Ливерпул му понудил на Реал 100 милиони евра за Валверде


Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде, можеше да ја продолжи кариерата во Англија. Според шпанскиот спортски весник „Ас“ Ливерпул претендирал за потписот на 24-годишниот Уругваец. Се известува дека англискиот клуб во последните денови од летниот преоден рок понудил 100 милиони евра за играчот од средниот ред. Валверде минатата сезона забележа 46 настапи во […]

Анчелоти: Добро е што Реал не го сметаат за фаворит во Лигата на шампионите


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти,  не е изненаден дека мадридскиот клуб не важи за фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона. Според 63-годишниот Италијанец, ова е добар знак. – Не сум изненаден што Реал Мадрид повторно не се смета за фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Ова го гледам како добар знак. Минатата сезона […]

Од Реал заминува најтрофејниот играч


Реал денес потврди дека дефанзивецот Марсело го напушта клубот од Мадрид. Актуелниот договор меѓу Реал Мадрид и 34-годишниот фудбалер истече. „Кралскиот клуб“ за утре закажа церемонија за збогување со играчот. Свеченоста ќе се одржи на тренинг-центарот на Реал, Сиудад. Се очекува претседателот на клубот Флорентино Перез да одржи говор по повод заминувањето на Марсело. Триесет […]

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион


Реал Мадрид вечерва во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 59. минута. Во 45. минута главниот судија на средбата Клемент Турпин со помош на ВАР го поништи голот на Карим Бензема поради офсајд. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по […]

Гвардиола: Бевме блиску, но не успеавме


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, жали за пропуштената шанса неговиот тим да обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите до кое го делеа неколку минути. Сити синоќа загуби на госувањето кај Реал со 3:1 по дополнителни 30 минути, откако основните 90 завршија со 2:1. – Бевме блиску, но на крајот не се пласиравме […]

Реал Мадрид е шампион на Шпанија


Реал Мадрид ја освои 35. титула на Шпанија. Клубот од Мадрид последен пат беше шампион во 2020 година, а минатата сезона нивниот градски ривал Атлетико ја освои титулата. Титулата шампион ја потврдија избраниците на Карло Анчелоти со победата од 4-0 против Еспањол на „Сантијаго Бернабеу“. Реал до победата дојде со головите на Бразилецот Родриго во […]

Реал треба да освои само бод во последните пет кола за да стане шампион на Шпанија


Реал Мадрид по поразот од Барселона во натпреварот од 33. коло на Ла Лига против Рајо Ваљекано (0:1) се доближи до освојување на шпанското првенство. За да стане шампион на Шпанија, на мадридскиот клуб му е доволно да освои еден бод во преостанатите пет кола. Тимот на Карло Анчелоти во последните пет кола од Ла […]

Почина поранешниот фудбалер на Реал и колумбискиот репрезентативец Ринкон


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Колумбија, Фреди Ринкон, почина на 55-годишна возраст, соопшти прес-службата на ФИФА. Тој имаше сообраќајна несреќа на 11 април во Кали (Колумбија), неговиот автомобил се судри со автобус. Поранешниот фудбалер со сериозни повреди на главата е пренесен во болница и опериран. Денес, 14 април, Ринкон почина во болница. […]

Модриќ не успеа да постигне договор за продолжување на договорот со Реал


Фудбалерот од средниот ред Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето. Актуелниот договор на играчот истекува, а страните не можат да се договорат, пренесува „Marca“. Самиот 36-годишен Хрват би сакал да остане во Мадрид, но преговорите се движат многу бавно. Модриќ е свесен дека секоја сезона раководството ќе му понуди нов […]

Почина легендарниот играч на Реал, Генто, тој е единствениот шесткратен освојувач на Купот на шампиони


 Легендата на Реал Мадрид, Франциско Генто, почина на 89-годишна возраст. Шпанецот играше за мадридскиот клуб од 1953 до 1971 година. Вкупно за тимот одигра 600 натпревари и постигна 182 гола. Генто е единствениот играч во светот кој шест пати го освоил трофејот европски шампион. Тој, исто така, го освои шпанското првенство 12 пати со Реал […]

