Запалено уште едно возило во Прилеп


Утрово во СВР Битола – ОВР Прилеп било пријавено дека околу 1 часот по полноќ на улица „Киро Нацевски Фетак“ било опожарен автомобил „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.Н.(65) од Прилеп. Пожарот, како што велат од СВР Битола бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а нема повредени. Увид извршила увидната […]

Прилеп подготвен за „Пивофест“


Прилеп е подготовен за 18-тото издание на една од најголемите летни забавни фестивалски манифестации – „Пивофест 22“. За сообраќај е затворено централното подрачје и веќе се поставуваат штандовите и сцените за четиридневното одржување на Фестивалот. Пивофест ќе почне утре, на 14 и ќе трае до недела – 17 јули. Градските власти и организаторот – продукцијата […]

Во Прилеп наврнаа 25 литри, во Скопје 1 литар дожд на м2, обилни врнежи и во текот на ноќта


До 16 часот во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23, во Маврово и Пожаране 12, во Охрид шест, во Битола пет, во Тетово и Виница четири, во Демир Капија два, а во Скопје на Зајчев Рид еден литар дожд на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите од дожд […]

Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар ќе го отвори фестивалот „Гола месечина“


Претставата „Да, инспекторе“ на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, а во режија на Синиша Евтимов ќе го отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ што од 25. до 30. јуни ќе се одржи на стадионот во Реонски Центар во Аеродром. Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава […]

Почна обновата на 19 километри од патот Прилеп-Градско


  Почна поставувањето нов асфалт на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско. Тоа значи дека ќе се обноват 19 километри од оваа делница на патот, а зафатот ќе чини околу четири милиони евра. Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми направи […]

Патот Росоман – Прилеп пуштен за сообраќај


Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат работеше со механизација на расчистување на патот. 

Прилеп добитник на награда на ЕУ за најзелена општина


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, денеска ќе го посети Прилеп, каде на градоначалникот Борче Јовчески ќе му врачи награда за најзелена општина. Делегацијата на Европската Унија ја промовираше „Наградата за најзелена општина“ во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ. […]

Во Прилеп свечено е отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен на Tурскиот театар и на драмскиот писател Русомир Богдановски и со првата претстава во конкуренција „Народен непријател“ на МНТ, синоќа во Прилеп свечено беше отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. При свеченото отворање Катарина Коцевска Хаџивасилева, директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан […]

Воз удри во автомобил кај Прилеп, повредените одбиле помош


МВР информира дека за тежок судир меѓу воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки. Според полицискиот билтен, вчера во 17. 40 часот непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти” – Прилеп, возот удрил во автомобилот, при што со повредиле се здобиле П.Б.(48) од Прилеп и совозачот Д.Б.(75) исто од […]

Во Битола приведени дилери на дрога од Прилеп


Во неделата, во 22.15 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола на ул.„Довлеџик“ во Битола биле лишени од слобода С.Д.(48), С.М.(24) и С.А.(44), сите од Прилеп. При преглед извршен кај нив, кај С.Д. биле пронајдени и одземени две пакувања […]

Патниците од автобусот во сообраќајката во Прилеп се со лесни повреди


Нема пациенти со тешки повреди ниту е загрозено нивното здравје. Прегледаните се со набиеници и лесни повреди и се пуштени на домашно лекување, велат од прилепската болница каде од изутрината се згрижуваат патниците од автобусот кој при судир со друг автобус удри во столб во прилепската населба Точила. Според Кети Смилеска, директор на Општа болница […]

Во Прилеп повредени околу 20 работници при судар на два автобуси


Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во болницата во Прилеп. Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а […]

Нападнати полициски службеници во Прилеп, осомничени две лица


Триеседневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“. -Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири […]

Ученици од Прилеп и од Шабац редизајнираа стара облека – заедно до одржлива мода


Да се употреби истата стара облека, од неа да се создаде ново парче гардероба, кое и понатаму може да се носи, е еден од методите за борба против хиперконсумацијата, а токму тоа го учеа и развиваа учениците од прилепското текстилно училиште заедно со нивни врсници од Стручното хемиско и текстилно училиште од Шабац. СОУ „Ѓорче […]

Жителите на Сирково го блокираат регионалниот пат Градско-Прилеп – бараат пристап до новиот пат


Жителите на Сирково денеска од 10 до 12 часот ќе го блокираат регионалниот пат Градско-Прилеп, изразувајќи незадоволство поради тоа што нема приклучок кон новиот пат кој е во изградба. Ќе бидат пропуштани само возила на Итната медицинска помош, полицијата и Армијата. -Новиот пат се гради на околу двеста метра од нас, а ние ќе мораме […]

Запалена приколка од шлепер на излез од Прилеп, сообраќајот во прекин


Поради запалена приколка од шлепер изутринава од 08.55 часот  е во прекин сообраќајот патот на излез од Прилеп кон Плетвар на местото викано Склештен мост. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е затворена во двата правци

Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп


Во Прилеп утрово е приведена земјоделска инспекторка поради примање поткуп, соопшти МВР.   – Во угостителски објект во Прилеп утрово полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член […]

Со изложба на маски во Прилеп почнаа карневалските свечености


Со изложба на околу 300 маски, изработени од вештите раце на учениците од прилепските училишта, а претставени во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почнаа карневалските свечености во Прилеп. Главното карневалско дефиле на маските е в недела на Прочка кога се очекуваат околу 500 учесници од Прилеп и другите градови. Како што објаснува Снежана Ристеска, […]

Привршуваат подготовките за прилепскиот Карневал „Прочка 2022“, учествуваат над 500 маскирани


Прилеп е подготвен за карневалот „Прочка 2022“, по двегодишна пауза на манифестацијата. Досега се пријавени преку 500 учесници, а прилепските мечкари, заштитната маска на Карневалот ги сошија костимите со нови кожи, вложувајќи во вековната заштитна карневалска маска, прогласена за нематеријално богатство од Министерството за култура. В недела напладне во центарот на Прилеп ќе дефилираат бројните […]

Во тек е изработката на проектна документација за нов театар во Прилеп


До крајот на јуни треба да биде готова проектната документација за изградбата на новиот театар којшто ќе биде во склоп на прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“, а надежта е до крајот на годинава да има тендер за изведувач, изјави в.д директорката на Центарот за култура, Јасмина Мицовска-Станкоска. За оваа намена, од Министерството за култура […]