Коѕијас за протестите: Од милион стигнавме на 4.000 илјади, Грците ги кршат стереотипите


Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, се сретна со префектот […]

МВР: Во насилните протести приведени 25 лица


Седум полицајци се повредени во насилните протести што вечерва се случија пред Собранието на Македонија, соопшти МВР. Полицијата приведе 25 демонстранти. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи […]

Шекеринска со осуда за насилните протести пред Собранието


Вицепремиерката Радмила Шекеринска вечерва „жестоко” ги осуди насилните протести што се сллучија вечерва пред Собранието на Македонија. – Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, […]

Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието


Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија. Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани. Медицинскиот тим интервенирал по […]

(Видео) Полицијата со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието


Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес. Пред Собранието имаше околу 2.000 демонстранти. Околу 21 часот демонстрациите станаа насилни. Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив […]

Вечерва протести во Скопје, утре во Битола


Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името. Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на […]

ВМРО-ДПМНЕ упорно се разминува со ЕПП за договорот со Грција


ВМРО – ДПМНЕ и денеска ја „бомбадира“ јавноста со соопштенија и изјави со кои го осудува договорот за името со Грција и повикува на масовност на протестите во Битола, иако во текот на денот нејзината сестринска политичка групација Европската народна партија се јави со поддршка за решението што го постигнаа македонскиот и грчкиот премиер. Од […]

Протести во Атина и во Преспа за договорот со Македонија


Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечерва во 20 часот. „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена […]

Најавени протести во Атина и Преспа против договорот


„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест, а веројатно тоа ќе биде в сабота. – Ако Ципрас се […]

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели


Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право. Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена […]

Протести во Србија поради цени на горивата


Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Панчево, Нови Пазар, на Ибарската магистрала и во други делови на Србија, денеска од 17 часот се одржа едночасовен протест против високите цени на горивото со блокирање на улиците и на патиштата. Граѓаните се организираа преку Фејсбук, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи повикуваа […]

Пападопулу: Протестите ја изразија желбата на Грците


Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада. Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина. […]

Слаб одзив на протестите во 24 градови низ Грција за името


Мирно и според очекувањата завршија протестите во Грција „за одбрана на името Македонија и грчкиот карактер на Македонија“. На плоштадот во градот Пела, до споменикот на Александар Велики, се одржа централниот собир, на кој се собраа едвај три илјади граѓани, со грчки знамиња и пораки дека Македонија е грчка. На присутните им се обратија претставници […]

Протести во 24 градови во Грција: Ќе се брани „грчкиот карактер на Македонија“


Грците ќе дадат уште една битка за грчкиот карактер на Македонија, пишуваат од „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на денешните протести во повикот до граѓаните објавен на социјалните мрежи. Освен првично најавените 13 градови, собири денеска ќе има на вкупно 24 места низ цела Грција, од најсеверниот до најјужниот крај. Според […]

Протести во Грција: Македонија е една и Грчка


Пораката дека Македонија е една и грчка, планираат да ја испратат граѓаните кои денеска ќе учествуваат на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“ што организирано и паралелно ќе се одржат во 13 градови од Северна Грција, според изјавите на организаторите за грчките медиуми. Тие ги повикуваат Грците, без партиски, но со грчки знамиња масовно да […]

Во Србија в петок највени протести на патиштата поради зголемување на цената на горивата


В петок на 8 јуни во поголемиот дел од српските градови ќе се одржат протести против зголемувањето на цените на горивото со блокирање на патиштата од 17 часот-информираат белградските медиуми. Граѓаните се организирани преку Фејсбук мрежата, по градовите во Србија, каде што во две Фејсбук групи се повикуваат граѓаните да со своите возила ги блокираат […]

Казиното во Тетово пред кое се протестираше нема да се отвори


Објектот во Тетово во кој требаше да се отвори казино за што на 4 мај се протестираше против таа одлука, нема да се отвори, информираа на денешната прес конференција од движењето против обложувањето во Тетово за одлуката на надлежниот Управен суд. Според членот на Здружението Џемал Абдиу кои и го организираа протестот на почетокот од […]

Протести за „грчкиот карактер на Македонија“ низ повеќе градови во Грција


За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција. Последните случувања во преговорите за името е главниот повод за новите активности, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор. По Солун и Атина, како што […]

„Рама оди си“, бара албанската опозиција


Неколку ијлади сипатизери и приврзаници на албанската опозиција се сообра денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побрани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај. Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша. дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди […]

Најавени нови протести во Грција за името Македонија


Во повеќе градови во Грција најавени се протести на 6 јуни против разговорите за спорот со името. Организатори на протестите се истите кои ги организираа   протестите во Солун и во Атина, но овој пат такви собири нема да се одржат во двата најголеми грчки градови, туку во неколку други, кои засега не се објавени. Организаторите […]