Протест на сточарите од југот на Албанија, блокирани патишта


Сточарите од јужната албанска околија, Ѓирокастро излегоа на улиците за да протестираат против неисполнетите барања на Министерството за земјоделство. -Денеска сточарите од 10 општини од југот на земјата во знак на предупредување го блокираа националниот пат Кардик-Делвина и уште еднаш побараа исполнување на нивните барања, јави Топ чанел. Според телевизијата, покрај барањето да се преговара […]

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска пред законодавниот дом го изрази своето незадоволство поради носењето на Предлог-Законот за административни службеници, кој е влезен во собраниска процедура во скратена постапка. Со Предлог-законот за административни службеници, претседателот на КСС Благоја Ралповски вели се изземаат круцијалната права на работникот, вадење на минималната плата, како и непочитување на Законот […]

Возачите на ЈСП на протест пред Град Скопје – денеска не возат


Автобусите на ЈСП денеска останаа во гаражите по најавата на синдикатот дека ќе има блокада ако на вработените до денес не им биде исплатена декемвриската плата. Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие. […]

Минхен: Демонстрациите против крајната десница се прекинати поради премногу учесници


 Демонстрациите против екстремната десница организирани денеска во Минхен беа прекинати поради преголемиот број луѓе на улиците, јавија германските медиуми. Организаторите најавија дека на тој протестен марш дошле над 50.000 луѓе, што е двојно повеќе од пријавениот за него. Според други проценки, таа бројка е уште поголема. Во големите германски градови со денови се организираат демонстрации […]

Вчера 300.000 луѓе излегоа на улиците низ Германија. Истото се очекува и денеска


По неколкудневните масовни протести во Германија, денеска се очекува десетици илјади луѓе да излезат на улиците на германските градови, вклучувајќи го и Берлин, за да се соберат против крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) и нејзиниот антиимигрантски став. Полицијата во Минхен очекува до 25.000 учесници, додека организаторите на митингот во Келн проценуваат дека ќе има […]

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта


Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. На протестите се очекува да учествуваат околу 3.000 земјоделци со трактори, 2.000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија. Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците […]

Протест против измените на Законот за игри на среќа: Пратениците да размислат што ќе изгласаат


Неколку стотини вработени и припадници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), денеска протестираа пред Собранието и ја блокираа улицата „11-ти Октомври” против носењето на новиот предлог Закон за игри на среќа. На протестот тие апелира до пратениците добро да размислат […]

Српските студенти и млади активисти им пишаа на европските институции за причините за протестите во Белград


Неформалната група студенти и млади активисти „Борба“, која речиси две недели протестира со цел поништување на изборите во Србија и отворање и ажурирање на избирачкиот список, денеска испрати писмо до европските институции и други меѓународни организации, во кое ги информира за причините за протестот, но и барањата што ги имаат кон домашните институции, но и […]

Заврши протестот во Белград, се бара ослободување на уапсените


Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград започна деветтиот протест на опозициските партии и активисти. Протест на опозициските партии и активисти е организиран поради нерегуларности на изборите одржани на 17 декември. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а вечерва за првпат протест се одржува и во Краљево. […]

И вработените во Народниот правобранител незадоволни, бараат повисоки плати и подобар статус


Членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Народниот правобранител одржаа мирен протест каде го искажаа својот револт од нивниот статус кој го имаат како административни службеници. Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите […]

Радикализација на протестите на земјоделците во Србија


Протестите на земјоделците кои бараат подобри услови за земјоделството продолжија во градовите низ Србија, најмногу во Војводина со блокади на патиштата, а за денеска најавија дополнителна радикализација на протестот, јави дописникот на МИА од Белград. Земјоделците кои од 13 ноември го блокираат влезот на рафинеријата на Нафтената индустрија на Србија (НИС) во Нови Сад, почнаа […]

Протестен марш во Скопје за поддршка на палестинскиот народ во Газа


Протестен марш за поддршка на палестинскиот народ во Газа се одржа вечерва во Скопје. Маршот кој започна од пред споменикот против геноцидот во Сребреница кој се наоѓа во паркот во Чаир, продолжи низ булеварот „Цветан Димов“ се до Мурат Пашина џамија во Старата скопска чаршија, со скандирања за „итен прекин на огнот во Газа“, „стоп […]

Здравствени работници во Скопје изразија незадоволство поради состојбите во здравството


Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и […]

Стотици илјади на пропалестински демонстрации во Лондон (Видео)


  Лондон е домаќин на најголемиот протестен марш досега за поддршка на Палестинците во Појасот Газа, на кој, според полицијата, учествуваат околу 300.000 луѓе. Организаторите велат дека се собрале дури 800.000 луѓе. Група екстремни десничари, кои претходно се собраа на контрамитинг, се судрија со полицијата за време на државната церемонија по повод Денот на сеќавањето […]

Пензионери протестираа во Скопје, нема одговор на барањето за линеарно зголемување на пензиите


Пензионери од цела држава денеска одржаа протест во Скопје, кој започна пред Американската амбасада и заврши пред Владата, барајќи повторно линеарно зголемување на изност на пензите и други мерки за подобрување на нивниот стандард. Тие велат дека после три месеци протестирање по сите градови во државата, како и во Скопје, не добиле никакви резултати и […]

Вработените во обвинителствата од утре ништо нема да работат – бараат зголемување на платите


Вработените од јавните обвинителства во земјава денеска повторно дојдоа во Скопје за да штрајкуваат за исполнување на нивните барања за покачување на платите. Штрајкот го организира синдикатот на УПОЗ при Сојузот на синдикатите на Македонија, а неговиот претседател Трпе Дејановски потсети дека денеска е 17-тиот ден од почетокот на штрајкот во јавните обвинителства. Дејановски предупреди […]

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци


Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, информираа денеска од Иницијативниот одбор што го организира протестот кај месноста „Ило Виларов“. – Протестот ќе започне во десет часот, веќе пријавивме и во полиција. Очекуваме присуство на лозари, незадоволни од откупните цени на грозјето, соопштија од Иницијативниот одбор на револтираните лозаропроизводители. Оттаму […]

Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија


Во организација на платформата „Одговорност“ денеска се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија. Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата, во своето излагање рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. -Бидејќи немаме доверба во правосудниот систем, институциите решивме да делуваме, ја формиравме оваа […]

Синдикатите во Грција за утре закажаа штрајк поради законот за работни односи


Грчките синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за утре закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент против планираните владини реформи во законот за работни односи, јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествуваат просветните работници, кои повикаа училиштата да бидат затворени, […]

Протест за случајот Онкологија: Како пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните


 Како онколошки пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните лица, беше истакнато на вечерашниот протест пред Обвинителството во Скопје, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија беше отворена предистражна постапка. Онколошки пациенти на вечерашниот протест информираа дека денеска, како што тврдат, „на Клиниката за […]