Премиера на Мама миа во МНТ: Над 40 луѓе на сцена


Повеќе од 40 актери, танчари, пејачи ќе бидат на сцена во мјузиклот „Мама Миа!“ на Македонскиот народен театар, в недела (24 декември). Претставата е во режија на Наташа Поплавска, која вели дека по успешниот мјузикл „Чикаго“, работењето на „Мама Миа!“ за неа доаѓа како подарок. – Сметам дека со работата на Мама Миа! ќе продолжиме […]

Премиера на претставата „БААЛ“ на Охридскиот театар


Охридскиот народен театар вечерва на матичната сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведе претставата „БААЛ“ работена според текст на Бертолд Брехт. Најновата поставка на Охридскиот театар говори за борбата на поединецот со маските на општеството, за битката против лицемерието и лажните морални вредности. Зад режијата за поставката стои потписот на Андреј […]

Премиера на „Снежната кралица“ вечерва во Тетарот за деца и младинци


Театарот за деца и младинци-Скопје, вечерва во 19 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Снежната кралица“ во режија на Драгана Милошевски – Попов, по текст на Билјана Крајчевска. Катарина Илиевска Силјановска, в.д. директор на театарот, на прес-конференцијата на почетокот на неделава најави дека ова е прва претстава во новата сезона на театарот, која се подготвувала […]

Премиера на „Царот Владислав“ во струмички театар


Во Струмица на малата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, струмичкиот театар утре вечер премиерно ќе ја прикаже праизведбата на претставата „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, а во режија на Бранко Ставрев. Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот […]

Премиера на Мама Миа!: Втор лиценциран мјузикл во режија на Наташа Поплавска


Премиерата на претставата Мама Миа! во режија на Наташа Поплавска во Македонскиот народен театар ќе се одржи на 24 декември во 20 часот. Ова е втор лиценциран мјузикл по „Чикаго“, исто во режија на Поплавска. Мјузиклот Мама Миа! е еден од најпознатите наслови во музичкиот жанр, а нумерите се најголемите хитови од Шведската група АББА, […]

Премиера на комедијата „Кец на десетка“ во МНТ


Комедијата „Кец на десетка“ на авторот Митко Бојаџиски и во колективна режија вечер премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар. Во претставата играат Александар Миќиќ, Тања Кочовска, Нина Деан и Ивица Димитријевиќ. – Сите актери се фантастични и со сигурност тврдам дека имаме хит, рече на прес-конференција по повод новата премиера в.д. директорот на […]

Премиера на „Бракот е брак“ во Театар Комедија


Претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска, работена според „Просидба“ од Антон Павлович Чехов ќе биде премиерно изведена вечер во Театар Комедија во Скопје. Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката е на Енес Беговски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска. Ова […]