Амбасадата на САД препорача да се избегнуваат места на кои се можни протести


Амбасадата на САД во Република Македонија на својата веб страница објави соопштение во кое им порачува на американските државјани да ги избегнуваат местата каде што се можни собири на граѓани во пресрет на неделниот референдум, особено пред Собранието и плоштадот „Македонија“. – Различни групи имаат намера да демонстрираат против претстојниот референдум за Преспанскиот договор за името […]

Лозарите ќе блокираат патишта поради ниските цени на грозјето


Лозарите од Тиквешко одлучија да протестираат против ниските цени кои винарите ги нудат за грозјето. Претседателот на Здружението „Напредни лозари“, Трајче Кулев утринава на прес-конференција соопшти дека се бара масовна поддршка од производителите на грозје и доколку ја добијат, ќе се организираат протестите. „Нема напредок во преговорите со винарите околу цените. Ние сме во загуба. […]

Три протести ги изменија трасите на ЈСП


Три протести на различни локации најавени за денеска ги изменија трасите на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а некои од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената, според условите на сообраќајниците и наложениот режим од страна на сообраќајната полиција. Поради протестот на Бит пазар во периодот […]

Вечерва во Солун ќе има два нови протести против Договорот


Два нови протеста против Договорот со Македонија и за „грчкиот карактер на Македонија“, ќе се одржат вечер во Солун, според  солунските медиуми. Едниот е закажан за 19 часот по локално време, пред министерството за Македонија и Тракија во Солун, а другиот еден час подоцна и ќе има карактер на протест со мотори. Според локалните медиуми, […]

Приведени и повредени во инциденти во Солун поради договорот со Македонија


Околу три часа траеја инцидентите во Солун поради политичката дискусија „Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ организирана од СИРИЗА, јавија локалните медиуми. Пет лица се уапсени, 14 полицајци биле пренесени во болница за да им се пружи прва помош, а предизвикана е материјална штета околу Меѓународниот саем, во центарот на Солун. Група […]

Бојата „стигна“ и до Белата палата


Шарените револуционери со месеци ги боеја институциите во знак на револт што претседателот Ѓорге Иванов ги помилува политичарите, но не успеаја да стигнат да ја обојат Белата палата, седиштето на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Новата зграда на партијата во центарот на Скопје тогаш беше најобезбедуваниот објект, кордони полицајци и специјалци го чуваа и таму „птица […]

МВР утврдува кој го обои седиштето на ВМРО – ДПМНЕ


Синоќа во полиција телефонски било пријавено дека некој фрлил боја врз партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи на расчистување на овој настан. „На 23.06.2018 година во 23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, одговорно лице од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ телефонски […]

Полицијата приведе девет лица по синоќешниот протест пред Собрание


Девет лица се приведени во акција на полицијата за одржување јавен ред и мир откако во текот на синоќешниот јавен собир во Скопје повеќе лица со маски –  фантомки фрлале со камења кон полицискиот кордон. – Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21.40 часот, повеќе лица со маски […]

Протест пред Парламентот против Договорот за името


Под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ пред Собранието на Република Македонија се одржува протест против Договорот за спорот за името во организација на група граѓани „Млади за Македонија“. Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име. Спроти почетокот на протестот групата на нивниот ФБ профил објавија порака […]

Нови протести во Скопје – полицијата на готовс


Иако има два часа до официјалниот почеток на вечерашниот закажан протест пред Собранието на Република Македонија засилено полициско обезбедување веќе има пред и околу законодавниот дом. Организатор на вечерашниот протест е Здружението „Млади за Македонија“ која веќе поставија и бина пред собранието од страната на жена парк, каде вечерва треба да има говори. Поддршка на […]

Спасовски: Полицијата во неделата постапи правилно


Македонските полицајци во неделата беа напаѓани со дрва и бетонски плочи и еден час се воздржуваа за да ја смират ситуацијата, но нивната реакција е резултат на оценката на претпоставените, а можам да кажам дека постапиле правилно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс […]

Имаше ли обид за реприза на 27 април?


Откако премиерот Зоран Заев го потпиша договорот за промена на името на земјата во „Република Северна Македонија“, започнаа неколкудневните протести пред Собранието кои кулминираа во насилство. Иако тие беа организирани преку социјалните мрежи, според дел од аналитичарите и креаторите на јавното мислење во земјава, можно е да има руско влијание на политичката сцена. Пред сѐ […]

Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните кои протестираат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието. Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ […]

Арна Шијак повредена на протестите: Имам дупки во нозете од шок-бомбата


Актерката Арна Шијак е хоспитализирана на пластична хирургија откако завчера се здоби со повреди од фрлена шок-бомба за време на протестите пред Собранието. Шијак за „Независен весник“ рече дека шок-бомбата била фрлена од страна на полицијата, а експлодирала пред неа и ѝ нанела повреди на двете нозе. „Јас сум само граѓанин кој излезе таму да […]

(Видео) Продолжија протестите пред Собранието


Граѓани и вечерва се собираа пред зградата на Собранието на Република Македонија за да изразат несогласување со потпишаниот договор за менување на името на државата. Протестот почна во 20:00 часот со блокада на булеварот „11 Октомври“, а во исто време припадниците на полицијата се распоредија пред зградата на Парламентот. Учесниците на протестот го извикуваат името […]

Европската комисија повикува на мирни протести за името


Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчич  во врска со вчерашните инциденти за време на протестите во Скопје, повика различните ставови граѓаните да ги искажат на мирен начин. – Европската Унија е запознаена со различните ставови изразени во однос на договорот за спорот за името, и повикува различните ставови да бидат изразени на мирен начин, рече […]

ЗНМ со осуда за физичките напади на новинари и сниматели на вчерашниот протест


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ги осудува физичките напади на новинари и сниматели на протестот против договорот за името пред Собранието на РМ. Во соопштението на ЗНМ се потенцира дека загрижува фактот што незадоволните граѓани се уште нивниот револт го истураат врз новинарите и го повикуваат МВР итно да ги идентификува напаѓачите и […]

Владата ги осудува говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани


Владата на Република Македонија најостро го осудува насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои имаат за цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата. Владата во денешното соопштение наведува дека категорично, согласно овластувањата и законите ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани […]

(Видео) МВР објави видеоснимка од вчерашните протести пред Собранието


Министерството за внатрешни работи објави видео од вчерашните протести за одбрана на името пред Собранието. Претходно, во соопштение до медиумите, од Министерството ги соопштија сите детали околу вчерашните протести кои беа во организација на навивачката група „Комити“. Околу 21:30 часот околу 50 демонстранти кои биле дел од вчерашниот протест пред Собрание, во група се упатиле […]

АВМУ со осуда за нападите врз новинарите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари. – Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен […]