Водата во Прилеп поскапува за 33 отсто


Управниот одбор на прилепски „Водовод и канализација“  ја прифати одлуката на Реулаторната комисија за зголемување на цената на водата за пиење. Цената би требало да се зголеми за 33 проценти. Оваа одлука треба да ја потврди Советот на општина Прилеп по празниците. Според директорот на „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски зголемувањето за 33 проценти на […]

Прилепчани го „цицале“ ФЗОМ со фиктивно вработување бремени жени – украле 500.000 евра


 Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од раните утрински часови Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните […]

Прилепската локална самоуправа ги намалила обврските за близу шестпати


За близу шест пати прилепската локална самоуправа ги намалила обврските преземени во 2021 година, информираат од Локалната самоуправа од Прилеп. Долговите, или обврските преземени во 2021 година во висина од 292 милиона и 562 илјади денари се сведени на 47 милиони и 85 000 денари. Ова, според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, значи дека одговорно работеле. […]

Закани кон обвинителка од Прилеп, притвор за едно лице


Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. -Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални […]

Во Прилеп „Отворен час“ по повод 30 години од смртта на великанот Блаже Конески


Со „Отворен час“ и со почит пред споменикот во центарот на Прилеп денеска беа одбележани 30 години од смртта на великанот, кодификаторот на македонскиот стандарден јазик, академикот и писател Блаже Конески. Во организација на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ и на прилепскиот Завод и музеј повеќе делегации од Прилеп и општина Долнени се поклонија и […]

Од 11 декември изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола


Од 11 овој месец поради геотехнички истражувања на коловозот ќе има изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, соопштуваат од АМСМ. Времениот режим на сообраќај, како што се наведува во соопштението, ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација […]

Државен завод за ревизија: Општина Прилеп со буџет без програми


По извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на Општина Прилеп за 2022 година, Државниот завод за ревизија констатирал состојби, неправилности и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за минатата година и за усогласеноста со законската регулатива на сметките 630 и […]

ДЗСИ: Медицинската документација за починатото новороденче од Прилеп уредно водена од болницата


Документацијата за починатото новороденче од Приле е уредно водена и во прилепската болница и во клиниката во Скопје. Деталниот извештај за инспекцискиот надзор се очекува во текот на денот. – Не се констатирани недостатоци од наша надлежност. Односно, медицинската документација и во прилепската болница и во Клиниката за детски болести од Скопје е уредно водена, […]

Прилепското обвинителство ја бара документацијата за новороденчето од болницата


Прилепското основно јавно обвинителство интензивно работи на предистражните дејства по отворениот предмет за случајот со новороденчето, кое на 27 октомври се роди здраво во прилепската градска болница, а по три дена поради тешко дишење беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде по една недела почина од сепса. Според основниот јавен обвинител Стевчо […]

Прилепчанец крадел од објект за продажба на сувенири на прилепскиот Музеј


Денеска, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 28-годишниот С. Р. од Прилеп, извести МВР. „Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј „Прилеп“. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР. […]

Владина делегација во Прилеп го одбележа Денот на народното востание – 11 Октомври


Со високи почести, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска положи свежо цвеќе на спомениците на народните херои во Прилеп, по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, кој оваа година се слави […]

Прилеп го чествува 11 Октомври


 Со импровизиран напад на градот, со бројни настани и огномет во предвечерието на празникот, Прилеп ги почна чествувањата и одбележувањето на  82 години од почетокот на Народното востание и антифашистичката борба. Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп ја испрати пораката дека 11 Октомври е еден од најсветлите датуми од поновата историја и мора да добива […]

„Отворен ден“ на економскиот факултет во Прилеп – компаниите нудат 350 работни места за студентите


Преку 10 компании од Пелагонискиот регион понудија 350 работни места за студентите и идните академски граѓани. На економскиот факултет во Прилеп, универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола ја одржа манифестацијата „Отворен ден“ на која се зацврстува соработката меѓу академската заедница, бизнис секторот и локалните самоуправи кои се залагаат за локален економски развој. Бизнис секторот смета […]

Во Прилеп почна Фестивалот на пивото


Пригодно, со желби за добра забава, вкусна скара и дегустација на пенлив пијалак, синоќа во центарот на Прилеп е отворен 20-тиот Фестивал на пивото. Во изменет термин, ребрендиран како „Бирвикенд“, Фестивалот и за прилепчани и за гостите што пристигнаа од повеќе градови е значаен и традцицијата треба да продолжи. За голем број гости многу е […]

Прилепските првачиња ќе добиваат бесплатен оброк


Општина Прилеп за оваа 2023/2024 учебна година обезбеди бесплатен оброк за секое прваче. – Сите 664 првачиња од основните училишта од Општина Прилеп оваа учебна година ќе добиваат бесплатен оброк составен од здрава храна. Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна […]

Во Прилеп по 16-ти пат ќе се одржи поетската манифестација „Поетско Маркукуле“


Во Прилеп денеска ќе се одржи 16. издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“ со учество на поети од 14 земји од земјава, регионот и пошироко. На годинашната манифестација пријавени се 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби што се дел од зборникот „Петско Маркукуле 2023“. На 268-те страници од зборникот објавени се 220 […]

Пет каснувања од змии во последните недели во Прилеп


Во последните две-три недели, во Прилеп имало  пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи, а пациенти во Брзата помош се жалаат на каснувања од инсекти. За 60-тина насто се зголемени интервенциите на службата за итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во […]

Прилепските советници не го прифаќаат извештајот за безбедносната состојба во Прилеп за првото полугодие 2022 година


Прилепските советници не даваат зелено светло на извештаите на полицијата за безбедносната состојба за минатата 2022 година. Ниту за полугодишниот, ниту за годишниот извештај. Според претседателот на советот Дејан Проданоски, отсуствува сериозноста за чувствително прашање кога градот се соочи со зголемено полициско присуство и со привремена управа во полицијата. Освен тоа, командирот на полицијата, вели […]

Општина Прилеп ќе субвенционира јавен превоз до оддалечените населени места


Општина Прилеп од септември ќе субвенционира линиски превоз за најоддалечените села во нашата општина. Програмата за субвенционирање на линиски превоз ќе опфаќа субвенционирање на 15 литри гориво на поминати 100 км за превоз два пати неделно, на превозниците кои ќе сообрајќаат на овие линии. „Со ова, жителите од населените места, од септември ќе имаат редовна […]

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка


АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во дватта правци. Сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.