација (UNWTO), затоа што одреден број земји ја монополизираа таа организација во настојување на ја „протуркаат“ одлуката за суспендирање на членството на неговата земја. „Мора да констатираме дека еден број земји членки практично ја монополизираа UNWTO кои оваа […]