Приведени се 343 лица во насилните протести во Турција (видео)


Демонстрации се одржаа во десетина градови во Турција, вклучувајќи ги Истанбул и престолнината Анкара. Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека приведувањата се направени за да се спречат „нарушувања на јавниот ред“ и предупреди дека властите нема да толерираат „хаос и провокации“. Десетици илјади Турци учествуваат во главно мирни протести од средата, кога Имамоглу беше […]

Вучиќ најави протести против студентските протести: „Народот веќе не се плаши“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, со мирни и демократски средства, а не со насилство, јавува Анадолија. „Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро […]

Во Турција протести поради притворањето на градоначалникот на Истанбул


 Илјадници студенти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул поради притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и покрај четиридневна забрана за јавни собири и протести до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“. Протестите уследија по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и […]

Аргентина „врие“: Заедничко востание на пензионерите и навивачите


  Аргентинските пензионери и навивачите на неколку фудбалски тимови се судрија со полицијата во последните денови за време на протестите пред Конгресот во главниот град Буенос Аирес против економската политика на владата на претседателот Хавиер Милеи. Пред една година, претходниот народен бес поради лошата економска ситуација во земјата го донесе на власт самопрогласениот „анархокапиталист“ и […]

Србија на нозе. Реки луѓе се слеваат кон Народното собрание. Сцените се нестварни (Галерија)


  Граѓани од цела Србија во саботата наутро се упатија кон Белград на покана од студентите во блокадата за да учествуваат на големиот митинг „15. за 15“, антивладин протест на кој се бара одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад и поправедно и подобро општество без корупција. Сигурно дека ова ќе биде најголемиот […]

(Во живо) Илјадници се собраа во Белград – еден со автомобил се заби во толпата


Денес во Белград се одржува голем студентски протест. Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а протестот ќе се одржи пред Собранието. Собирот на граѓани почна неколку часа порано на различни локации во Белград. Целиот град е блокиран. […]

И денеска масовни протести во Србија, главниот плоштад во Белград полн со луѓе


Еден ден по одржаниот вториот генерален штрајк во Србија, протестните маршеви продолжија во голем број градови. Граѓаните од Белград, Нови Сад, Ниш и од други градови излегоа на улица, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг. Откако цело попладне се одржаа протести на […]

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми


Во САД синоќа се одржаа масовни протести и маршеви на научници, академски истражувачи и нивни поддржувачи, вклучувајќи неодамна отпуштени федерални работници, а против кратењата на парите за истражувања и научни програми од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Пред споменикот на Линколн во Вашингтон се собраа илјадници да протестираат против „деструктивните“ политики на Трамп. […]

Мицотакис нема одговор на огромните протести во целата земја


  Грчкиот премиер вети дека ќе ги унапреди железниците во земјата додека неговата влада се подготвува за гласање недоверба по огромните протести поради железничката несреќа во 2023 година, во која загинаа 57 лица. Два дена откако стотици илјади излегоа на улиците во бес поради одговорот на катастрофата на нејзината втора годишнина, Кирјакос Мицотакис призна дека […]

Протестите во Грција прераснаа во судири


  Судири избувнаа во Атина кога стотици илјади луѓе се собраа низ Грција за да побараат правда на втората годишнина од најсмртоносната железничка несреќа во земјата досега, а работниците што штрајкуваа го запреа воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт. Педесет и седум лица загинаа кога патнички воз полн со студенти се судри со товарен воз на […]

Гнев се излеа на улиците во Грција на двете години од железничката несреќа


  Стотици илјади луѓе се приклучија на протестите и штрајковите додека Грција ја одбележува втората годишнина од фаталната железничка несреќа, чии последици го ставија премиерот Киријакос Мицотакис на линијата на огнот. Бидејќи експертите ја припишуваат катастрофата на превиди и големи системски неуспеси, работниците кои штрајкуваа ги приземјија летовите и го запреа поморскиот и железничкиот транспорт, […]

Босанските студенти на масовен протест бараат одговори за нивните несреќи


Студенти од цела Босна и Херцеговина, собрани преку организацијата „Дали ќе се случи оваа промена?“, како и други граѓани, денеска организираа протести пред Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина во Сараево. Како што беше претходно наведено, студентите првенствено изразија незадоволство од настаните и реакцијата на владата по страшните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина […]

Студентите во Нови Сад порачуваат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена


Студентите од масовните демонстрации во Нови Сад денеска порачаа дека ќе останат на улиците и на мостовите онолку колку што е потребно за да се постигне правдата, бидејќи градот и државата ним им припаѓаат, јави Бета. „Сите ќе останеме заедно на мостовите, на улиците онолку колку што е потребно, бидејќи овој град и оваа земја […]

РТС со прилози за протестите на студентите; СНС со реакција дека тоа е „прекршување на правилата и вредностите за непристрасно новинасртво“


Откако владејачката Српска напредна странка (СНС) денеска објави соопштение во кое го осудува известувањето на Радио телевизија на Србија (РТС) во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации беше емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19: 30 часот, јави Бета. По седумминутниот прилог, во кој имаше инсерти на кои се […]

Голема блокада на Нови Сад, илјадници луѓе се на улиците: „Корупцијата пере пари, но не и раце“ (видео)


Илјадници студенти и граѓани на Нови Сад, Војводина и Србија денеска почнаа да блокираат три моста во Нови Сад во кампањата „Три моста за три месеци“ – Мостот на слободата, Жежељев и Варадински – што ќе одбележи три месеци од смртта на 15 лица во уривање на настрешница на главната железничка станица во Нови Сад. […]

Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад


Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права. Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад. Во Белград, според […]

Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“


 Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина. Словачкиот премиер Роберт Фицо, националист и еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, ги зајакнува врските со Москва и ја суспендираше […]

Општ хаос во Грузија поради ЕУ, прорускиот премиер: Нема да дозволиме „Евромајдан“


Жителите на главниот град на Грузија, Тбилиси, протестираат затоа што владата одлучи да ги одложи преговорите за влез во ЕУ. Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во саботата, по протестите против владата поради одлуката за ненадејно замрзнување на пристапниот процес во Европската унија, изјави дека земјата нема да дозволи револуција Партијата Грузиски сон на Кобахиџе во четвртокот […]

(Видео) Илјадници луѓе протестираа во Барселона: „Половина плата трошиме на кирија. Доста е“


Околу 22.000 луѓе протестираа во Барселона, барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за домување. Домувањето стана главен проблем во Шпанија, која се бори да го балансира туризмот, клучен двигател на нејзината економија и високите цени за изнајмување поради гентрификацијата и одлуката на сопствениците да се префрлат на попрофитабилни, краткорочни изнајмувања. Цената на киријата […]

Илјадници британски земјоделци протестираат во Лондон поради најавата за нов данок


Илјадници британски земјоделци се собраа денеска во центарот на Лондон на протест против воведувањето на контроверзниот данок на наследство за некои фарми, објавен од лабуристичката влада. Игнорирајќи го дождот и слабиот снег, демонстрантите, од кои некои дојдоа со трактори, се собраа пред Даунинг стрит за да го изразат својот гнев од владиниот план, кој го […]