(Во живо) Прес-конференција на Ковачевски, Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија


Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи, денес во Белград учествуваат на Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка. Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на […]

(Во живо) Обраќања на Ковачевски и Рама на заедничката седница


Владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје ќе одржат меѓувладина седница на која официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама. На меѓу владината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на договори и меморандуми од страна на министрите на двете влади со цел продлабочување на соработката меѓу двете […]

Рама: Домаќинствата плаќаат 20 отсто од цената на енергијата, 80 отсто плаќа државата, имаме најниска инфлација


– Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека во сметката за потрошена енергија домаќинствата плаќаат 20 отсто од реалната цена, а 80 отсто се плаќаат од државниот буџет. Ова, оценува тој, придонесе инфлацијата да се држи под контрола, за разлика од другите земји околу Албанија. Според него, Албанија има најниско ниво на инфлација од сите земји […]

Фон дер Лајен денеска во Тирана, ќе се сретне со премиерот Рама


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Тирана во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан.   Според официјалната агенда објавена од прес-службата на кабинетот на премиерот, во 14:30 часот ќе се одржи церемонијата на пречек на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“. Потоа во 15:45 часот во кабинетот на […]

Рама: Платите на министрите и пратениците не се зголемени 9 години


Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Елбасан изјави дека платите на министрите и пратениците, ниту на премиерот, не се зголемени 9 години од доаѓањето на неговата Социјалистичка партија на власт.   Шефот на владата нагласи дека нема ни да се зголемат се додека не се во можност да ја зголемат платата на […]

Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија


  Премиерот Еди Рама изјави дека руските граѓани кои бегаат од мобилизација се добредојдени во Албанија. – Русите кои ја напуштаат земјата затоа што не сакаат да војуваат, се добредојдени во нашата земја, рече Рама. Тој го повтори ставот на Албанија дека стои на страната на Украина и не го признава референдумот организиран од Русија […]

Рама: Имавме докази, моравме да ги прекинеме сите врски со Иран


Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Разбуди се Америка“ (Wake Up America) се осврна и на кибернападите врз неговата земја извршени од Иран. – Имаме докази врз основа на доказите на тимот на Мајкрософт и специјализираните американски агенции дека зад нападот стои Иран, кој спонзорираше четири групи, од кои едната е на чело на […]

Соработка за струја во доволни количини и по оптимални цени за економиите и граѓаните


 Неопходна е соработка во акутелните услови со енергетската криза за да се оебзеди струја во доволни количини и по оптимални цени како за граѓаните така и за стопанството, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. -За да може да се обезбеди електрична енергија по цена која граѓаните можат да ја издржат, земјите ја субвенционираат цената. Тоа се […]

Отворен Балкан овозможува подготвени да ја пречекаме тешката зима


  (Од нашиот известувач) БЕЛГРАД – Нѐ чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори, кои ни овозможуваат заедно да ја пребродиме и заедно да истапиме пред Европската унија за помош, беше главната порака на лидерите на Србија, Македонија и на Албанија, Александар Вучиќ, Димитар Ковачевски и Еди Рама, на прес-конференцијата по потпишувањето на Спогодбата […]

Рама: Повеќе европски земји сакаат да се приклучат на Отворен Балкан


Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград на отворањето на лидерскиот самит „Отворен Балкан“ изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат на регионалната иницијатива и други важни земји, но и од ЕУ, важни за тој регион, како на пример Грција, Италија, Турција и Унгарија. -Иницијативата на ОБ повеќе нема потреба да […]

Вучиќ, Ковачевски и Рама на 1 септември го отвораат саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград


  Во Белград од 1 до 4 септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ кој се организира под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ на […]

НАТО прави база во Драч


Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште „Порто Романо“ во Драч ќе биде база на НАТО. Тој ова го соопшти по враќањето од НАТО самитот одржан во Мадрид. Инаку, пристаништето „Порто Романо“ планираное е да биде најголемо на Јадранот, но Рама рече дека ќе има и свој воен дел. „Наскоро се враќаме […]

Рама повторно остар кон ЕУ: Кандидатскиот статус е еден вид таблета против депресија 


Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели  дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.  Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за […]

(Во живо) Ковачевски, Рама и Вучиќ од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брисел


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел ја предводи владината делегација во која е вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е […]

Рама: Во Солун ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија


Не знаеш дали да се смееш или плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија, објави денеска премиерот на Албанија Еди Рама на Твитер откако на самитот во Солун ја нарече Северна […]

Рама: Имаме највисоки цени на горивата во регионот


 Албанскиот премиер Еди Рама призна дека во неговата земја горивата се продаваат по највисока цена во регионот, но оти има ниски даноци.   – Вистина е дека имаме највисоки цени на горивата во регионот, но поразлично од регионот имаме ниски даноци. Поинаку од регионот малиот бизнис не плаќа ниту лек, рече Рама во реплика со пратеничката […]

Пендаровски: Не гледам ништо спорно во изјавата на Рама ако продолжи блокадата од Бугарија


Не гледам ништо спорно во изјавата на Еди Рама за одвојување на Албанија од Севрена Македонија на патот кон ЕУ. Логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својот пат кон ЕУ да го врзуваат со кој било друг, вклучително и со […]

Еди Рама следен генерален секретар на НАТО?


  Германската аналитичарка Сузана Стариков наведе дека Јенс Столтенберг, на местото генерален секретар на НАТО може да го замени премиерот на Албанија, Еди Рама. Таа на Твитер напиша дека САД посебно инсистирале на избое следен генерален секретар на НАТО да се бара меѓу новите членки на НАТО. „Кандидати неа премиерката на Естонија Каја Калас и […]

Борел и во Тирана повтори дека нема дефинитивен датум за почеток на преговори


  Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел денеска во Тирана изјави дека „Албанија ги исполни условите за отворање на преговорите за членство и јас продолжувам да го поддржувам отворањето на преговорите за време на француското претседавање, исто како и за Северна Македонија“. На заедничката прес-конференција со […]

Премиерот Рама соопшти седум мерки од социјалниот пакет и посака недела со помалку стрес


Албанскиот премиер Еди Рама, објави дека е донесен социјален пакет од седум мерки велејќи дека „ова е владата која во тешки денови никогаш не ги остава сами оние на кои им е потребна заштита“. На граѓаните им посака недела со помалку стрес од несаканите последици од војната која „ниту ја почнавме, ниту можеме да ја […]