Рама му возврати на Лу: Апсењето на „балканскиот Ескобар“ неопходно, но не е и лесно


Албанскиот премиер Еди Рама денеска експресно возврати на критиките на американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу околу неуспехот на албанската полиција во апсењето на „балканскиот Ескобар“, Клеменд Балили. Рама оцени дека знае оти апсењето на ова лице од светот на криминалот е неопходност, но оти тоа не е лесно. -Ја разбирам загриженоста што ја нагласи […]

Рама ги собра парите потребни за казните на Џака и Шаќири


Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави дека се собрани потребните средства за да се плати казната, одредена од ФИФА, за фудбалерите на швајцарската репрезентација, Џердан Шаќири и Гранит Џака. Рама напиша дека ветувањето е исполнето. – Исполнето е. Ви благодарам на сите, наведе Рама. Сепак Рама не наведува колкава сума на пари се собрани […]

Баша:Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека премиерот Еди Рама „си става сам вето за да донесе 600 илјади Сиријци во Албанија“ со надеж дека Европа ќе заборави на дрогата. – Ги зема Сиријците за Европа да ја заборави дрогата и корупцијата на неговата влада. Албанија не ги исполни бараните задолженија од […]

Рама: Не разбирам зошто препораката на ЕК за Албанија не е задолжителна за членките на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила се што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата. – Ако одложувањето на преговорите со Албанија можеше да и помогне на ЕУ против растечката моќ […]

Рама од Пешкопеја најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“


Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“). – Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историскта неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача ја има албанската држава. Руга е […]

Рама: Албанија заслужува почеток на преговори


Албанскиот премиер, Еди Рама, високо ја оценува поддршката на Австрија, во секој клучен миг низ кој минала неговата земја,посочувајќи ја како силен партнер на интеграцискиот пат кон ЕУ. Во интервју за A-Ер-Де, Рама вели дека „Австрија одамна е поддржувач на Западен Балкан и отсекогаш била лојална и пријателски определена кон нас. Таа е исто така […]

„Рама оди си“, бара албанската опозиција


Неколку ијлади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција се сообра денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побрани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај. Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша. дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди […]

Рама: Сон ми е Албанците да се обединат под небото на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека никогаш не сонувал за „Голема Албанија”, бидејќи има поголем сон – сон за „Голема Европа”, под чие небо ќе се обединат сите Албанци. Во интервју за порталот Еуроњуз, Рама изрази жалење поради реакцијата која беше предизвикана од неговата претходна изјава дека еден ден Косово и Албанија би можеле да имаат […]

Рама го разлути американскиот амбасадор во Тирана


Амбасдорот на САД во Тирана, Доналд Лу остро му возврати на албанскиот премиер Еди Рама на неговата вчерашна изјава во албанскиот Парламент, во која иронично го спомена американскиот дипломат. – Револтиран сум од употребата на моето име во Собранието на Албанија. Рама да зборува во свое име, а ние ќе зборуваме во наше. САД ги […]

„Албеу“ за теоријата дека некој сака да го отруе Рама


Кој сака да го отруе Рама?“ Оваа „конспиративна теорија“ ги преплавува онлајн медиумите во Албанија, посебно затоа што премиерот Еди Рама, каде и да патува носи леб и храна од Тирана, објави порталот „Албеу“. Според истиот извор, во последно време каде што престојувал, во кое било семејство, тој од поставената трпеза не земал ништо подготвено […]

Тачи во ненајавена посета на Тирана за тензиите кои владеат меѓу Косово и Турција


Тензиите кои владеат меѓу Косово и Турција, по депортацијата на шесмината турски државјани, е причина за косовскиот претседател Хашим Тачи да допатува во ненајавена посета на Тирана. Тачи во Тирана се задржал само еден час и се сретна единствено со  премиерот Еди Рама, кој има исклучитечно добри односи со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Косовскиот […]

Еди Рама до Иванов: Без Албанците нема Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама во реакцијата на својот профил на Фејсбук, во врска со ставовите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов за законот за употреба на јазиците, кој Собранието го усвои во средата без амандманска расправа, порача дека без Албанците нема Македонија. Рама, како што пренесуваат медиумите, „го потсетил“ Иванов дека албанскиот јазик не е јазик […]

Рама обвини дека ДП била финансирана од Русите, за Баша руската опасност доаѓа од Рама


Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по пишувањето на американското списание „Мадр Џонс“ дека лобирањето на албанската опозициска демократска партија го финансирала руска компанија, што го  пренесоа и албанските медиуми. Тој упати критики на адреса на опозициската Демократска партија, која „Русите ја финансирале за време на последните избори“. – Оваа историја не може така да се затвори. […]

Рама: Горд сум што ме обвинуваат дека ги бранам Албанците во Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека се чувствува горд кога го обвинуваат дека ги брани Албанците во Македонија и додава дека ќе продолжи да ги брани. Ова како одговор на обвинувањата што му ги упати Руската амбасада за „патернализам околу подготвувањето и усвојувањето на Платформа од Тирана“. – Горд сум кога ме обвинуваат дека ги […]

Рама: Мојата партија е заслужна за официјализирањето на албанскиот јазик


Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која […]

Заев и Рама ги посетија Македонците во Пустец


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев заедно со неговиот албански колега Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец во Албанија, каде се сретнаа со жители на општината, се запознаа со нивните барања и реализираа повеќе заеднички активности. Како што соопштија од владината прес-служба, двајцата премиери прво разговараа со раководителите, наставници и […]

Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец


Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец. Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема за учениците. Владите на Република Македонија и на Република Албанија […]

Заев-Рама: Македонија и Албанија очекуваат идната година да ги почнат преговорите за интеграција во ЕУ


Република Македонија и Република Албанија очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската Унија, да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за напредок во тој процес. Тоа беше главната порака што ја испратија премиерите Зоран Заев и Еди Рама од Подградец каде денеска се одржа првата заедничка седница на […]