Модриќ призна дека сам се понудил на Интер


Тензиите меѓу Интер и Реал Мадрид околу нереализираниот трансфер на Лука Модриќ би требало да се намали драстично по последните признанија на хрватскиот фудбалер. Тој споделил пред раководството на „белите“, дека сам се понудил на „нероазурите“, а тие не направиле прелиминарен контакт со него, објавија шпанските медиуми. Реал му се закануваше на италијанскиот клуб со […]

Модриќ може да си оди од Реал, ама за 750 милиони евра


Мадрид – Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги отфрли гласините за заминувањето на Лука Модриќ во Интер и постави невозможен услов за негов трансфер. Од Реал наведуваат дека по продажбата на Кристијано Роналдо, не се заинтересирани за продажба на Модриќ. Тој има договор со шпанскиот клуб до 2020 година, а најверојатно ќе добие и […]

Наполи нуди 45 милиони евра за Бензема


Екипата на Наполи подготвува понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави „Кориере дело Спорт“. Францускиот напаѓач е еден од главните трансфер цели на тренерот на Наполи, Карло Анчелоти. Триесет годишниот напаѓач има договор со Реал Мадрид до летото 2021 година. Во последната сезона тој постигна 12 гола и направи […]

Роналдо: Реал секогаш ќе остане во моето срце


Kристијано Роналдо по девет години минати во Реал Мадрид преминува во Јувентус во трансфер вреден 105 милиони евра. Роналдо по официјализирањето на трансферот објави проштално писмо. – Годините поминати во Реал и Мадрид се веројатно најсреќниот период во мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на клуб и целиот град за љубовта и вниманието кое […]

Реал Мадрид потврди дека Роналдо заминува во Јувентус


Реал Мадрид потврди дека му дозволил на Кристијано Роналдо да се премине во Јувентус, откако фудбалерот изрази желба да замине од шпанскиот клуб. По големиот број шпекулации во европските медиуми, попладнево стигна и официјална потврда од европскиот шампион за трансферот на Роналдо. Реал му се заблагодари на Роналдо за неговите постигнувања во клубот и му […]

Валдано до Роналдо: Да го напуштиш Реал не е паметно решение


Поранешниот напаѓач, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го прокоментира евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Светскиот шампион од 1986 година, смета дека голгетерот ќе направи грешка ако го напушти „Сантијаго Бернабеу“. – Да го напуштиш Реал Мадрид не е паметно решение. Мислам дека Кристијано е многу паметно момче, но ако […]

Реал демантира дека Мбапе доаѓа во Мадрид


Реал Мадрид денеска ги дементираша тврдењата на повеќе медиуми дека раководството на актуелниот европски шампион постигнало договор со Пари Сен Жермен за купување на младиот напаѓач Килијан Мбапе. Информацијата прво ја пренесоа француските медиуми, при што беше наведено дека Реал за трансферот ќе плати 272 милиони евра. Но, клубот од Мадрид ја демантираше веста, а претходно […]

Реал понудил 57 милиони евра за Алисон


Екипата на Реал Мадрид упатила прва понуда за голманот на Рома, Алисон и таа е во вредност од 57 милиони евра, тврди британското издание „Дејли Мејл“. Според последните информации максимумот, кој „кралевите“ можат да го извадат за бразилскиот национален голман, е 60 милиони во европска валута плус опција за уште 10 милиони во форма на […]

Реал го казнува Роналдо


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, може да се соочи со парична казна за прекршување на етичкиот кодекс на клубот. Шефовите на Реал Мадрид ја испитуваат контроверзната изјава на Кристијано Роналдо по финалето на Лигата на Шампионите во Киев за можното напуштање на Реал, за да видат дали има причина да му наметнат казна. Со […]

Само Рамос знаел за одлуката на Зидан


Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека за неговата одлука знаел само капитенот Серхио Рамос. – Од тимот за мојата одлука знаеше само капитенот Серхио Рамос. Тој се однесуваше со почит и беше вистински капитен. Французинот кажа дека нема намера во блиска иднина да тренира друг клуб. – Нема да тренирам […]

