Во Техеран втор ден протести на трговците поради инфлацијата и девалвацијата на риалот


 Иранските трговци денеска, втор ден по ред протестираат поради рекордно високата девалвација на домашната валута риалот во однос на американскиот долар. Илјадници трговци денеска во центарот на Техеран протестираа и ги повикаа другите да ги затворат продавниците и да им се придружат. Полицијата не интервенираше на вчерашниот протест на кои беа извикувани и антивладини слогани. […]

Анкета: Осум од десет Грци сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани


Осум од десет Грци, односно 81 отсто сметаат дека барањата на земјоделците се оправдани, а 63 проценти го оправдуваат начинот на кој протестираат, со блокади на улиците, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. За општата ситуација во земјата, 71 […]

Илјадници Бугари и синоќа протестираа против корупцијата, бараат фер избори и независно судство


Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците на главниот град Софија и другите градови во Бугарија за да бараат фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција. Овие демонстрации следеа по протестите од минатата недела предизвикани од плановите на владата за повисоки даноци и зголемени владини трошоци. Потоа владата […]

(Видео) Земјоделците го блокираа аеродромот во Солун, еве зошто протестираат 


Грчката полиција денес употреби солзавец за да ги растера земјоделците кои се обидоа да го блокираат главниот пристапен пат до меѓународниот аеродром во Солун. Судирите се случија во услови на ескалација на протестите низ целата земја поради доцнење во исплатата на земјоделските субвенции кофинансирани од Европската Унија, објавува Euronews. Лутите земјоделци распоредија илјадници трактори и […]

Драматично во Софија, големи протести против владата (Видео)


  Драматично беше вечерва во Софија и Бугарија изгледа дека влегува во уште една политичка криза. Десетици илјади луѓе го исполнија Плоштадот на независноста во Софија во понеделник вечерта, скандирајќи „Оставка!“ во еден од најголемите протести во последните години во Бугарија, кој првично беше најавен против „кражбата во буџетот“. По 22 часот тензиите ескалираа пред […]

Странските медиуми за антифашистичкиот марш во Хрватска: „Свртувањето кон десницата почна со Пленковиќ“


  Денешниот протестен марш организиран од иницијативата „Обединети против фашизмот“, кој се одржа во Загреб, Риека, Задар и Пула, е тема која ја обработуваат и странските медиуми. Францускиот „ Монд“ објавува дека неколку илјади луѓе се собрале на антифашистичкиот марш против ревизионизмот од Втората светска војна и растот на екстремно десничарските ставови во Хрватска. Во […]

Во протестите ширум Франција повредени шестмина полицајци и приведени 119 лица


Во денешните протести низ цела Франција, до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ, објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите. Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243.000 демонстранти. За време на протестите […]

Големи протести во Франција: Властите стравуваат од немири, Париз под опсада


Денес низ цела Франција се одржува голем меѓусиндикален штрајк, против владините планови за штедење, при што властите очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 луѓе да излезат на улиците. Се очекува протестите, кои се организирани на 250 локации, да предизвикаат значителни нарушувања во клучните сектори низ целата земја, објавува BFMTV.com. Над 30 уапсени од утрото Вкупно 30 […]

Сто илјади демонстранти на протест во Лондон предводени од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон


Над 100.000 демонстранти учествуваа на денешниот протест во Лондон, организирано од крајнодесничарскиот активист Томи Робинсон, соопшти лондонската полиција. Протестот, одржан под слоганот „Да го обединиме Кралството”, беше проследен и со контрапротест на движењето „Исправи се против расизмот”, со околу 5.000 учесници. Полицијата распореди над 1.000 службеници низ улиците на британската престолнина, воспоставувајќи тампон-зона меѓу двете […]

Дали Франција ќе биде парализирана денес? „Блокирај сè“ ги повикува граѓаните да излезат на улица