Се ожени капитенот на Реал: Најважниот гол на Рамос


Фудбалскиот крем се собра во саботата во Севилја за да ја прослави свадбата на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и на неговата долгодишна партнерка, Пилар Рубио. Двојката се венча во катедралата во Севилја, а на веселбата присуствуваа многубројни колеги на Рамос. Рамос пред олтарот дојде во придружба на мајка си, а Пилар под рака […]

Зидан во Реал ќе заработува по 12 милиони евра годишно


Медиумите во Шпанија ги објавија финансиските детали за новиот договор од Зинедин Зидан и Реал Мадрид според кои францускиот експерт ќе заработува по 12 милиони евра годишно. Договорот му е до јуни 2022 година. Зидан ќе биде меѓу најплатените европски тренери, но не и највисоко платени во Мадрид. Диего Симеоне во Атлетико заработува 24 милиони […]

Реал трет пат по ред светски клупски шампион


Абу Даби– Реал Мадрид го победи Ал-Аин вечерва во финалето на светското клупско првенство со 4:1 и трет пат во низа го освои трофејот во ова планетарно натпреварување. Стрелци на головите за европскиот тим беа Лука Модриќ и Маркос Љоренте, Серхио Рамос и Надер (автогол). Голот за шампионот на Обединетите Арапски Емирати беше дело на Сиотани. […]

Асенсио го напушта Реал


Офанзивниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио веројатно ќе го промени својот клуб по крајот на сезоната. Огромен интерес за играчот за врска на „кралскиот клуб“ има од Ливерпул, а англискиот тим сака да го „резервира“ уште сега. Интересот на Ливерпул кон Асенсио датира од пред три години, а во 2016 година […]

Лопетеги веќе се збогувал со играчите на Реал


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги сигурно ќе ја напушти функцијата. Како што објави „Марка“ Лопетеги по вчерашниот пораз од Барселона бил свесен дека го очекува отказ и веќе се поздравил со играчите. Реал загуби на гостувањето кај лутиот ривал со убедливи 5:1. По 10 кола во шпанската Примера, Реал има само четири победи, две […]

Лопетеги пред отказ по петардата од Барса


И без повредениот Меси, Барселона го уништи Реал Мадрид со 5-1 (2-0) во големото дерби на шпанскиот фудбал. Стрелец на три погодока беше Суарез, по еднаш погодија Кутињо и Видал, додека кај „кралевите“ почесниот гол го постигна Марсело. Беше тоа одличен натпревар, во кој и актуелсниот европски шампион имаше свои пригоди и пречки, но на […]

Реал продолжува да тоне


Реал Мадрид на Хулен Лоптеги продолжува да тоне во Ла Лига, откако „Кралевите“ изгубија со 1:2 од Леванте среде „Сантијаго Бернабеу“, со што немаат победа веќе четири последователни натпревари. Мала утеха за тимот е што ја прекина рекордната серија без гол од 481 минута. Инаку гостите ги шокираа фановите на „Бернабеу“ со два гола до […]

Шамар за Модриќ од Каземиро: Златната топка би му ја дал на Роналдо


Бразилскиот репрезентативец Каземиро ги изненади навивачите на Реал Мадрид откако јавно застана зад Роналдо, кој годинава ги напушти „кралевите“ и замина во Јувентус. На прашањето кој е најдобар фудбалер на светот, тој без задршка го прогласи Португалецот, иако со него и натаму игра официјално најдобриот европски играч – Лука Модриќ. „Модриќ имаше одлична сезона, со […]

Модриќ затаил данок во 2012-та, треба да плати 1,2 милиони евра


Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе мора да плати 1,2 милиони евра за даночно затајување во 2012 година. Според „Мундо Депортиво“, шпанските власти го обвиниле капитенот на репрезентација на Хрватска дека избегнал плаќање данок пред шест години, кога пристигнал во Реал од Тотенхем. Во објаснувањето за одлуката се вели дека Модриќ бил должен да […]

Интер сакаше да го земе Модриќ без пари


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари. – Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментира Перез во интервју за радио „Кадена Копе“. Перез обвини дека […]