Трофејот од ЛШ недоволен Реал да биде прв на ранг листата


И покрај освојувањето на Лигата на шампионите, Реал Мадрид се најде на второто место во рангирањето на европските клубови на компанијата „Gracenote“, која се занимава со проучување на резултатите на домашна и меѓународна сцена. Реал ко во саботата по 13. пат во историјата и трет пат по ред стана европски шампион е втор на листата […]

Роналдо по изјавата за можно заминување од Реал: Зборовите ми беа извадени од контекст


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо изјави дека бил погрешно разбран околу неговата иднина во мадридкиот тим во синоќешната изјава по финалето на Лигата на шампионите, во кое неговиот тим го совлада Ливерпул со 3:1. – Сега не е време да зборуваме за лични работи, а и моите зборови можеби биле извадени од контекст. Можеби […]

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и се запиша во историјата


Реал Мадрид вечерва оствари победа од 3:1 над Ливерпул и на тој начин го освои својот 13-ти трофеј во Лигата на шампионите и трет по ред, по два гола кои дојдоа по неверојатни грешки на голманот на „црвените“, Лорис Кариус. „Кралскиот клуб“ сега е апсолутен рекордер по досега невидените три последователни триумфи во овој турнирски […]

Салах го прекина рамазанскиот пост поради финалето со Реал


Иако беше најавено дека Мохамед Салах ќе се придржува кон рамазанскиот пост и на денот од финалето на Лигата на шампионите, сепак од Ливерпул соопштија дека египетскиот фудбалер го прекинува постот со цел да биде подготвен за натпреварот. Претходно, и самиот Салах најави дека планира сите 30 дена да пости, без разлика што во овој […]

Дел Боске: Салах нема да го направи Реал подобар тим


Поранешниот селектор на Шпанија Висенте дел Боске се искажа доста негативно за играчите на Ливерпул пред претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Според него, ниту еден од нив не би го направил тимот на „белите“ подобар, вклучувајќи и напаѓачот Мохамед Салах, кој реализираше 32 гола во Премиер лигата на Англија во оваа […]

Реал Мадрид е нов европски првак во кошарка


Кошаркарите на Реал Мадрид се новите европски шампиони откако во финалето на завршниот Ф4 турнир од Евролигата во Белград славеа над Фенербахче со резултат од 85-80. Решавачката предност шпанскиот состав ја направи во третата четвртина која ја доби со 25:15. Турскиот и досегашен шампион во финишот се обиде да направи резултатски пресврт, се доближи на […]

Навивачи на Ливерпул и Реал го откажуваат присуството на финалето во ЛШ


Голем дел од навивачите на Ливерпул и на Реал Мадрид одбиваат да присуствуваат на финалето на Лигата на шампионите поради високите цени на хотелите во Киев. Ова е објавено од страна на локалниот украински весник „Вести“. Финалето од најпрестижниот турнир во Европа ќе се одржи на 26 мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев, кој има […]

Мурињо: Продажбата на Роналдо е табу тема во Реал


Тренерот на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо смета дека Реал Мадрид во ниту една опција не би го продал Кристијано Роналдо. Најдобриот фудбалер на мадридскиот клуб има договор до 2021 годинa, односно се до неговата 36 година. Мурињо, кој три години беше тренер на Реал, е уверен дека Роналдо ќе остане во Мадрид до крајот на […]

Рамос: Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралевите на Европа


Фудбалери на Реал Мадрид учествуваа во специјален настан пред денешниот тренинг во спортскиот центар „Валдебебас“, организирано од „Movistar Likes“. Педесетина фанови на „лос бланкос“ ја имаа честа да се сретнат со своите идоли и да им постават прашања пред финалето во Лигата на Шампионите. – Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралеви на Европа. […]

Лука Дончиќ избран за „ѕвезда во подем“ на Евролигата


Втора сезона по ред Лука Дончиќ од Реал Мадрид ја освојува наградата за „ѕвезда во подем“ на Евролигата. Деветнаесет годишниот талент го повторува стореното од Никола Миротиќ, кој ја освои наградата во две последователни години како играч на „белите“ – во 2011 и 2012. Дончиќ има неверојатна година до моментов и во 31 натпревар од […]