Поддржувачите на француското движење „Блокирај сè“ („Bloquons tout“) планираат денес да ја парализираат целата земја. Иако нивниот онлајн повик за протести потсетува на отпорот на Жолтите елеци од 2018 година, нивниот профил е значително различен, според неодамнешна студија, објавува France 24. Во Франција расте гневот поради нацрт-буџетот на премиерот Франсоа Бајру за 2026 година, кој […]

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици


Илјадници луѓе протестираа против политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, откако организаторите повикаа на протести во околу 300 градови под мотото „Fight the Trump Takeover“ („Спротивстави се на преземaњето на Трамп“). Еден од најголемите собири се одржа во Остин, главниот град на јужната сојузна држава Тексас, каде локалните медиуми јавија дека се собрале околу 5.000 […]

Во синоќешните протести во Србија уапсени 18 лица, повреден жандарм


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии. Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти […]

Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците


Илјадници луѓе во Израел демонстрираа доцна синоќа барајќи ослободување на сите заложници што сè уште се држат во Појасот Газа. Палестинската милитантна група Хамас користи заложници за „експерименти со гладување“, изјави братот на 24-годишниот Евјатар Давид во Тел Авив, цитиран од „Тајмс оф Израел“. Пропагандно видео на Хамас на кое се гледа многу ослабениот Давид беше […]

Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград


Студентите во блокада најавија за денеска од 7:00 до 10:00 часот нови блокади низ Белград. „Има метеж во градот? Белград на барикади“, објавија студентите во блокада на социјалните мрежи. До доцна синоќа – веќе седми ден – блокади имаше низ Белград, Ниш, Ужице, Заечар, Нови Сад, Нови Пазар, Чачак… Блокадите на протестите во градовите низ […]

Во повеќе бугарски градови протести за заштита на левот


 Во Софија и други градови во Бугарија вчера се одржаа протести за заштита на бугарскиот лев. Демонстрантите бараат зачувување на националната валута – лев, референдум за еврото и оставка од Владата. Протести имаше и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол. Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на […]

Протести и блокади низ цела Србија, Вучиќ ги моли студентите да се откажат


  Во петокот, силни полициски сили спречуваа блокади на кои повикаа студентите во Белград, Нови Сад и Ниш, а неколку лица беа приведени или уапсени, додека обвинителствата и судовите ја засилија својата должност со цел итно да ги гонат приведените за прекршоци или кривични дела. Меѓу приведените е режисерот и професор на Факултетот за драмски […]

Дали десницата ги киднапираше студентските протести во Србија?


  Протестите за Видовден собраа голем број луѓе на улиците на Белград. Некои од говорите доведоа до иритации во регионот и конфузија во земјата. Дали национализмот на Видовден е одговор на пропагандата на режимот или во движењето јакне десницата? Кирстен Шенефелд е раководител на белградската канцеларија на германската фондација „Фридрих Еберт“. Таа ги набљудува целокупните […]

Продолжуваат протестите во Турција поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул


 Антивладин протест организиран од најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) за поддршка на уапсениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше одржан денеска во Јозгат, град во централна Турција кој се смета за традиционално упориште на Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган. – Јозгат, кој вообичаено ја поддржува АКП на […]

Протести во американски и европски градови против отпуштањата што ги спроведува Одделот предводен од Маск


 Демонстранти се собраа вчера пред салоните за автомобили на компанијата „Тесла“ во неколку американски и европски градови, протестирајќи против отпуштањата од работа, што ги спроведува американскиот Оддел за владина ефикасност предводен од Илон Маск. Најголем дел од неговото вкупно богатство, проценето на 340 милијарди долари, е во акциите на „Тесла“, со кои тој продолжува да […]

Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу


Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, четврта ноќ по ред одржуваат протести во тој град, во Измир и турскиот главен град Анкара. Некои учесници на протестот нападнаа полицајци, а во Анкара полицаец беше повреден во напад на маскирани лица. Полицијата пукаше со гумени куршуми кон демонстрантите, јави ТРТ Хабер. […]