Средбата заврши, договорот ќе почека


По безмалку четири часа разговори зад затворени врати, заврши средбата меѓу лидерите на четирите најголеми партии, според информациите, без конкретен договор засега. Не се исклучува разговорите што се водеа и денеска во Клубот на пратеници да продолжат и во наредните денови. Додека се чекаат изјавите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и […]

Посакуван датум за референдум – 30 септември


Владејачките партии преферираат референдумот да се одржи на 30 септември. Овој датум, според наши информации, го посочил и премиерот Зоран Заев на вчерашната лидерска средба во Клубот на пратеници. Сепак, како алтернатива за спроведување на плебисцитарното изјаснување за името е оставена и првата недела од октомври, односно 7 октомври. Доколку има договор за референдум на […]

Попладне лидерска средба за референдумот


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ги покани на средба денеска во 18 часот во Клубот на пратениците лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието. Се очекува на средбата да стане збор за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се […]

Утревечер лидерска средба за референдумот


Лидерска средба за подготовка на референдумот и за деблокада на процедурите што треба да му претходат најави за утревечер премиерот Зоран Заев. На денешната прес конферецијата со еврокомесарот Јоханес Хан, Заев најави дека денеска почнуваат консултациите за свикување нова лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките за референдумот. – Сите треба да […]

Ќе ја одврати ли Хан опозицијата од амнестијата?


Иако средината на овој месец беше планирана како термин за распишување на референдумот за името, тој процес е моментно заглавен, меѓу другото, и затоа што нема кој да го спроведе плебисцитарното изјаснување. Премиерот Зоран Заев изрази вчера подготвеност да ги слушне, како што рече, аргументите на опозицијата во врска со законите за финансирање на партиите […]

Треба ли да славиме воен сојуз


Не стивнуваат реакциите во јавноста по саботната прослава ширум земјата за добиената покана за членство во НАТО. Власта тврди дека на плоштадите низ Македонија излегле десетици илјади луѓе,но сликите оттаму говорат оти бројката е многу поскромна. Пејачката естрада се подели на „патриоти“ и на „предавници“, а опозицијата калкулира дека потрошени се половина милион евра државни […]

Анѓушев: Референдумот мора да успее


Граѓаните да го поддржат референдумот. Тој мора да успее зошто  Македонија нема друга опција за просперитет и светла иднина. Ваква порака упати вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев синоќа од прославата за поканата за членство во НАТО од Велес. – Ние 25 години гледаме што се случува бидејќи толку години тапкаме во место и […]

Уште 900 илјади гласови до големата цел


Александра М. Митевска Во некоја не многу далечна иднина, кога сегашниот премиер Зоран Заев, можеби, ќе седне да пишува мемоари за турбулентните случувања во текот на неговите мандати – и како прв опозиционер и како челник на владата – ќе треба да каже и која мисија била потешка за него: решавањето на проблемот за името […]

Кампањата почна, референдумот може да почека


Македонската владина делегација се врати вчера од Брисел во Скопје со покана за членство во НАТО и со домашна задача – да го организира референдумот во врска со договорот со Грција, да обезбеди негова успешност, по што би се преминало на уставни измени. Увертира во исполнувањето на овие обврски, пак, ќе биде вечерашнава прослава по […]

Музика и огномет за масовност на референдумот


Голема прослава организира Владата в сабота вечер за добивањето на поканата за членство во НАТО. Паралелно ќе се прославува во 15 градови низ земјава, со учество на познати естрадни уметници. „Ве повикувам на 14 јули да прославиме заедно во градовите низ Македонија. Владата подготвува свечености во 15 градови каде што со домашна музика ќе си […]

ВМРО-ДПМНЕ стравува од избори во пакет со референдумот


Да се врати концептот на преодна влада кој беше договорен во Пржино – во екот на политичката криза во државата. Ова е практично едно од барањата што ги поставува опозицијата како услов за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК, покрај измените на Законот за финансирање на партиите. Иако до редовните парламентарни избори има […]

НАТО ќе нè покани, приемот во два чекора


  Брисел – Лидерите на земјите членки на НАТО денес попладне ќе решат на Македонија да ѝ упатат покана да ги започне пристапните преговори за членство. Високи функционери на алијансата вчера уверуваа дека ниту една земја нема да ја блокира одлуката и дека без оглед како гласи името на поканата, процесот низ кој ќе треба […]

Заев: По самитот на НАТО сите партии ќе ги одредат деталите околу референдумот


По самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдиме елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот, вели премиерот Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА. Заев изрази надеж дека референдумот ќе биде успешен и ги повтори […]

Заев-Могерини: Поддршка од ЕК за организирање успешен референдум


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од своите активности за време на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, се сретна и со високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Владината прес-служба соопшти дека на средбата на која присуствувале и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за […]

Амнестијата поважна од интеграцијата


Александра М. Митевска Со блокадата на изборот на новиот состав на ДИК виси закажувањето на референдумот. Со одолговлекувањето на референдумот ќе доцнат уставните измени. Со пролонгирањето, пак, на овие две клучни етапи од спроведувањето на договорот со Грција, ќе се развлечка и зачленувањето на Македонија во НАТО – и покрај поканата што ќе ја добиеме […]

Не се проблем изборните правила, туку кривичните прогони


ВМРО-ДПМНЕ ги дочека своите пет минути за политичко пазарење и за блокада на спроведувањето на договорот со Грција. Изборот на новиот состав на ДИК е неизвесен, а со тоа виси и распишувањето на референдумот за името. Во меѓувреме, опозицијата почна да излегува со барања за амнестија на нејзини функционери и поддржувачи, за што првичен мотив […]

Висат и изборот на ДИК и референдумот


Нема засега навестувања за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК што треба да го спроведе престојниот референдум за името. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ни изјави дека додека не добие сигнал од партиите дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК нема да закаже седница за селектирање […]

Заев: Ако не сега, Иванов ќе потпише по референдумот


Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври. Ова го изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС, на маргините на Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика членовите на референдум наместо да шири невистини


Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на СДСМ. „Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој […]

Мицкоски: Ќе видиме дали сме за референдум, зависи како ќе се одвиваат процесите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма не сакаше директно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи референдумот за името. „Кога беше објавено дека е постигнат договор со Грција, да јас реков дека ако тој договорот се стави на референдум јас ќе гласам против. Но, оттогаш се променија многу работи. Прво […]